Author Topic: Помош за враќање на податоци од HDD Hitachi Deskstar HDT722525DLAT80  (Read 1617 times)

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
Помош за враќање на податоци од HDD Hitachi Deskstar HDT722525DLAT80
« Opened on 25.04.2014, Friday, 14:50:53 (Edited 26.04.2014, Saturday, 07:29:29) »
Сакам да ве прашам нешто поврзано со хард диск од компјутер. Дали плочите од еден хард диск(кој што е расипан т.е прегорен степот) може да се префрлат на друг и при тоа да се прочитаат податоците од него?

loading...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: помош за хард диск
« Reply #1 on 25.04.2014, Friday, 15:31:52 »
Зависи, некогаш да, некогаш не. Понов или постар HDD е? Бренд и модел? Имаш таков идентичен исправен хард диск на располагање?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
Одг: помош за хард диск
« Reply #2 on 25.04.2014, Friday, 19:46:16 »
Се работи за Hitachi deskstar, model: HDT722525DLAT80 . Иначе немам сличен модел :)

го проверив степ моторот си работи, најверојатно нешто електроника (драјверите) зафркаваат.

Може ли некако да се врати во живот? :D
loading...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: помош за хард диск
« Reply #3 on 25.04.2014, Friday, 23:18:17 »
Барај исти таков со исправна електроника (ако е електрониката во прашање) .Ако ХДД тропа при вртењето откажи се од спасување.Ако имаш ептен важни податоци може да се проба ,ама  без гаранција и тоа чини прилично.Не се занимавам лично со тоа.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош за враќање на податоци од HDD Hitachi Deskstar HDT722525DLAT80
« Reply #4 on 26.04.2014, Saturday, 07:37:12 (Edited 26.04.2014, Saturday, 20:41:17) »
Може ли некако да се врати во живот? :D

Го чита при POST? Држи го во рака кога ќе го пушташ PC-то и види дали откако ќе почне да врти, пред да POST-ира BIOS-от, дали се затресува (завибрирува). Ако завибрирува, му има спас, ако не вибрира... провери дали ротира дискот. Ова лесно се проверува со ротирање во простор на HDD-то кога ти е во рака. Ако пружа отпор, дискот ротира, ако не пружа, не ротира.

Ако не ротира... најчести се две сценарија. Или се случил head crash или е изгорен моторот.

Прво провери ги оние работи кои ти ги пишав горе, па потоа ќе разгледуваме што точно може да биде проблемот и како (и дали) може да се реши.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
нема никакво вибрирање при вклучување на напон на хард дискот. го отворив, приклучив и видов дека не вртат плочите.
го направив следново и заклучив:
-го извадив моторот што ги врти дисковите и со униметар на излзите ги покажува седните отпорности најизменично (3,4,5 Ohm), му пуштав напон директно на моторот најизменично на излезите, ротира по малце - што мислам не е изгорен моторот.
-при изваден мотор го приклучив под напон на излезот од плочката каде што е поврзан моторот не доага никаков напон (пробав на друг хард тој се менува т.е униметарот го регистрира,што мислам дека истото треба да се случи и на овој харддиск, знам тој треба така да се менува заради степ моторот)

loading...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Хардот внатре е под вакум,ако си го отворил внатре ,кај плочите,кажи му збогум веќе!Не се замарај непотребно.Ако имате вредни податоци редовно правете си backup,друга заштита од губење податоци нема.

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
не сум знаел тоа е тоа :)
loading...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
 :D :D Па,мораме така да викаме- во вакум!  ;D Иначе ке чепкаат и дури ке пробаат со *сјај* да ги чистат плочите.Дефинитивно - во домашни услови никако отворање хард диск!  ;) :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
нема никакво вибрирање при вклучување на напон на хард дискот. го отворив, приклучив и видов дека не вртат плочите.
го направив следново и заклучив:
-го извадив моторот што ги врти дисковите и со униметар на излзите ги покажува седните отпорности најизменично (3,4,5 Ohm), му пуштав напон директно на моторот најизменично на излезите, ротира по малце - што мислам не е изгорен моторот.
-при изваден мотор го приклучив под напон на излезот од плочката каде што е поврзан моторот не доага никаков напон (пробав на друг хард тој се менува т.е униметарот го регистрира,што мислам дека истото треба да се случи и на овој харддиск, знам тој треба така да се менува заради степ моторот)

Изгледа IC-то за степ моторот е изгорено.

