Електронски уреди > Компјутери и галантерија

Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)

(1/4) > >>

SaleSk:
Како што гласи и самиот наслов. Поправка на матична плоча.
Симптоми: компјутерот се пали од десетти обид со притискање на копчето, а одкако ке се запали "random"  се рестартира во се пократки нтервали.
За поправка на матична плоча треба да имате големо искуство, неопходен алат и инструменти, мирна рака и љубов кон работата. Без набројаните елементи нема да може да направите ништо. Темата од оваков тип е доста актуелна. Имено станува збор за едно туторијалче во кое е сликовито објаснето чекор по чекор како се врши замена на оштетени електролити. Проблемите од ваков тип најчесто настануваат заради лоши напојувања. Многу од сопствениците на матичните плочи мислат дека оваа работа е многу едноставна, па еве можност доколку сакаат, нека пробаат и сами нека се уверат во тоа.
Пред да почнете со оваа операција треба да се знаат неколку важни работи:
1. Матичната плоча е електронска плоча која содржи многу осетливи компоненти кои се осетливи на електростатски празнења. Заради тоа многу е важно додека се работи на истата, подлогата да е заземјена, односно сервисерот да користи "врист" (да биде заземјен). Доколку немате ваков "врист" или немате електростатска подлога и заштита, најдобро е пред работа да се испразните со допирање на некоја метална површина која е заземјена (најчесто водоводни и цевки за парно греење-ако се метални)!!!
2. Матичната плоча е електронска плоча изработена во SMD технологија, содржи многу ситни делови, тенки водови и ради тие причини е многу подложна  на механички оштетувања!!!
3. Доколку немате искуство со работа на вака осетливи електронски плочи, се препорачува да не започнувате никаква активност, затоа што шансите да ја оштетите плочата се максимално големи!!!
4. Потрудете се сите пропратни елементи од матичната да бидат извадени, односно да се работи без да е приклучена на извор на напојување, да се одстранети сите картички од сите слотови (AGP, PCI и тн), да се извадени RAM мемориите, да се извадени процесорот и кулерот.

Матичната плоча на која ке биде извршена интервенцијата е од тајванскиот производител SOLTEK socket 478. Оштетувањата изгледаа вака:











Како што можете да забележите на сликите, дел од електролитските кондензатори се подуени од горната страна, а на дел од нив се гледа и истечената киселина. Ова во голем дел претставува и проблем доколку истече на водовите од плочата, а со самото тоа може и да ги оштети и нагризе. Доколку тоа не се забележи на време, и доколку киселината навлезе длабоко во плочата и оштети некој од меѓуслоевите, во тој случај нема да може да се изврши никаква интервенција.
За да пристапиме кон интервенцијата нормално ќе ни биде потребен и соодветен алат. Оваа интервенција не бара некој специфичен алат, алатот е класичен, леткум до 25w, квалитетен калај, квалитетна вакум пумпа, сечица, клештичка и нормално големо искуство, спретност и мирна рака. Зошто го спомнувам искуството. Него го спомнувам од едноставна причина што доколку не знаете перфектно да ракувате со леткумот и со вакум пумпата, 100% ќе ја оштетите штампата на матичната плоча. За да се уверите во својата способност, најпрво пробајте ова да го направите на некаква стара матична или некоја друга електронска плоча, колку да видите како ке ви оди работата.



Електорлитските кондензатори кои ке ги користиме, односно кои треба да се заменат се со вредност од 1000 микрофаради, 6,3 волти. Треба да се заменат вкупно 16 кондензатори. Новите кондензатори се со вредност од 1000 микрофаради, 10 волти со теемпературен коефициент 105 степени целзиусови кои е исто така еден параметар од голема важност. Овие електролитски кондензатори се за на места каде што температурата на опкружувањето е повисока, а знаеме дека тука имаме слаба циркулација на воздух, елементи кои релативно доста греат и постигнуваат високи температури (процесор, чипсет, графичка карта итн).



Одкако ни се спремни сите потребни услови, поминуваме на работа. Значи: Заземјени, подлога, спремен алат, спремни делови.
Првата работа која јас ја практикувам е да ги загреам постоечките контакти и да ги залијам со свеж калај. Сето тоа заради полесно вадење на елементот а и за полесно загревање на површината каде што се залемени ножичките.



