Околу форумот > Побарувања

Предлог за банирање

(1/2) > >>

KiloVolt:
Вака, како што знаат админите, банирани се членовите beethoven и Atanas, е сега, банирани се по IP од сите места каде што се најавувале, вклучително и IP-то од училиштето, значи ни јас не можам да го гледам форумов. Предлогот ми е, кај банираните адреси, да се појавува нешто како почетна страна, само за најавување да има, сите други работи да бидат оневозможени, ако се најави некој со валидно корисничко име и лозинка, да го отвори форумов, ако не, да биде однесен на соодветната адреса. Со овој предлог мислам дека ќе биде решен проблемот со користењето на групни IP адреси. Благодарам за разбирањето ;D
П.С. Секако, да се оневозможи опцијата на регистрација на корисник...
---------------------------------------------------------------------------------------------------
За да се спречи сценариото: правење профил кај другар => логирање со тој од дома; Предложувам оваа опција да биде достапна слично како и делот со огласите (Продавам/Купувам), т.е. со стекнување на повисок ранг, што секако нема да може да се постигне со логирање од кај пријател  (кој ќе те остави од кај него да си пишуваш ти над 100 пораки, мислам никој, барем според досегашно искуство ;) )

Devil:
Предлогот ти е имплементиран од претходно, за жал кога биле банирани, не беа вклучени соодветните филтри, ќе го средиме проблемот.

А за ова второто, прочитај што напиша, размисли убаво што сакаше да напишиш.
Како некој би стекнал ранк кога нема да може да се регистрира (да си направи профил) за да може да стекне ранк со кој би можел да си направи профил ??!

KiloVolt:
Грешно ме свати, значи се мислеше на тоа со почетниот екран, на создавам јас овде бескрајни парадокси ;)  ;D Тоа беше само надоврзување на првото, значи тој, почетниот екран да ги филтрира членовите со повисок и понизок ранг, едните да ги пушта другите не. Ако не биде така, а она првото биде имплементирано, тогаш ќе има членови, направиле профил од друг IP и сега го поминуваат почетниот екран...

batka:
Батка.Киловолт,твоиве размислувања се граничат со некои други размислувања од типот * игри* - собираме поени за да преминеме во следно ниво. Освен што не си јасен ,не труди се да ни објасниш.Проблемот со IP ке се реши,само не гледам никаква смисла да се жалиш што * од училиште* не си можел да се јавиш? Дали на училиште одиш да учиш или да се јавуваш на Форум?? Значи,подобро на училиште оди и учи,а јавувај се од дома? Што е тука проблем??? Не можеш смешни слики или вицови да ставаш од училиште? Па,тоа не е загрижувачки,ке почекаме за тоа додека дојдеш дома.
Споено мислење: 17.04.2014, Thursday, 22:21:21А ако иницираш дека двајцава твои банирани другари направиле профили од други IP ,за да се приклучуваат на Форумот со други ник-ови,само да знаат дека ако бидат фатени ке бидат доживотно банирани.Имавме такви случаи.

KiloVolt:
Мислев да се реши проблемот со банирање на цела IP, со што некои од членовите ќе "настрадаат", но идејата како идеја, со себе повлече други работи и така стана вака како што е.
- мислев како некои да можат да пристапат, а некои не од банирана IP, и ја добив идејата да се појавува некоја страна која што ќе ги пропушта на форумов само валидните корисници.
- тоа со себе повлече нов проблем- еве сега ќе го зафркнам системот, ќе ми направи некој услуга, или ќе појдам во компјутерница, ќе си направам валиден профил и ќе се логирам со него од дома. Тоа како такво ќе треба да воведе "втора линија на одбрана" - со ранг. Да има граница од 100-150 поени над која корисникот ќе може да пристапува од банирана IP. Мислам дека сфати за што зборувам...

--- Quote ---Дали на училиште одиш да учиш или да се јавуваш на Форум?
--- End quote ---
Ако одам на Хемија и учиме за органски киселини или поправаме (јас имам 5, не ми треба поправање ;) )
Ќе го искористам времето за да разгледам и научам нешто на форумов, исто и на Англиски... Да не ве замарам повеќе..

--- Quote ---* игри* - собираме поени за да преминеме во следно ниво.
--- End quote ---
Ја немаш сфатено замислата, прочитај погоре. ;) Не е следно ниво туку "одбрана" од потенцијално нови профили на проблематични членови.

--- Quote ---ако бидат фатени ке бидат доживотно банирани.
--- End quote ---
Значи да им пренесам да почекаат- се шалам, подобро е без караници ;)

--- Quote ---Имавме такви случаи.
--- End quote ---
Делија.... ::)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version