Останато > Алат

Демагнетизатор за алат (или за што било што треба да се демагнетизира)

(1/2) > >>

Bojan:
Еве еден туторијал како да си направите демагнетизатор за демагнетизирање работи(алат) кој не треба да е намагнетизиран.
Што ви треба:
-Стар EI трансформатор кој нема да го жалите ако го растурите
-Чекан (алат за секоја работа) :D
-20 минути од вашето скапоцено време (5 минути за читање и 15 минути за правење на демагнетизаторот)

Мојата жртва {изваден од КИНЕСКИ surround system (за тоа не ми беше жал што сум го растурил)}

Првин трансформаторот треба да се растури, а тоа го правиме со чекан, се прави така што го навалуваме трансформаторот на една страна и го маваме трансофрматорот по ќош се додека не почнат да се вадат I лимовите.

мала забелешка–на сликата не е трансформаторот што го користам за демагнетизирање, тој е само за да го сликнам како се вадат I лимовите.

Растурениот трансформатор

Еве како изгледаат тие EI лимови ако некој незнае (мислам дека е очигледно)

Одкако сме го растуриле трансформаторот додека трепнеш треба да го составуваме, ама првин треба да се извади секундарната намотка дали се посебно намотани или една намотка врз друга не е важно, важно е да се извади секундарот. Кога ке го извадиме секундарот треба да ги вратиме Е лимовите назад, ама само Е лимовите. Треба сите да се свртени во ист правец како на сликата.


Одкако ке ги вратиме Е лимовите назад треба да се тестира демагнетизаторот. Најдете нешто што веќе треба да го демагнетизирате или пак ако немате текво нешто земете најобична завртка допрете ја до некој магнет и ке се намагнетизира, за проверка дали е магнетизирана завртката можете да пробате да кренете некое мало металче (дали ке биде друга завртка, навртка или што и да е). Сега таа завртка треба да се демагнетизира а тоа се прави така што завртката (предметот што треба да се демагнетизира) се става на јадрото од демагнетизаторот и се пушта да работи  и предметот што треба да се демагнетизира се влече на страна и кога ке го тргнеме од демагнетизаторот предметот треба да е демагнетизиран, доколку не е ја повторуваме истата постапка неколку пати.

Истиов туторијал го има и на

--- Code: ---http://www.instructables.com/id/Tool-demagnetizer/
--- End code ---
исто напишан од мене(на англиски) ! :D

ако има нешто што не ви е јасно...прашајте...

GigaWatt:
Инстересно ;). Истото може да се изведе и со стара пумпица за воздух за во аквариум, само извадете го „моторот“ од неа и имате готов демагнетизатор ;). Јас барем едно време така демагнетизирав монитори :D.

А сега, зашто си го изгувбив дмеагнетизаторот, користам фен (од оние што имаат мотори со четкици, не оние синхроните без четкици) и верувајте дека оваа „технологија“ дури подобро работи и од тој што го имав... хахахахаха :D :D :D

Како и да е, интересно решение, не би ми текнало... ;)

BorceBT:
Дополнување: ставете прекинувач кој ќе вклучува диода во серија со трансформаторот-демагнетизатор и добивате автоматски демагнетизатор и магнетизатор во едно :)

Bojan:
и мене на тоа ми текна, ама па заборавив да го напишам :( ама па ок, ти го пиша...

П.С. уште туторијали за некој ден...

BorceBT:
Супер!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version