Пред 2 дена ми се роди желбата на конструирање на радио примо-предаен уред од 0. Идејата се роди тотално рандом додека прелистувавме некои „РАДИО АМАТЕР“ списанија во Z37M клубот.
Авотор е YU7FR -
http://www.qrz.com/callsign.html?callsign=YU7FR
а дизајнот потекнува од 83та година.
Подоцна ќе закачам слики од списанието (треба да ги средувам).
Технички гледано, уредот ќе пробам да го направам за 2 банда (80 и 20 - 3.5 и 14 МХз соодветно) со користење на 9МХз меѓуфрекфенција и 5.5-5.9 МХз VFO фрекфенција.
Како SSB филтер ќе корситам серија од кристали и тримери, поради тоа што квалитетен CW филтер (фабрички) е многу тешко да се најди кај нас, а и неговата цена е малку солена
Излезен степен ќе користам транзистор од типот на BD135 чиј излез преку филтер (Т филтер ваљда) ќе се носат како побуда на руски КТ транзистори (не им знам точна ознака, деновиве ќе ја пишам) кои ќе имаат засилување некаде околу 300W (3 пати повеќе од регуларен уред за радио аматерска работа).
Целиов проект сакам да го документирам убаво онака од ќејф да можам утре кога ќе остарам да се сеќавам на млади години
така да деновиве ќе закачам некои документи како и листи на делови кои што ги имам и оние кои треба да ги набавам.
Истотака ќе објавам слики од целиот процес на изработка.
Пои засега.
Споено мислење: [time]23 Април 2010, 00:35:45[/time]
Еве сликици :