Аналогна електроника > Високонапонска техника

Помош за драјвер со NE555

<< < (2/12) > >>

bicikle:
Од што земаш сигнал?

KiloVolt:
од телефон, тонот на максимум, и една јака песна (radiohead-"creep"). Сигналот е 80-110mV.

ivica.s:
Мислам дека прениско е нивото на аудио сигналот. На пин 5 аудио сигналот треба да биде барем 1 волт  
RMS за се добие силна модулација според груба проценка шо ја направив. Приклучи го преку некое мало појачалце со LM386.

Вака ем ќе имаш посилна модулација ем телофонот ќе биде до негде заштитен од повратни напонски шпицеви кои можат да го оштетат.

bicikle:
Пробај со некој метал  ;D
Најверојатно слаб е сигналот, или како што кажа ивица.с направи предпојачалце или од некое појако појачало земи сигнал од звучниците преку 4к7 отпорник и стави 1н од + кон пин 5

KiloVolt:
Според туторијалот сигналот за звучниците би требало да е доволно силен, MP3 плеер со излезот за слушалките бил доволно силен. Сега ќе одам да земам нов кондензатор од 1000uF 35V оти стариот експлодира од обратно врзување, исто и NE555-ката, но имам резерва 10-ина ;) . Сега за сега не ми е итно- на натпревар ќе одам со две бобини во антипаралела, сплит трафото го изгорев, но повторно ќе го намотам. Заедно, двете бобини даваа 5цм искра! Од оние жешкине, жолти ;D ;D
Споено мислење: 01.04.2014, Tuesday, 15:52:22
--- Quote from: ivica.s on 31.03.2014, Monday, 19:35:05 ---Вака ем ќе имаш посилна модулација ем телофонот ќе биде до негде заштитен од повратни напонски шпицеви кои можат да го оштетат.

--- End quote ---
Немора, од постарите модели на Нокиа е. ;D Цел дрмаше екранот додека не ставив заштитна диода, а сега пак е во ред ;D ;D телефонот е Nokia X2-00. Има и некои својства на Nokia 3320.  ;D ;D 5-6 пати паднат од тераса на втор кат, го има здрмано теслиниот 10-ина пати додека сум снимал.. и сега ова.. МА НЕУНИШТЛИВ Е! Го служам веќе 5-6 години :D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version