Аналогна електроника > Високонапонска техника

Реактивна моќност и струјомери - треба помош?

(1/7) > >>

bicikle:
Прво, на форумова има збор два за реактивна и привидна моќност. Тоа е појавата кога струјата и напоното не се во фаза. Но зошто тоа е така им остстапувам место на поупатените.
Имено, тоа е енергија која навидум ја трошиме, но реално не сме ја потрошиле. Во сметката има удел 33.3%
Дали новите струјомери ја наплаќаат оваа енергија која НЕ сме ја потрошиле и како да се справиме со јаловата ПЛАТЕНА  енергија.
Оваа појава се случува кај секои индуктивни и електростатски потрошивачи, како ел. мотори кондензатори некои сијалици (класични неонки) итн.

Еве една стана каде што е опишано како да се справите со овој проблем(доколку го има)

--- Code: ---http://www.tfb.edu.mk/materials/download/ffafd470f325e0c0a9d8ac24c8861290
--- End code ---
и едно објаснување кое баш и не ми е перцепиелно

--- Code: ---http://energetskaefikasnost.info/reaktivna-moknost-zoshto-da-plakate-za-penata-od-pivoto/
--- End code ---

Старите струјомери работеа со индуктивни елементи и ја множеа струјата со напонот- каде што привидната енергија не се зема во обзир- а денешниве ???
Исто така евн има поставено кондензатори во тафостаниците за компензација но..... ?

MarkoMK:
Тоа 33,3 % нема врска со реактивна моќност. Тоа е ангажирана моќност, и се плаќа паушално (одреден е некој просек) затоа што обичните броила немаат можност да ја мерат таа моќност, додека кај идустриските (или т.н. пет-амперски броила) таа моќност се мери и се наплаќа - кај нив нема 33 % во сметката туку се наплаќа по киловат ангажирана моќност во месецот. Инаку ангажирана моќност е максималната моќност која потрошувачот ја повлекол од мрежата во текот на еден месец.

Што се однесува до реактивна и активна, обичните броила мерат само активна, а не и реактивна енергија.

GigaWatt:

--- Quote from: MarkoMK on 27.09.2014, Saturday, 06:21:32 ---Инаку ангажирана моќност е максималната моќност која потрошувачот ја повлекол од мрежата во текот на еден месец.
--- End quote ---

Ако може ова да го дообјасниш, бидејќи не ми е баш нај јасно. Што точно се подразбира под потрошувач? За мене потрошувач е било кој електричен уред кој не произведува електрична енергија. Ако не произведува, троши, трето нема. Мислиш на претплатник (домаќинство)?

Ако броилата ја мерат активната моќност, тогаш сигурно може да ја измерат и максималната моќност која ќе ја потроши едно домаќинство во текот на еден месец.

И зошто таа да биде 33.3% плус од цената на сметката? Не ми е јасно од каде баш оваа цифра доаѓа. Ај, да беше, 2, 3%, ОК, ама 33% :o. Не ми велгува во глава.

И што точно се подразбира под тоа максимална моќност. Се знае кога портошувачката peak-ува, при краток спој ;D. Ова е некој паушал кој се плаќа за крушлуси во домаќинствата ;D?

MarkoMK:

--- Quote from: GigaWatt on 27.09.2014, Saturday, 06:42:50 ---Ако може ова да го дообјасниш, бидејќи не ми е баш нај јасно. Што точно се подразбира под потрошувач? За мене потрошувач е било кој електричен уред кој не произведува електрична енергија. Ако не произведува, троши, трето нема. Мислиш на претплатник (домаќинство)?

--- End quote ---
Па бидејќи се работи за дистрибутивна мрежа под потрошувач подразбирам домаќинство, дуќан.. што и да е. Секако не одам на ниво до пегла или шпорет  :) :)


--- Quote from: GigaWatt on 27.09.2014, Saturday, 06:42:50 ---Ако броилата ја мерат активната моќност, тогаш сигурно може да ја измерат и максималната моќност која ќе ја потроши едно домаќинство во текот на еден месец.

--- End quote ---
Ја немаат таа можност. Ете ако имаш дигитално броило стискај на тоа копчето и ќе ти излегуваат сите параметри кои ги мерат - прва тарифа, втора тарифа, време,... ама нема максимална моќност.


--- Quote from: GigaWatt on 27.09.2014, Saturday, 06:42:50 ---И зошто таа да биде 33.3% плус од цената на сметката? Не ми е јасно од каде баш оваа цифра доаѓа. Ај, да беше, 2, 3%, ОК, ама 33% :o. Не ми велгува во глава.

--- End quote ---
Па точно незнам како е дојдено до таа бројка, ама законски е утврдена (уште од времето на Електродистрибуција). Сигурно е некаков просек земен, незнам.


--- Quote from: GigaWatt on 27.09.2014, Saturday, 06:42:50 ---И што точно се подразбира под тоа максимална моќност. Се знае кога портошувачката peak-ува, при краток спој ;D. Ова е некој паушал кој се плаќа за крушлуси во домаќинствата ;D?

--- End quote ---

За максимална моќност се зема моќноста која ја влече потрошувачот во период од 15 минути. Значи континуирано 15 минути. Пикови и куршлуси не се сметаат за максимална моќност. :)

Unforgiven:
Јас како што знам во домакинствата се плака вкупната мокност т.е. привидната, иако по правило би требало да се плака само активна. Додека кај фабриките и дргите објекти кои плакаат индустриска струја си има посебно броило за активна и реактивна мокност и си плакаат и за двете посебно, со тоа што мислам дека на реактивната има и некој куп даноци

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version