Author Topic: Туторијал за ТЛ-ки  (Read 4383 times)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Туторијал за ТЛ-ки
« Opened on 14.01.2014, Tuesday, 19:42:48 (Edited 15.01.2014, Wednesday, 02:23:57) »
Бидеќи има доста расприкажани на форумов а ништо речиси конкретно сработено,решив да ги објавам моево дрводелско дело ;D но и да побарам помош за пресметка за свртница.Имам мои пресметки но секое мислење и критика се добредoјдени .Да почнам...



материјалот е спремен,фурниран медијапан за напред прва плоча,суровинска за останатото..



составени со изобилство дрвофикс...


составени делумно...



внатрешно облепени си прв слој пластобит+фина прашина од иверица



со втор слој пластобит...



дампирањето...тука е малку проблематично поради количеството на на материјал и начинот но мислам дека треба да е во ред бидејќ поправен нема (кутурица, од искуство и од чичко Гугл што ми каза)



фурнирот е спремен..



фурнирањето...



Е сега останува лакирање и нормално свртницата за која очекувам да ми помогните.По мое излезе ова..





А овие се од готови програми..





Толку засега...Верувам дека овде неко членови ви форумот ќе се пронајдат и ќе прокоментираат се со цел да сработиме нешто поквалитетно (и поевтино).Но кога ке казите дека вие сте ги изработиле...Е тоа е моментот  ;D
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #1 on 14.01.2014, Tuesday, 20:04:46 »
Како и секогаш проектот го почнувате од кутијата е не од звучникот. Стално со Марјан ве караме за истата работа, и повторно истата грешка ја правите. Кутијата ти е супер направена, но прегусто дампирана за таа должина.
Погледни го мојот калкулатор, и наполни ја кутијата со соодветна тежина на лио. Според Аугспургер, најдобро и најлесно е да се дампира еднакво целата кутија.

Кажи кои драјвери ке ги користиш во кутијава? Не можеш да правиш свртница на невидени драјвери, башка и кутијата е на невиден драјвер.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #2 on 14.01.2014, Tuesday, 20:16:09 »
Звучките се ....SIMSONIC CW 620b i TELE STS1108 (стара залиха,ако повнимателно погледнеш во сликата кај пресметките најгоре се запишани кој модел се и карактеристиките на истите.Али фала на комплиментот  :)
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #3 on 14.01.2014, Tuesday, 20:37:06 (Edited 15.01.2014, Wednesday, 02:26:18) »
CWD620b, може максимум до 2.5кHz, мислам дека фреквенцијата добро си ја одбрал. Но некако не ми се бендисува 18дб/окт филтрите. Јас да речеме повеке би играл со 12дб/окт филтри. Мал проблем ке имаш, си го фрезирал и високотонецот (што е одлично) но и басот, со што ке имаш голема разлика меѓу оската на радијација од високтонецот и басот. Најверојатно ова ке го решиш доколку го поврзеш обратно високотонецот во контрафаза.



Споено мислење: [time]14 Јануари 2014, 20:42:46[/time]
Колкава должина ти е трансмисионата линија? Од сликите предпоставувам дека ова е намалувачка цевка со однос 2:1

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #4 on 14.01.2014, Tuesday, 20:51:22 (Edited 14.01.2014, Tuesday, 20:55:47) »
Има логика...можно е да би се растурила звучната слика,со12db свртница потребно е да се променат половите на високотонецот.Ама мислам дека со понеквалитетни звучници треба да се оди со помек рез (18 db) za da se pokrijat donekade мааните на звучникот )ама пак вложуваш во свртница....Дај Боже здравје,можеби некој Visaton ке ме израдува понатаму (кутиите не ги менувам,премногу мака ми дадоа :P.Го читав твојот пост за истиве звучници  ;),кај членот Молив ..

Го видов линкот од фб што си го постирал....И тебе те фатила истата болест  :D
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #5 on 15.01.2014, Wednesday, 01:38:14 »
Од проба не боли, доколку имаш начин сам да ги изработиш калемите. Односно да измериш колку Хенри се.
Поголем е проблемот во точноста на изведба на 18дб/окт филтрите со пасивни компоненти (разчични вредности на кондензатор, калем отпорник...), плус голем дел од силата на засилувачот ке се троши заради свртницата.
Фазното поместување на оваа топографија е исто така проблематично па ретко сум начекал попрофесионални звучници да користат вакви филтри. Најчесто 12 и 24дб/окт.

За болеста да не збориме сега :D

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #6 on 26.01.2014, Sunday, 15:38:52 »
По мое пробај прво со 12 дб скретница  , ако не мислиш да мериш мора подолго време да пробуваш и  да ги слушаш па потоа да ја фиксираш скретницата  исто забележав дека кога си ги користел  калкулаторите од нет  си внел   по 8 ома за басот и високотонецот  по мое прво  би  ги  измерил  а потоа би ја  впишал вредноста . кај мене  испаднаа вифата 3 ома (декларирана на 4)  w100s 6,7 ома  деклариран 8 ома  ,  и басот  6 ома деклариран 8 ома .

