Електронски уреди > Бела техника

Проблем со машината за перење алишта Beko WMD 77107

(1/2) > >>

mickoskimiki:
Здраво,

Ми треба помош. Проблемот е следен. Сабалје начекав паднат осигурач од wc-то. Почнав со изолирање на проблемот и дојдов до заклучок дека веднаш штом машината за перење алишта ќе биде уклучена во струја успева да го собори соодветниот осигурач. Уклучена во струја значи напонскиот кабел влегува во штекот. Не ни стигам до PowerON копчето. Значи осигурачот и штекот се изолирани, не е кај нив проблемот, проблемот лежи во машината за перење алишта.

Може ли мислење што проблем кај машината за перење алишта доведува до паѓање на осигурач. Претпоставувам дека е нешто околу струјниот кабел внатре во пералната, може нешто се има откачено. Од надвор е добар, не е прецвикан.

Благодарам,

batka:
Провери го прво РСО филтерот, на самиот влез на кабелот за напон.Второ,иако си нов член ,сепак прво прочитај ги правилата - насловот може да биде Проблем со машината за перење.Тоа * перална * е веројатно локален сленг,а она* го бутка осигурачот * нека не стои во насловот.Тоа го опиша во побарувањето.Преправи го насловот.

bicikle:
пиши барем дали е со програматор или со процесор...
Претпоставува дека е од поновите со процесор, па почни од напојувачкиот дел, најверојатно има прво некое смпс на влезот со иц или транзистор, провери го трафото и еми филтерот, па потоа оди натака

batka:
Добро е, го поправи насловот.Сега,уште една замерка - не пиша воопшто ниту марка,модел,производител на машината за перење.Ако е постара машината чест квар е во филтерот за РСО,во метално кукиште како електролитски кондензатор со 4 изводи.Често знае и да пукне како петарда. 8).Извади го кабелот од штек и со омметар провери дали дали  е во краток спој.Тргни од кабелот, иако изгледа цел и во ред.Потоа отвори ја машината и оди по ред.Ако е со процесор и СМПС ,господ на помош и носи ја во сервис.

MarkoMK:
батка е во право. Провери го тој филтерот, 99% е до него. Кај мене дома го имав истиот проблем, а исто така и на уште 2 машини што ги поправав. Беше експлодиран :) сега незнам точно за што служи, претпоставувам да не прави пречки назад во мрежа кога уклучува/исклучува моторот. Јас го извадив кај мене и си работи без него  ;D ;D (го преспоив директно)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version