Некогаш си приморан дури и за кратко, само колку за тест на нешто, да пробаш, а на располагање имаш, на пример, некоја P4-ка со onboard AGP. Е сега, проблемот е што onboard катричката по default одзема минимум 16MB од RAM меморијата (под BIOS се подесува, а максимум најчесто е 64MB RAM), а ти, на пример, имаш ставено вкупно 512MB RAM на таа машина. Проблемот е што ситуацијата не е како поновите oboard AGP кои имаат DVMT, па динамички си алоцира картичката онолку колку што и треба, а по default, BIOS-от си ја јавува максималната расположлива меморија. Постариве уште на почеток, при POST, си алоцираат дел од таа меморија и си ја резервираат. Најчесто при POST си пишува, на пример "496MB + 16MB", а на оперативниот систем, BIOS-от јавува дека има 496MB RAM. За оперативниот систем, ова е недоволно RAM, он не ги гледа тие 16MB алоцирани за картичката. Е сега, за 16MB да додавам уште еден DIMM... нема смисла
. А што ако немам слободни слотови за DIMM-ови. Или треба да барам по некој куп некоја графичка да му ставам, колку да си има меморија само за неа или нешто слично. Многу работа само за +16MB кои фалат
.
Инаку, дефинитивно не препорачувам да се инсталира Windows 7 со, на пример, 256MB RAM. Ќе се подигне, нема да прави проблем, ама ќе се подига половина ден, ќе се заборавиш
. Ова е повеќе практично од аспект на погоре опишаната ситуација
.