Аналогна електроника > Високонапонска техника

Реактивна моќност и струјомери - треба помош?

<< < (2/7) > >>

Toma:
И во социјализмот и во денешно време, вработените имаа и имат највисоки плати во однос на другите стопански фирми. Тоа кажува се.
Нема објаснување има само крадење на многу легален и суптилен начин.
Земете го изразот индустриска и струја за домаќинствата.
Ако некој има продавница за текстил во сопствена куќа каде има и парно греење мора да има посебен струјомер и да плаќа многу поскапа струја. Според мене тоа е логика на „крадец„ од кого си зависен или подобро кажано рекетиран.

bicikle:
Е па затоа ја отворив темава, пошто имам слушано различни ставови за тоал дали се наплаќа или не оваа непотрошена струја.. патем некој да објасно што е привидна моќност ?

nsu:
VA Volt-Ampere е производ на напонот и струјата односно привидната моќност.Привидната моќност ќе биде еднаква на ефективната вредност само ако некој извор на синусен сигнал е приклучен на чисто отпорен потрошувач.Потрошувач кој има само отпорност а не капацитивност или индуктивност.Во сите други случаи привидната моќност ќе биде збир на активната и реактивната моќност.

GigaWatt:

--- Quote from: MarkoMK on 27.09.2014, Saturday, 07:28:47 ---За максимална моќност се зема моќноста која ја влече потрошувачот во период од 15 минути. Значи континуирано 15 минути. Пикови и куршлуси не се сметаат за максимална моќност. :)
--- End quote ---


--- Quote from: MarkoMK on 27.09.2014, Saturday, 07:28:47 ---
--- Quote from: GigaWatt on 27.09.2014, Saturday, 06:42:50 ---Ако броилата ја мерат активната моќност, тогаш сигурно може да ја измерат и максималната моќност која ќе ја потроши едно домаќинство во текот на еден месец.

--- End quote ---
Ја немаат таа можност. Ете ако имаш дигитално броило стискај на тоа копчето и ќе ти излегуваат сите параметри кои ги мерат - прва тарифа, втора тарифа, време,... ама нема максимална моќност.
--- End quote ---

Е како може да ја немаат оваа можност, дај не зезај. Ајде, еве ќе земам еден прост пример. Еве еден график на потрошена моќност за определено време. Графикот е за мрежен напон од 120V, ама нема везе, не е важно колкав е напонот, важен е графикот на потрошувачката P во текот на еден ден.



На графикот се гледаат peak-овите кога се. Освен тоа, да бидеме искрени, се гледа дека ова мерење е правено со дигитален инструмент. Дали е струјомер, не знам, ама очигледно инструментот е дигитален.

Е сега, сакаш да ме убедиш дека новиве дигитални струјомери не може да ги измерат овие peak-ови во текот на еден ден ???. И дека 33% плус плаќаме заради овие peak-ови ???.

Дај не ме зезај, сите знаеме дека дигиталниве инструменти се попрецизни од аналогните. Може да измерат и peak во милисекунди за разлика од старите (мехнички беа, троми, не може да изреагираат толку брзо, на пример, при краток спој, куршлус... најверојатно нема да го регистрираат тоа или делумно ќе го регистрираат), а не па 15 минути од максимална потрошувачка во текот на еден ден.

MarkoMK, не сакам никој да навредам, немам таква намера, но сепак, извини, ама мислам дека EVN (или кој и да е одговорен за наплатава, никогаш не научив кој за што е одговрен, освен ЕЛЕМ, они знам дека се производство) уште си го „возат стариот воз“, т.е. си тераат „на стара слава“. Аналогните не можеа да прават некои работи, тоа било на времето, е сега, ставивме нови броила, ама ај, пак нека си биде по старо, не мора баш секој да знае дека овие новиве може да го мерат и тоа.

Не знам како да ти објаснам, ама едноставно не може да ме убедиш дека не може да измерат колкава е максималната потрошувачка во текот на еден ден ;D. GSM контролери имаат во нив, цела база може да направат во текот на еден ден, не може да измерат максимална потрошувачка во текот на еден ден во рок од 15 минути ::). Дај не ме зезај ;D.


--- Quote from: Toma on 27.09.2014, Saturday, 12:54:52 ---И во социјализмот и во денешно време, вработените имаа и имат највисоки плати во однос на другите стопански фирми. Тоа кажува се.
Нема објаснување има само крадење на многу легален и суптилен начин.
Земете го изразот индустриска и струја за домаќинствата.
Ако некој има продавница за текстил во сопствена куќа каде има и парно греење мора да има посебен струјомер и да плаќа многу поскапа струја. Според мене тоа е логика на „крадец„ од кого си зависен или подобро кажано рекетиран.

--- End quote ---

Мислам дека Toma кажа се. Без многу теоретско објаснување и тракатанци ;).

Како што пишав MarkoMK, немам намера никој да навредам, ама не можеш да ме разубедиш дека не се фаќаат „кривини“ кога се наплаќа потрошената електрична енергија ;).

MURO:
Броилата ја регистрираат само активната потрошена моќност. Пример: ако дома приклучиш чист индуктивитет со мала индуктивност на мрежата (мала индуктивност = мала импеданса = голема струја низ намотката), бидејќи напонот и струјата се фазно поместени за 90 степени нема да трошиш и нема да платиш ништо активна моќност. Но, таа струја тече низ доводот пред броилото и во проводникот поради неговата отпорност (иако мала) сепак создава загуби во вид на топлина. Ова ти не го плаќаш ама е загуба на енергија. И што е поголема реактивната моќност после броилото поголема е загубата пред броилото. Значи загуба има, посебно кај големите потрошувачи. Друго прашање е како и колку треба да се наплаќа.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version