Author Topic: Горско-спасителна служба во Македонија  (Read 2301 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male


Развиените земји имаат многу развиена кризна мрежа во радиоврските. Тука главни биле кој ако не радиоаматерите. Во соединетите амерички држави постои специјална спасувачка служба која се состои од волонтери радиоаматери кој што покрај нивната работа оваа споредна работа ја работат доброволно и бесплатно. Тие учествуваат во спасувачки акции во елементарни непогоди, како поплави, земјотреси....како и во планините кога има незгода од лавини или некој планинар се загубил или се повредил.



Спасувачките екипи имат тренирани доброволци од секоја област, како пливачи, скијачи, планинари, багеристи, ловочувари и така натаму. Нивните вештини секогаш може да бидат од корист



R.A.C.E.S (Radio Amateur Civil Emergency Service)

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија појаве интерес за воведување на ваков сервис. Доколку успее да направи ваков сервис, радиоаматерскиот сојуз на македонија ќе е во тесна соработка со центарот за справување со кризи и цивилната заштита, како и црвениот крст.



Неофицијално лого. Прифатено како предлог од Радиоаматерскиот сојуз на Македонија

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија размислува да постави репетитори спецјално за оваа намена кои ќе имаат посебна фреквенција. Исто така потребни ќе бидат и радиоаматери доброволци. Кога, како и дали 100% ќе се реализира овој проект не знам. Знам само дека тука ќе има многу работа за да се оствари тоа
Hams do it! With Frequency

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ако се направи вакво нешто, баш би ми било мило ако соработувате со црвен крст зашто дефинитивно треба ваква некоја организација зашто во црвен крст ако не се мобилните никој нема да знае што треба да се прави на терен зашто радиостаниците им се тапа...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Токму така е од голема помош за црвениот крст и за планинарите според мене ќе биде ова.Z31GH секогаш нешто ново и актуелно се научува од вас.И логото баш убаво е.Ај и во Македонија вакво нешто нека се направи.Многу добро :D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Размслував на оваа тема и некако не ми е јасно, доколку некој рекреативец планинар се повреди на планина и што ке направи за да дојдат тие од горската спасителна служба да го спасат? Не ја сваќам поентата, тој би требало да е радиоаматер и да има радиоаматерска станица со себе. Сега како што е работата ако некој се повреди вади телефонот од џеб, и така цела држава е покриена со GSM сигнал. Не сваќам зошто би се инвестирале толку пари во репетитори, линкови, антени, станици, пари за струја, кога веке има мобилна мрежа и секој со себе има телефон.
Ако мене ме прашате, подобро тие репетитори да се постават по планините и да се доделат на користење на сите радиоаматери, секако достап и приоритет до нив нека има и спасителната служба.
Друго нешто ме интересира, зошто се вика горско а не планинска спасителна служба?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
ваљда, кога некој се повреди звони на мобилка и се јавува во некоја амбуланта, болница, полиција.... и овие има кажуваат на радиоаматерите за да се види ако има некој од нив во близина веднаш да интервенира да не се чека да пристигне некое лице од полицијата или сл. ама искрено јас сум песимист во врска со ова освен ако не се најде некој спонзор кој што ке го финансира сето ова.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Затоа што ако се случи елементарна непогодба пр. во скопје и скопје снема струја па испаднат од употреба пола GSM антени и во скопје нема мрежа треба некој да побара помош некако, е тоа ќе го направи преку ова, или пр. негде во некое оддалечено место кај што нема покриеност од мрежа (билокаква) во близина негде се случила сообраќајна незгода или пак некој планинар се изгубил, овие треба да се во контакт и да помогнат
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Интересни прашања, ќе се обидам да одговорам колку што сум во можност.
Ова е во план на РСМ уште од минатата година, а зошто се вика горско спасителна, а не планинско спасителна служба не знам. Како што беше презентирана идеата така ви кажувам. Знам дека ќе земат учество и планинари-алпинисти кој се добри и во скијање. Во секој планинарски дом во државата и преку зимите секогаш има планинари, најчесто за викендите. Нив снегот им претставува задоволство.
Мислам дека nsu даде добар одговор, ако некој повреден или изгубен бара помош, ја повикуваат службата и тие побрзо ќе стигнат од било кој бидејќи го знаат теренот, а тоа може и живот да спаси
Hams do it! With Frequency

