Останато > Алат

Каде да си го закачам врист-от???

(1/1)

Bojan:
си добив гага врист (анти статичка нараквица) и сега се чудам кај да ја закачам...би предложиле ли да ја закачувам на штекерот на фазата (се зафркавам, мислам на заземјувањето) или па да тегнам жица од водоводна цевка???

LordZi:
Можеш и таму и таму, ако те мрзи да тегнеш жици од најблиската водоводната цевка, со крокодилка закачи го за заземјувањето од штекер и бркај работа (и провери дали нараквицата има вградено заштитен отпорник, ако нема стави му).

BorceBT:
Најчесто инсталацијата за парно има лошо заземјување, поготово ако не е активна. Водоводната инсталација е подобро заземјена а заземјувањето во штекерот е најдобро но сепак треба да се провери, мислам дека имаше некаде на форумот шема за проверка на заземјувањето.

batka:
Најдобро е да ставиш заземјување на водоводната цевка,поготово ако си во зграда.На заземјување на штек не е препорачливо,затоа што често нулата е врзана од *мајсторите* на заземјувањето(Прават * нуловање* по зградите,за да је трошат трака за заземјување! >:(). Убаво е да најдеш и антистатик подлога кога работиш на работна маса.

Navigation

[0] Message Index

Go to full version