Author Topic: помош за скретница за ПА звучници  (Read 3284 times)

Offline vek

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
имам 2 15ки јбл 600 вати р.м.с. и хорни 80вати р.м.с.
помогнете како да составам скретница за хорните,да биде над 1,500 херци

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Првин мораш да ја знаеш импеданцата и отпорот на звучниците. Измери ги со унимер.

Offline vek

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
15те се 5,2 оми а им писува дека се 8оми а за хорните не знам колку се точно зосто не ми се тука а инаку писува дека се 8оми

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: помош за скретница за ПА звучници
« Reply #3 on 12.04.2014, Saturday, 23:43:56 (Edited 13.04.2014, Sunday, 03:41:16) »
Користи го отпорот кој си го измерил ти лично. Внеси го во калкулаторот според свртницата која ти е потребна.

Code: [Select]
http://ccs.exl.info/calc_cr.html

Offline vek

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
фала за помоста само како да го направам калемот на пример 1,4854 сто значат овие бројки? и овие 3?
Linkwitz-Riley
Butterworth
Bessel

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Quote
1,4854 сто значат овие бројки?

Не си напишал мерна единица но веројатно се мисли на милихенри.

Quote
Linkwitz-Riley
Butterworth
Bessel

Овие се типовите на топологија за пасивна свртница. Користи го Linkwitz-Riley 12db на пример, со што ке го завртиш високотонецот во обратен поларитет - во овој случај хорната.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова би важело за hi-fi  звучници,за ПА има други критериуми.Кои се  моделите на 15 ките и хорните ? Податоците кои ги даваш не се доволни за било каков конкретен одговор.Која снага е појачувачот со кој ке работиш?

Offline vek

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Одг: помош за скретница за ПА звучници
« Reply #7 on 13.04.2014, Sunday, 15:16:14 (Edited 13.04.2014, Sunday, 15:22:48) »
појачалото е crown  CE1000 тоа е 2x450w на 4ома 15те се јбл 2226h а хорните се најверојатно чкарт марка BTS со 75мм намотка

Споено мислење: 13.04.2014, Sunday, 15:22:48
казете ми како да го направам калемот? 1,4854mH сто знаци ова? колку кругови треба да направам,колкав диаметар и колкава дебелина за зицата?

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Quote
казете ми како да го направам калемот? 1,4854mH сто знаци ова? колку кругови треба да направам,колкав диаметар и колкава дебелина за зицата?

1,485мH е индуктивноста на калемот изразена во милихенри, инаку за намотките дијаметарот и останатото можеш да пресметаш со некој калкулатор на нет или ако е  воздушен калем  можеш според формулата L=Mo*N^2*s/l  каде што Mo =4П*10’‘-7, за S и l можеш да земеш некои вредности а за бројот на намотките можеш да изведеш формула.  ;) :)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: помош за скретница за ПА звучници
« Reply #9 on 13.04.2014, Sunday, 20:16:25 (Edited 14.04.2014, Monday, 11:47:17) »
Еве неколу линкови со веке одработени теми за свртници

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1973.0

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3663.0

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3192.0

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6216.0

Иначе Crown CE1000 е одлично појачало! Со препорака.

Еве димензии за  оригинална кутија за твојот бас,а тука се и некои предлози за свртници.JBL користи L-pad за корексција на високите ,а за заштита со сијалици има оригинална шема од нив ,каде се користат две сијалици во серија 12V21W, а може да се користи и само една 24V21W( или појака),како заштита на хорната.Сепак ,ако набавиш хорни може конечно да се среди свртницата.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Басот во ТР125 е м115-8, не е 2226h. Оваа предложена свртница е наместена на 800Хз, веројатно тој модел на Ботс ке може да свири под 1000Хз.

Наједноставно решение ти е со еден кондензатор на хорната од 10 микрофаради 100волти, и сјалици како заштита од сликата на батка.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: помош за скретница за ПА звучници
« Reply #11 on 25.04.2014, Friday, 02:41:17 (Edited 25.04.2014, Friday, 02:49:46) »

Наједноставно решение ти е со еден кондензатор на хорната од 10 микрофаради 100волти, и сјалици како заштита од сликата на батка.