Сликај ја плочката од страната на интегрираните кола, можеби ќе најдеме datasheet за колото за генерирање на импулсите за ротирање на моторот. Прво треба да се провери дали доаѓа напон до колото. Ако не доаѓа, значи нешто во напојувачката секција од плочката не е во ред, а не со колото. Ако доаѓа напон, а колото сепак не генерира имуплси, значи дека колото е отидено. Но, по ред, прво да дознаеме дали доаѓа напон до напојувачките пинови од колото.

Хардот внатре е под вакум,ако си го отворил внатре ,кај плочите,кажи му збогум веќе!

Не е под вакум, имаат breathing holes. Не смее да биде под вакум. Мора да се менува внатрешниот притисок со промената на надворешниот (атмосферскиот). Кај старите, се гледаа, најчесто се наоѓаа од горната страна (капакот) на HDD-то. Кај новите HDD-иња, овие дупки се скриени под плочката, кај игличните контакти за главата. Пластичнот дел кој ги држи овие контакти има мало дупче на него кое е покриено со тенок слој од онаа тенкана хартија што личи на платно.

Хардот не е под вакум, напротив му треба атмосфера за да работи правилно. Можно е некои специјални хардови наменети  за огромни надморски висини (над 10000 метри) да се вакумирани.

Сите мора да имаат breathing holes. Не може да немаат. Дури и тие наменети за работа во вселенски бродови мора да имаат. Може да имаат определени специјални делови за постабилна работа, поквалитетна изработка, ама мора да имаат breathing holes.

Дефинитивно - во домашни услови никако отворање хард диск!  ;) :)

Јас успешно имам вратено податоци од отворени HDD-иња во домашни услови. Тајната е во следнотото: биди многу многу претпазлив. Дури и да ти падне прашинка на плочите, не е проблем, при приклучување на дискот под напон, плочите ќе почнат да ротираат и ќе ја тргнат таа ситна прашинка на страна. Тоа не е толку голем проблем. Но дефинитивно НИКАКО, ВО НИЕДНА СИТУАЦИЈА не смее да се допрат плочите. Ако ги допрете, толку, тоа е тоа, кажете им bye bye на податоците ;D.

Се разбира, тој диск веќе не смее да се користи. Тој диск е отиден, кажи му збогум. Еднаш отворен диск е веќе неупотреблив. Поентата е да се вратат податоците назад, инаку, дискот веќе не смее да се користи... освен како материјал за вежбање ;) ;D.

@DS: Ако си го отворил HDD-то и ако си ги допрел плочите со раце, толку е, не го пробувај тоа што го пишав погоре. Џабе ќе пробуваш, нема поента. Заборави ги податоците, поплачи си ако ти е полесно и продолжи со животот ;D.

И да, и јас се сложувам со изјавите од alek99 и batka, backup  е најдобра заштитa ;). Само што повеќето луѓе мислат дека ако купиле нешто ново дека нема шанси да се зезне. HDD е многу деликатна работа. Може од глупост да се зезне. А освен тоа, повеќето HDD-иња кои се монтираат во комерцијалните уреди се со понизок квалитет на изработка. Најдобар пример за ова е Caviar Green серијата на WD. Немојте да сте купиле случајно ваков диск, овие дискови се расипуваат на random од најразлични причини и кваровите не им се типизирани. Некогаш е глава, некогаш е мотор, некогаш е електроника, некогаш... едноставно не знаеш што е. Типичен пример за лоши дискови се WD Caviar Green. Најчесто ги има во оние Verbatim екстерни HDD со додатно напојување, така да, избегнувајте ги Verbatim есктерните HDD со додатно напојување (3.5" дискови со екстерно напојување). Знам дека цената им е примамлива и дека се евтини, ама ни за backup не би ги користел, а камо ли цело време да го шетам дискот од едно на друго место.