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #7 on 26.01.2014, Sunday, 15:54:34 »
Пробување околу дампирањето е завршена работа...Затворено,запечатено и фурнирано....останува уште штеловање на скретницата па затоа ја наместив НАДВОР одпозади,за да си ,,поиграм"малку со калемите и кондензаторите,да ми биди прирака.Е сега е малку грдо ама е пракрично  ;D ;
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #8 on 26.01.2014, Sunday, 19:59:45 »
Значи внимавајте на имеданца (означена со Z) и отпор на калемот (означен со Re) во документациите како Теле-Смал параметри. Свртницата се прави со Re вредноста а не со импеданцата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #9 on 26.01.2014, Sunday, 21:23:04 »
По мое пробај прво со 12 дб скретница  , ако не мислиш да мериш мора подолго време да пробуваш и  да ги слушаш па потоа да ја фиксираш скретницата  исто забележав дека кога си ги користел  калкулаторите од нет  си внел   по 8 ома за басот и високотонецот  по мое прво  би  ги  измерил  а потоа би ја  впишал вредноста . кај мене  испаднаа вифата 3 ома (декларирана на 4)  w100s 6,7 ома  деклариран 8 ома  ,  и басот  6 ома деклариран 8 ома .

Ова со 3 или 4 оми,нема никакво влијание,ама баш никакво.Рачунај тука и вредности на отпор на кабловите...итд.Значи,не е никаков проблем,дури и поединечната импенданса на драјверите.Поголем проблем ке биде  вистинската,реална  импенданса  на целата кутија.Проблемот се решава со мотање на калемите со што подебела жица (басот) и мало експериментирање со калемите на страна на високотонецот.Сепак,експериментот и слушањето е најдобар показател каде си .Компромисимора да има- појаки басови и средни или крештави/потиснати високи.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #10 on 26.01.2014, Sunday, 22:08:44 »
По мое пробај прво со 12 дб скретница  , ако не мислиш да мериш мора подолго време да пробуваш и  да ги слушаш па потоа да ја фиксираш скретницата  исто забележав дека кога си ги користел  калкулаторите од нет  си внел   по 8 ома за басот и високотонецот  по мое прво  би  ги  измерил  а потоа би ја  впишал вредноста . кај мене  испаднаа вифата 3 ома (декларирана на 4)  w100s 6,7 ома  деклариран 8 ома  ,  и басот  6 ома деклариран 8 ома .

Ова со 3 или 4 оми,нема никакво влијание,ама баш никакво.Рачунај тука и вредности на отпор на кабловите...итд.Значи,не е никаков проблем,дури и поединечната импенданса на драјверите.Поголем проблем ке биде  вистинската,реална  импенданса  на целата кутија.Проблемот се решава со мотање на калемите со што подебела жица (басот) и мало експериментирање со калемите на страна на високотонецот.Сепак,експериментот и слушањето е најдобар показател каде си .Компромисимора да има- појаки басови и средни или крештави/потиснати високи.

Има дебела врска , од 8 до 6 оми отпор на звучникот со калкулаторот се јавуваат огромни разлики во самите вредности на   кондензатори и калеми ,а за звукот  да не правам муабет , по твојава логика Батка треба  воопшто  да не користиме  калкулатори  затоа што се непрецизни , тие не се прецизни но  дават добра основа на каде да се движиш. Твојов заклучок е многу површно (аматерски ) кажан .

За жицата за мотање на басот исто грешка си ако мислиш дека треба само дебела жица на басот има басови со  неколку децибели осетливост поголема од високиот и со потенка жица се решава  истата , значи се зависи од звучниците кои се користат и нивните карактеристики.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #11 on 26.01.2014, Sunday, 22:19:21 »
Батка ме изненадуваш....
Не ми е јасно зашто толку се противиш на новата технологија. Таа е тука да помогне. А за отпорот немам коментар.
Со потенка жица добиваш атенуација на бас звучникот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #12 on 26.01.2014, Sunday, 22:23:12 »
Јас не зборувам воопштено,ами конкретно.Тоа дека има толу осетливи басови,дури поосетливи од високотонците  е смешно.Ако имаш такви високотонци слободно фрли ги икупи си нормални.Секогаш,ама баш секогаш високотонецот има поголема ефикасност од басот или бар се еднакви ( ретко),така да басови со ефикасност поголема од она на високотонците е само теоретска глупост .Досега такво нешто не сум сретнал или барем не сум сретнал идиот кој би направил комбинација со неефикасни високотонци ,а ефикасен бас.Друго,и да ставиш 3 или 4 оми види во калкулаторот вредностите на кондензаторите не се менуваат *панично* и драстично.Во најдобар случај секој блок има 5% толеранција,а за да биде идеален ( а нема таков!) треба да се потрошиш добро. Очигледно одиш на она теоретско идеално,ама не само да го нема во пракса ,туку понекогаш( и многу често) пресметаните и вистинските ,реални вредности се 30% разлика! И на крај,не сум сретнал вопракса некој да намалува ефикасностна басови со ставање калеми со потенка жица! Тоа е апсурд! Сите конструктори тежнеат за што помала  Re ,а ти ми кажуваш потенка жица!! Нема логика.Ако треба тоа да се прави за да се изедначи ефикасноста- фрли ги високите и купи си нови и ефикасни!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #13 on 26.01.2014, Sunday, 22:31:28 »
^Несе работи за бас и високотонец туку за бас и среднотонец , а за калкулаторот  можеби е така пошто повеќето луѓе нема ни да ја чујат разликата но за прецизно сечење на одредена фреквенција и тоа како е важно прецизна отпорност на  звучникот да се земе  во предвид , затоа ти кажувам дека зборуваш воопштено .
Имам сретнувано употреба на потанка жица на бас  за да се намали ефикасноста 1 децибела што не е ништо невидено .

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #14 on 26.01.2014, Sunday, 22:31:36 »
Па ние ако гледаме да има толкава грешка во вредностите нема ни да биде хи-фи. Повекето високотонци имаат осетливост (SPL) околу 90dB а басовите или среднотонците околу 88dB. Ама тоа не е стално така. Попрофесионалните звучници имаат SPL на басот дури 96-100dB.

А изгледа и овде ке морам графици да ви цртам.