Околу форумот > Побарувања

Видливост на шемите на форумов

(1/10) > >>

Lux:
Имам предлог за администраторите,дали е можно шемите и линковите кои се постираат во темите на форумов,да не можат да се видат додека некој не се логира,или регистрира па потоа логира,со ова мислам дека форумов би имал повеќе членови а не гости,кои пребаруваат само шеми и потоа чафка патот :o позз

slidermc:
Не знам колку би било тоа добро, и ние самите некогаш од друго место може да ги погледнеме шемите без да се логираме. Или друг проблем, секој да прави акаунт како сака само заради една шемичка.

Од друга страна пак, не е убаво ние тука што правиме и се трудиме некој на готово се да си добие...

Devil:
Она што го прикачувате на форум, кога ќе се појават малите сликички долу под пораката, ако не си логиран на форум не можеш да ги видиш, односно ги гледаш во такви мали димензии
Тоа важи за се што е во атачмент

batka:

--- Quote from: Lux on 08.11.2014, Saturday, 11:00:44 ---Имам предлог за администраторите,дали е можно шемите и линковите кои се постираат во темите на форумов,да не можат да се видат додека некој не се логира,или регистрира па потоа логира,со ова мислам дека форумов би имал повеќе членови а не гости,кои пребаруваат само шеми и потоа чафка патот :o позз

--- End quote ---

Не е воопшто целта на Форумов да се криеме.Во правилата стои да се става изворот од каде се земени шемите или проектот(да се наведе изворот),ама тоа често не се прави.Од друга страна не гледам зошто би ги криеле шемите.Ако имаш некоја твоја градба,која ја постираш на Форумов,не мораш да постираш шема или пример- програмот (.hex фајлот за PIC-от).Тоа е твоја работа дали се ке дадеш комплет или нешто ќе преќутиш  8).Значи тоа е лична работа.Ако може проектот да се комерцијализира не треба да го образлагаш до детали,тоа се подразбира.Ако имаш такво нешто не треба да правиш реклама(за тоа има посебен начин - договор со Администрацијата).При логирањето на членови никој од напред не знае дали членот ке биде активен,дали се зачленил само да стави оглас (најчест случај!) или само да копира шеми.Но така се работи на сите форуми и тоа е во ред.Не гледам зошто би требало да ги криеме шемите на Форумов.

GigaWatt:

--- Quote from: slidermc on 08.11.2014, Saturday, 12:36:04 ---Не знам колку би било тоа добро, и ние самите некогаш од друго место може да ги погледнеме шемите без да се логираме. Или друг проблем, секој да прави акаунт како сака само заради една шемичка.
--- End quote ---

Една од причините поради која решивме се да биде видливо беше оваа. Само attachment-ите не може да се симнуваат ако не си логиран.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version