Author Topic: Туторијал за самостојно премотување на прегорен звучник  (Read 2537 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Иако темата е добра, топло ви препорачувам звучник кој не сте го платиле помалце од 200 евра да го фрлите в канта.
Имам гледано некои мајстори ги сечат амортизерот и спајдерот а потоа ги лепрат со неостик, пошто некои амортизери ако им ставите нитро едноставно се распаѓаат- таков им е материјалот.
Уљениот разредувач остава флеки.
Некогаш помага ацетон(ама оригинал, не органски) помешан со бензин 1:1 добро одлепува. Калота да преправиш навистинае уметност,  за димензии најдобро од старата да се земат.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
Некогаш помага ацетон(ама оригинал, не органски)
А ацетонот да не е неорганско соединение? ;D ???
Извинете за оф топик...  ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Иако темата е добра, топло ви препорачувам звучник кој не сте го платиле помалце од 200 евра да го фрлите в канта.
Имам гледано некои мајстори ги сечат амортизерот и спајдерот а потоа ги лепрат со неостик, пошто некои амортизери ако им ставите нитро едноставно се распаѓаат- таков им е материјалот.
Уљениот разредувач остава флеки.
Некогаш помага ацетон(ама оригинал, не органски) помешан со бензин 1:1 добро одлепува. Калота да преправиш навистинае уметност,  за димензии најдобро од старата да се земат.

Нема потреба од фрлање.Ништо не се сече,се се одлепува и тоа само со нитро-разредувач кој е поефтин од ацетонот.Не препорачувам и уљен разредувач,не заради флеките,ама поспоро одлепува од нитрото.Реков дека само амортизерите од пресуван сунгер се проблематични ( неопрен мислам се вика материјалот),ама во  некои случаи се заменуваат со гумени.И пак на крајот-ако е од hi-fi кутија звучникот и вреди да се прави,купете си кит за репарирање.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
И јас порано премотував звучници пред некои 5-6 години.Имам сеуште моталица ама бројчаникот ми е изваден ми требаше за друго.Звучниците ги одлепував со нитролин разредувач. Сунгерестите амортизери треба претпазливо да се става нитро на нив  само на залепениот дел зашто ке се набабри амортизерот но по  1 час се враќа во првобитна состојба одкога ке се одлепи ако не се тегне додека се одлепува. Ке ви нагласам мотан звучник никогаш нема да свири исто како фабрички треба ептен се да е исто дури и жицата ептен да ја погодиш но ако вреди звучникот правете го а ако не вреди не губете време по него.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овие сунгерести амортизери најдобро е механички,полека да се вадат со минимална употреба разредувач.И друг штос- пред вадењето шкртнете некоја цртица на амотризер,мембрана и телото да ја знаете првобитната положба.Друго,овие сунгерасти амортизери од сонцето што ги грее стануваат крти и просто се ронат.Тука нема спас ,освен замена со гумени амортизери.Само звукот се менува- надоле. 8)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Туторијал за самостојно премотување на прегорен звучник
« Reply #20 on 23.04.2014, Wednesday, 08:58:09 (Edited 23.04.2014, Wednesday, 11:10:56) »
Колеги да се надоврзам на вашите коментари и одговори.

-Добро е да добиете знаење за репарирање на звучници, ваква тема скоро и нема на ниту еден форум во кој е објаснет поконкретно начинот на попрафка на басови и високотонци,тоа што го гледате на youtube е само дел за поправка на звучник а поконкретно некои ЦАКИ му се намерно изоставени,(одлепување,формули,книга за котурчето,висина и тн.)

-"Батали ова нема да добиете исти звук"

-Може нама да добијате скроз исти звук ако измерите некои параметри на премотан звучник со одреден уред,но ако се потрудите и му влезете во штос на репарирајњето, вашето уво нема да разликува дали е фабрички или е репариран,ја има потребната јачина и што уште, ако знаете да го користите лепакот солидно,нема и вашето око да го препознае тоа кое сте го поправиле,помејгу 3-4 исти звучници ќе се запрашате кој беше.

-Дали е исплатливо да премотате некој звучник кој вреди 500 денари или 200 евра.
-секако дека е,како прво полесно е да поправиш звучник кој е поголем во обем него помал,полесен е за работа,и сигурно нема да го фрлите и оној од 500 денари зошто матријалот за поправка вреди не повеќе отколку изгорениот звучник,и колку звучници ќе поправите со тоа што ќе ви остани?




Споено мислење: [time]23 Април 2014, 08:24:05[/time]
Батка би сакал да те прашам: колква треба  да биде должината на  намотка,на котурчето што да измерам па да ја намотам,доколку жицата од котурчето која ја вадам биде растурена и неможам да ја измерам неговата должина. еве слика што сакам да прашам.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Би требало да биде максималната должина при која со конус во максимална долна положба нема да допира до делот од магнетот под калемот...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Притисни ја мембраната до доле,стави го новиот цилиндар и притисни го надолу до дното.Потоа извади го отприлика 2-3 мм над крајната точка и стави маркер до каде.Исто така  лист хартија  стави го во процепот на магнетот и измери ја максималната висина на отворот за калемот.Одземи половина сантиметар и добиј ја висината на калемот.Кога е мембраната на звучникот  во мирување , горната ивица на калемот треба да биде рамна со отворот на магнетот.Целиот цилиндар треба да излегува од отворот спајдерот да мине низ отворот на мембраната и да биде 2-3 мм над тој отвор.Тој се лепи на спајдерот и на мембраната.Мислам дека јасно напишав.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Туторијал за самостојно премотување на прегорен звучник
« Reply #23 on 24.04.2014, Thursday, 21:04:59 (Edited 24.04.2014, Thursday, 21:19:02) »
Еве премотување на високотонец, тоа што го напишав и го реализирав сликовито токму навреме дојде звучник со прегорен високотонец.

-Парче од лименка одстранета бојата

-пресечено парче по мерка,готово за на калап (калапот е широк колку централниот дел од магнетот и направено еден круг со книга од календар оној дебел заден лист и обложен со прозирно лепило за лесно извлекување на котурчето после мотање.)

-Пресметка и намотување на 1 ред намотки и премачкан со тенок слој неостик,потоа намотан втор ред намотај и одозгора премачкан со дво компонентно лепило тенок слој.

-Исчистен стариот калем со нитро, залепен новиот во центар и на крај проба -секако добивме чисти пријатни и не зрнести високи тонови,во споредба со другиот здрав фабрички звучник и високотонец на слух не може да се разликува кој е кој.

-Ако има прашање слободно поставете,критика пофалба се е тука а на грешките често се учи ПОЗЗ.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Бравос, убаво сработено, некој бил вреден не само теоретски туку и практично.

Ова е компресионен драјвер така?

Според она што сум го читал, и го пишува во многу петенти за звучници на интернет, е дека подобро е да не е споен целосно алуминиумскиот цилиндар, за да спречи создавање на едди струи.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Незнам за такви струи немам прочитано,но јас вака правам,го мерам централниот дел со шублер,го множам со 3,14+1 и кога ќе го завиткам парчето на калап не се спојува има 1мм растојание.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.