Аха, важи
. Иди кажи им на нашиве „не иди на овие сајтови“
. Ќе ти кажат важи, да, ама по еден месец, види history
.
Дечково изгледа не чистел USB flash мемории секој ден од машини кои немаат антивирус
.
Прашај било кој кој работи нешто поврзано со IT, без разлика дали е тоа одржување на софтвер или хардвер (а најчесто и двете, бидејќи кај нас, тоа се подразбира
, ако се разбираш од софтвер, мора да се разбираш и од хардвер и обратно
), секој ќе ти каже дека работата му се сведува на минимум половина ако на машините (зборувам за Windows) има добар AV.
Се разбира дека, ако работам приватно, повеќе ми се исплати да не исталирам AV. Ехееее, реинсталација ќе имам на месец дена
. Истите машини ќе ми доаѓаат постојано
. Можам да бидам и таков „идиот“ и тоа да го правам, да реинсталирам Windows без AV, ама, ете, имам една работа, се вика совест и не ми дозволува да го направам тоа. Наречи ме будала, ама така работам.
Имав еден случај, ми носат лаптоп, реинсталиран во некое фирмиче (знам и кое, ама нема да наведам) и као демек на луѓево (постари се, не се разбираат премногу во компјутери, лаптопот пред се им требал за да се чујат со роднини во странство, FB, нешто малку сурфање и толку) им инсталирал „оригинал Windows, специјално направен за нивниот лаптоп со оригинал лиценца“ (буквално цитирам што ми рекоа луѓево
). Знаете што имаше на лаптопот? Windows 7 Ultimate со OEM лиценца (кракувана, се разбира
), а за тоа им наплатиле... нема да пишам, само ќе пишам дека цената е многу висока. Не им инсталирале AV, не им ставиле никаков web browser (освен IE, нели), desktop празен, без Office Suite, ништо... лаптопот им е предаден, они платиле и толку. Кога се јавиле и прашале зошто лаптопот е „празен“ (морам вака лаички да се изразам
), им рекле дека они платиле само за реинсталација на Windows, а кога прашале зошто толку скапо ги чинело, им рекле дека лиценцата е оригинална и затоа толку скапо чинело. Ако сакаат и Office, ќе мора да платат и оригинал лиценца за Office, а инсталација на browser (било кој) чини троцофрена вредност (во денари)
... и за секој browser плус, по толку се наплаќа
.
Начекале луѓе кои не се разбираат и ги ошуриле. Ама, тоа е тоа... јас само знам дека јас вака не работам.