Општа дискусија > Претставувања

Поздрав до сите

(1/2) > >>

beethoven:
Јас сум роден во Прилеп,учам во основно училиште "Кочо Рацин".Јас сум осмо одделение осмолетка,а омилен предмет ми е физика. Моите хобиа се да свирам на клавир ,играње тенис и др. Немам некои позначителни резултати сум имал 5 награди: 3 место кенгур, 2 место на државен натпревар по клавир, 2 место на регионален натпревар роботика народна техника, 3 место регионален натпревар физика и 1 место државен натпревар исто физика, сум бил на два кампа едниот во Прилеп во Микросам за програмирање а другиот во Салзбург (Австрија) за клавир. Омилен фудбалски клуб ми е Барселона ,а омилен композитор- Бетовен.

GigaWatt:
Ова повеќе личеше на CV отколку на претставување, хахахаха ;D ;D ;D.

Нема везе, се шегувам ;). Добредојде на форумот ;).

ПС: Само еден совет, не биди скромен, имаш многу постигнато за твои години ;).

batka:
Малку повеќе време посвети  на клавирот . 8)

beethoven:
Јас колку што учам физика толку вежбам клавир.

didy:
од старо време се кажува:
две лубеници под мишка не се носат !

по мое, едната носија, а другата тркалај ја  ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version