Мене најдобар уред ми е подлактица
. Еден круг околу подлактицата, барем на мојата подлактица, е околу 1m. Не знам дали е ова некое правило, јас сосема случајно го забележав ова
.
И не знам што точно подразбираш под уред кој ќе мери должина на кабел
. Мислиш на некој уред кој механички ќе го влече кабелот и ќе мери колку извлекол од него? Ако мислиш на ова, ова е малку комплицирано без помош на човек. Можно е кабелот некаде да се уврти, да се заплетка и да се укочи машината или погрешно да премери. Се разбира, тука влијае и самата структура на кабелот. На пример, ако е лицнаст, поотпорен е на увртување. Ако станува збор за Ethernet кабел, особено CAT5e (Gigabit) кој е наменет за поставување на инсталација (не patch кабелчиња), тие кабли се крути и полни, понекогаш е тешко човек да ги одмота или исправи, а камо ли машина.
Зависи кои ти се потребите. Ако е за лицнасти кабли наменет уредот, можеби и може нешто да се направи. Ако е наменет за полни кабли... тешко.