Offline Prki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Подршка за идејата!
Воопшто не дискутирам дали има потреба од ваква служба бидејќи сметам оти оние кои ги споменуваат мобилните телефони всушност не ни одат во природа па тешко разбираат зошто е неопходна оваа служба која без исклучок ја има во сите ’’нормални’’ држави.
Јас сум активен планинар веќе 10-тина години.
Веднаш да ви кажам оти повеќето поголеми планинарски друштва користат сопствени радио станици и тоа во 100% од случаевите нелегално (без лиценца за Радиоаматер).
Најискрено јас мислам дека планинари, ловџии и сл. воопшто и не треба да го полагаат радиоаматерскиот испит или барем да го полагаат во некоја упростена варијанта (пред се практично и тоа на станиците кои ги користат) бидејќи не гледам причина за користење на рачна радио станица да полагаат за антени, DX-врски, радиоаматерски кратенки и друго.
Всушност она што е потребно овде за оваа проблематика да се регулира е АЕК на Планинарскиот сојуз да му додели фрекфенција/фрекфенции за користење, да се обезбедат (донација од фирми, сопствени инвестиции, донации од клубовите и планинари и сл.) радио станици и повикувачки знаци на планинарските домови со што во голема мера се воспоставува оваа служба.
При доделувањето на фрекфенцијата треба да се земат во предвид постоечките радио станици пред се од Кинеско производство: TYT, Baofeng, Motion...) кој наголемо се употребуваат од страна на планинарите, ловџиите, параглајдеристи, крос-моторџии и др. ,а најчесто нивните фабрички предефинирани канали (фрекфенции) воопшто не се поклопуваат со аматерските фрекфенции одредени од АЕК.
Барем првично не е потребно поставување на репитери, антени и сл., а секако би се користеле веќе постоечките како репитерот на Солунска глава, Водно, R0-Тетово ја покрива цела Шар планина слушам Галичица ќе профункционира...
Се надевам со моето мислење придонесов за развојот на оваа идеја, а секако ќе ја пратам темава и несебично би дал подршка за истата како преку донација така и со мој личен ангажман (би влечкал предаватели, конструкција и сл. доколку се поставуваат по врвови).



Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова е многу дамнешна идеа.Не треба посебна радиоаматерска опрема ,доста е СВ станица,рачна или мобилна со придружна опрема.На 27 Mhz се работи канално и не треба специјална дозвола за работа.Само да се пријави станицата.Ова го имаше во бивша  YU.Постарите радио-аматери знаат добро за што зборувам.Само тогаш се водеше по идеата * сите сме ние одбрана* ,а сега е * плати да те бранам*  ;D Постојат служби и тимови кои веќе ги имаат сите принадлежности и кои веќе функционираат.Сетете се кој го извади починатиот Скопјанец под Солунска глава,кој ги спасуваше оние заскитани Албанци на Галичица.Таква служба постои,а мослам треба да се обучат посебни единици ,како што беше порано Цивилната заштита за разни вонредни активности.Го имавме и тоа,ама го растуривме.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Горско-спасителна служба во Македонија
« Reply #9 on 18.03.2014, Tuesday, 18:47:47 (Edited 18.03.2014, Tuesday, 18:57:12) »
Не ви требало да се третира како идеја, стара или нова. Секое општество - заедница има потреба од екипи за специјали случаи, дали се тоа во воени или мирни времиња.
Потребни се професионалци како што е Центар за управување со кризи
Code: [Select]
http://www.cuk.gov.mk/ и дирекција за заштита и спасување
Code: [Select]
http://www.dzs.gov.mk/  кои би координирале се на оваа тема со повеќе служби и поединици.
Службено веќе дадов до овој Центар елаборат за спасување на административен објект во случај на земјотрес, поплава, пожар хемискобиолошки и други непогоди.На кој следи и обука за вработените.
СВОЗ (Сите Во Одбрана и Заштита) тоа беше масовна вежба на граѓаните, вработените, учениците  и извидниците (скаути денес) каде еден работен ден се искористуваше за оваа намена. Секој на свое поле беше активен
Иако не го спомнав радиоаматерството во служба на сите овие организирани субјекти секако дека треба да се “вметне“ во сите нивоа на организација. Затоа што ако нема електрична енергија повеќе од еден ден тешко да има мобилна комуникација.
Ретки се предавателите на мобилните оператори кои се опремени со дизел агрегат, повеќето се на акумулатори за неколкучасовен застој на напојување.
МУ посакувам успешна работа на Z31GH за успешна имплементација на радиоаматерите ширум Македонија во служба на народот.
Колку ќе бидеме поорганизирани и посложни резултати ќе бидат подобри во спасување на човечки животи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Диди,тоа ми беше зборот : Центар за управување со кризи и  Дирекција за заштита и спасување.Тоа се две веќе екипирани организации,со авиони-канадери за гасење пожар,хеликоптерска служба,поврзани се тесно со МВР и АРМ,опремени со опрема и луге. За планинарење и слични активности (параглајдерство,екстремни спортови итн.) треба секоја организација да си одреди екипи кои би учествувале во евентуално спасување и сл.акции,но се виде и во Велес =скоро беше- сепак поединци кои се нашле на лице место ја решиле кризата ( тројца скокнаа во Вардар за да ја спасат 36-годишната жена.Значи,сепак не е се до екипите и обуката.