Аналогна електроника > Високонапонска техника

Помош за бобина од автомобил

(1/13) > >>

KiloVolt:
Значи вака, немав пари да купам па во југословенска литература најдов како точно е градена бомбината. Тоа ми требаше затоа што ми требаше високонапонско трафо, а немаа, па сакав да намотам. И според тие шематски прикази намотав примар 10 намотки, и секундар околу 1500 намотки.
Толку за тоа, па сега дали можам да го драјвувам со полнач за акумулатор 12 волти 15 ампери со исклучен грец? Значи директен АС излез.
Го прашувам ова чисто за да се осигурам, за ништо друго... ;)

batka:
Kilovolt овие твои експерименти се еквивалентни на надрилекарствата на баба Рада. Ако е толку лесно да се направи бобината,ехе, досега фабриките ке затвореа! Не прави експерименти бидејки може да настрадаш! Литература се наоѓа,само во самоградба не сум сретнал некој да направил такво нешто!!

Unforgiven:
Гледам многу си напален по ова високонапонските уреди. Ако те интересира тоа толку многу зошто не прочиташ некоја литература прво па потоа да прашаш? знаеш дека намотките на бобината имаат заеднички извод за нула, и дека таа работи на пулсови, нешто како сплит трафо. Ако ја уклучиш на наизменична тоа ке стане трансформатор, а бидејки имаат заеднички извод а фазите ке се надвор од совпагање постои шаснса само да ти изгори жицата и ништо друго... и да си можел за 300-400 ден да земеш на старо бобина. И да не ја гледам поентата во играње со висок напон?? што е толку забавно да гледаш искри од кои можеш да загинеш??

Devil:
@Unforgiven Секој има право да си прави она што сака, детето сака високонапонска техника, нека си се занимава, доколку тебе тоа не ти е забавно не мора да значи дека на сите не им е забавно :D

Немој да ме сфатиш погрешно, сакам да кажам дека ако сака нека се занимава, ако можеш помогни му, ако не, остави го ќе се најде некој друг кој ќе му одговори.

@KiloVolt
појди на некој отпад со стари автомобили и извади си неколку бомбини мислам дека ќе се договорите со газдата на отпадот за мали пари да ги добиеш :D

nsu:
Кило Волт како прво не е бобина како што си напишал на насловов ти туку бомбина.Прво бомбината е високонапонски трансформатор значи имаш една дебела намотка со дебелина од 3 милиметри отприлика намотана е на феритно јадро околу дваесетина навивки и под нејзе има втора намотка која е намотана со жица од 0,3 милиметри до 0,5 милиметри со околу од 3000 до 5000 навивки и сега едниот крај од дебелата намотка тоест примарот е споен со едниот крај од тенката намотка тоест секундарот.И кај сите автомобилски бомбини во точката каде што се споени примарот и секундарот имаме и маса тоест овој дел допира и на шасијата така што и шасијата има напон значи внимавај.Е сега кога на едниот крај на бомбината тоест на примарот ќе се доведе плус масата го затвара струјното коло и околу дебелата примарна намотка имаме јако електромагнетно поле и сега по дејство на ова магнетно поле и секундарната намотка е магнетизирана и во тој момент платината или електронското палење го исклучува примарниот напон и бидејќи нели секундарот е магнетизиран се индуцира висока емс  тоест висок напон во волти околу 15 илјади а мала струја.Тој феномен го викаат само индукција или авто индукција и затоа бомбината е еден вид авто трансформатор.Потоа платината или електронското палење пак го вклучува примарниот напон и пак го исклучува и процесот се повторува ете тоа е принципот на работа.Е сега значи високиот индуциран напон се носи нели на врвот на бомбината а маса е пак куќиштето значи тоа е опасно и да не те лажел ѓаволот да ја поврзуваш на 220 волти оти ако допреш маса пријатно со здравје 8) 8),таа се поврзува на 12 волти тоест примарот е поврзан на 12 волти каде што пишува B+ значи плусот се поврзува тука а минусот е на маса тоест шасија.И ти треба драјвер за да ја користиш.А тој драјверот со димерот и кондензаторот заборави го ко демек ја поврзуваш на 220 волти бомбината и димерот го обара напонот и фактички фреквенцијата на градската мрежа 50 херци ја драјвува бомбината го уклучува и исклучува примарниот напон тоа е глупост.Тоа е опасно сум пробал грее бомбината и имам прегорено две слушај паталец :D 8) 8).Затоа поедноставен драјвер со НЕ555 или пуш пулл транзистори и секако еднонасочна струја 12 волти.Внимавај и полека со таа твоја високонапонска техника. ;) ;) 8) 8).
--- Quote ---Толку за тоа, па сега дали можам да го драјвувам со полнач за акумулатор 12 волти 15 ампери со исклучен грец? Значи директен АС излез.
Го прашувам ова чисто за да се осигурам, за ништо друго...
--- End quote ---
.Чекај сега те сватив али тоа е малку ризично јас со димлер го оборив напонот од 220 волти на 40 волти и ми загреа бомбината у секунда и прегоре одма, а ти вака користејки трафо имаш напон од дванаесет волти за твоја информација сум го пробал и тоа и проработе и почна да ми грее после триесет секунди и втората од моите три бомбини ми изгоре.Немој никако 50 херци е многу висока фреквенција за бомбините направи си едноставно драјверче не користи ја градската мрежа не е безбедно истово како тебе го имам направено ми прегоре автомобилската бомбина.Јас ти викам немој,на 50 херци.Од искуство ти кажувам земи си едноставно драјверче.Ги има многу на форумов.Чекај а ти си купи ли бомбина или не.Инаку ти тоа што го кажуваш со 50 херци никако не го прави сум пробал.Немој ќе ја прегориш бомбината 8) 8).И плус на местото каде што пробав инсталацијата беше со бушони и беше слаба.Леле кога ја драјвував со димлер ми се запали бомбината осигурачот црн стопен што да ти кажувам.А исто ми прегоре бомбината и кога ја драјвував на 12 волти трафо.Еден инжинер истово го испитуваше и ми рече 50 херци многу е и после си направив со пуш пулл транзистори драјвер и со НЕ555 исто друг драјвер и бомбината си работи и ден денес искри дава коа ќе правам краток спој меѓу масата и високонапонскиот позитивен дел,мерак за очи.Пази што правиш послушај ме. 8) 8) 8).Никако 50 херци немој.Оваа цела техника е ризична треба големо познавање да имаш а не само така 8) 8)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version