Општо, WD веќе не важат за top rated дискови. Порано, до пред 10-тина години, можеби, ама веќе не. Сега гледам Toshiba и Hitachi се прилично добри и издржливи ;). Ако сте во можност, вакви купете си ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Во пракса сум пробал неколку пати да спасувам податоци од вакви дискови,ама само во 2-3 случаи сум успеал(делумно) да на најмалку две места да чувате ептенспасам нешто.Тоа е апсолутно несигурна работа;Сум имал случаи кога луѓе плажале за спасување податоци тешки пари.Еден карактеристичен случај е дека спасивме десетина фотографии од еден хард,со тоа што мораше да уништиме друг.Сепак тоа е долготраен( и скап) процес и во последно време некако и муштериите се научија на УСБ или на ЦД да си ги зачувуваат оние работи кои им се важни.И уште една работа,препорака е не на едно, туку на најмалку две места да си чувате ептен важни податоци.А ова за сјајот и чистењето е жива вистина ,тоа сме го доживеале!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Така така во домашни услови многу тешко да ти успее спасување на информациите.Ми донесоа од Германија како демек поклон 250 гигабајти хард диск надворешн многу информации имав на него преврлено.Не го шетав којзнае колку со мене.И еден ден да го ставам ми прегоре.Се слушна зуење и престана да врти.Го уклучив повторно почна да врти и застана значи ќе почне да врти и застанува.Го отворив и го испопипав со прсти значи информациите од плочите отишле во неповрат така ми рекоа.После тоа со плочите си играв фризби. :D :D :D ;).Во секој случај многу нови работи дознав од Гигават и Батка дознав и тоа што не го знаев за хард дисковите.Секоја ви чест и на двајцата чим сте успеале барем од некој хард диск да спасите информации во домашни услови.Браво.Сепак да се согласам со вас со backup е најсигурно.Затоа редовно да се прави backup. :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 489
  • Gender: Male
  • ак сакам.
    Јас еднаш успеав, од Maxtor да повратам податоци...среќа пред да го расклопам, ја отворив електрониката. Изгорен беше драјверот за моторот. За среќа најдов исти таков нашкола од стар хард, и проработи, дури го користев уште некое време додека не се снајдов.
   Додека ако е друг дел од електроника, или моторот (мора да се отвори) е многу по тешко. Мада шо имам другар од тоа живее, има луѓе спремни се многу пари да платат :)

Иначе Гига, јас имам Caviar Blue, исто сра*е е...собирам пари да го сменам, кај и да е осеќам ќе откаже :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Blue-то не се толку лоши. Green-от се... тешки катастрофи :S. Ако веќе купуваш WD, купи од Black серијата ;). Но, искрено, мислам дека не вредат ни Black-от за парите и дека подобро ќе поминеш со некој Hitachi или Toshiba кои се поевтини, но, од моето досегашно искуство, подобри ;). WD сега само реномето го имаат, ништо повеќе од тоа. Одамна не се лидери во квалитет на дискови.

И, уште еден совет. Симни некој програм за мерење на температура на HDD (ги има повеќе). Ако при нормална работа дига над 45, 50 степени, задолжително стави му кулер. Волкави температури при нормална работа може да издржат само SCSI дискови за професионална работа (во превод, дискови наменети за сервери или storage), а толкава температура дигаат бидејќи најчесто работат на 10.000 RPM. Нормални дискови, за масовна потрошувачка, не поднесуваат добро високи температури. Е сега, ќе го чистиш малку почесто, ама барем нема да горат компоненти на него ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4042
  • Gender: Male
И тие што се наменети за 10000м надморска висина не се вакуум-него имаат намален притисок и нешто како експаанзициона комора- поради притисоко. Може да е драјверот за степерот-во најдобар случај. Сепак ќе ги прочита било која кутиа за хард диск, ако ја прилагодиш на секторите на плочите. Секако треба да се внимава на пресадувањето. Ова што го споменав воопшто не  едноставно, значи треба да ги прилагодиш секторите, а тоа повлекува прилагодување на кешот од хдд, прилагодување на рпм, прилагодување и синхронизација на магистрала. Или во кратки црти, нова електроника, само дисковите ќе ти останат. И да имаш идентична електроника, секоја плоча има недостапен дел каде што е впишан код(мислам дека не може туку-така да се смени) кој одговара на само една и единствена електроника. Значи ќе треба и тој код да го пробиеш... патем 10 денари е двд во најблиската трафика...