Јас би ве замолил вакви совети од мал мозок да не делите. Не е ова појацалце за дома од 20 вати па кје му ставиш кондензатор на високотонецот.
Ова што го советуваш си го пробал некогаш со 450 вати?

ЈБЛ 2226 е исклучително добра 15ка. Ако е во оригинална состојба ти имаш потенцијал да направиш одлична ПА кутија.

Тоа со што ти имаш проблем е огромен недостаток на знаење за тоа да го направиш.
Може овде кој што сака да пишува но... скретница не се прави ни со формули, ни со онлине или незнам какви калкулатори. Тие служат чисто како почетна информација од каде да почнеш со работа.
Без акустички мерења на 15ката и високотонецот секој резултат ќе биде мо најдобар случај половичен.

Ниту еден високотонец пред се немозе да издржи ни половина од декларираната сила со 6 децибели по октава скретница како што ти предлагаат. Значи со еден кондензатор.
Не постои производител што препорачаната најниста резна фреквенција ја изразува со 6 децибели скретница. Туку со минимум 12.

Вие овде сите заборавате неколку многу битни работи.

Ниту еден високотонец нема рамна фреквентна карактеристика. Истата во графиконите прикажани од производителот се добиени со меренја на високотонецот во некоја хорна која обично е наведен моделот.
Во било која друга хорна графиконот кје биде друг. Понекогаш и драстично различен. Кје ставам во прилог два графикона од ист високотонец во две различни хорни. Чисто за илустрација.

Во случајов имаме непознат високотонец во непозната хорна. Немаме представа каква фреквентна карактеристика имаме ниту колку децибели високотонецот е погласен од 15ката. И во кој дел е колку погласен.

Добра скретница нема само улога да го подели спектарот на бас и високотонец, туку и да ја корегира фреквентната карактеристика на високотонецот. Плус да го атенуира високотонецот.

Во случајов ( всушност во скоро сите слуцаи овде на форумов) сите рачунате само на колку херци да се подели спектарот. и толку.
Тоа е наједоставниот дел од правењето скретница. Ама тоа не е она што го дава резултатот.
Како двете компоненти ќе се среднат е пак трета приказна. Во најчест случај добра скретница никогаш не е 12дб на ЛФ и 12дб на ХФ.

Дали треба да е LR или BW пак е четврта приказна и тоа само мерење може на ни го покаже.

Така да мој совет ти е да си најдеш некој што кје знае да ти направи скретница.

За тие снаги ти треба дебелина на жица од минимум 1 милиметар за намотките, и кондензатори од најмалку 250 волти од МКТ тип.

Има уште 300 други работи ама сметам дека доволно објаснив за да разберете дека скретница не е плукни залепи туку е сериозна работа и бара мерна опрема и едно чудо делови за експериментирање.





Споено мислење: 25.04.2014, Friday, 02:49:44
Да се надоврзам со уште два графикона.
Едниот е само од високотонецот без скретница без ништо. Значи чиста фреквенциска карактеристика.
Вториот е од комплетна кутија. Станува збор ист оза 15ка и хорна.
Како што може да се види од графиконот на цела кутија, тука имаме и корекција на графиконот во делот на високотонецот.
Е тоа не се прави без знаење и без мерења. Све друго е напамет и на слепо.




Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Мarjan,кога јас пишувам за експерименти ,куп делови и проба (со мерења) ,сите велите- има калкулатори,има формули има ова- она.И јас се слагам дека без слушање,проба и мерење нема успех. Во случајов се слушнав со членов и средивме работа на негово задоволство,мислам.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Има калкулатори, ама тие секогаш подразбираат дека фреквентната карактеристика е права под лењир. Тоа никогаш не е така.
Има калкулатори за се. И за Л-пад, и за ноч филтери. Ама кога немаш мерења како ќе знаеш што ти треба од сето тоа?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Марјан, ептен му помогна на човеков, не знаеше уште што е кондензатор а не па акустички мерења :D