Следниот чекор е испумпување на калајот со вакум пумпа. Контактот претходно треба да се доволно загреан за да може да се испумпа комплетно калајот, но и треба да се внимава да не дојде до прегревање и горење на штампаните водови. Уште еднаш ке повторам дека се многу тенки и осетливи!!! Покрај температурата како еден од можните причинители за оштетување на водовите е и врвот на вакум пумпата, на кој исто така треба да се обрне големо внимание при работењето.



Процедурата се повторува на двата контакти на кондензаторот...Доколку не успеете од прва да ги испумпате ножичките, во тој случај повторете ја уште еднашка истата процедура, почнувајќи со свежо нанесување на калај!!! Немојте повеќе од 3 пати да ја повторувате истата постапка бидејќи ке ги оштетите водовите!!! Препорачувам доколу после вториот обид не успеете со вакум пумпа, обидете се истовремено да ја загревате едната па другата ножичка од елементот и воедно нежно да го повлечете елементот нанадвор со цел да го извадите. Еве како тоа изгледа одкако елементот, односно електролитскиот кондензатор е изваден:



Можете да забележите дека има некакво црнило околу дупчето каде што треба да се залеми новото електролитче. Тоа е остаток од смесата која се наоѓа во самиот калај и служи за подобро лемење и не претставува никаков проблем, но на крајот од завршената работа најдобро е да се очисти. За тоа малку подоцна.
Следниот чекор е вградување на електолитскиот кондензатор. Пред ставање на новиот кондензатор треба да обрнеме внимание на неколку работи и тоа: Визуелно да го провериме електролитот од било какви механички оштетувања без разлика дали е или не е нов, и да ја провериме неговата вредност и декларираниот работен напон. Одкако сме сигурни дека се е во ред со елементот, пристапуваме кон негово вградување.
Најважната работа во се е да не го згрешиме поларитетот на кондензаторот. Секој пат внимавајте како го местите електролитскиот кондензатор. Тој има обележено со видливи знаци минус!!! Обавезно проверете како треба да стои на матичната плоча. Ако несакајќи ги замените местата на позитивниот и негативниот пол, можат да се случат несакани последици со кој може да нанесете трајни последици на матичната плоча а и воедно да се повредите. Најчесто доаѓа до пукање на електролитскиот кондензатор и разлевање на киселината на околината.
Да не навлагаме во тие работи, продолжуваме со постапката на замена :)



Одкако сме го ставиле кондензаторот, ја вртиме плочата, ги подвиткуваме ножичките со цел да не ни испадне самиот елемент и пристапуваме кон операцијата "Лемење". Она што јас го практикувам пред да почнам со лемењето е да направам кратење на ножичките на елементот со цел да добијам поефикасно загревање за пократко време, бидејки површината која што треба да се залеми е многу помала, а со тоа и многу пократко време да го греам местото кое што треба да се залеми. Во спротивно, доколку ножичката е подолга, потребна е поголема енергија да се загрее и местото и ножичката а со тоа и веројатноста да се оштети плочата е многу поголема. Сепак ова е мој начин, што немора да значи дека некој од вас треба да го практикува. Ова се мои видувања за и околу работата. Некој тоа го прави на обратниот начин. Прво ги леми деловите, па потоа ги крати ножичките. Тоа е исто така правилно, и јас го применувам, но во овој случај како што кажав подобро ми е на овој начин :) Еве како тоа би изгледало сликовито прикажано:





Полуготовата работа би изгледала овака:



Се прашувате зошто полуготова. Па заради тоа што по мене работата е незавршена се додека не се направи и чистење на местото на кое се интервенирало. Остатоци од калај, растечен калафонуим, прљавштина итн. Тајната е во нитро разредувачот. Се разбира мора внимателно да се ракува со него бидејки тој е доста агресивна хемикалија и може да оштети некој осетливи елементи од самата плоча поготово пластичните делови, слотови, лежишта и приклучоци. Остај тоа него може да ви ги нагризе и прстите. :) Чистењето го правиме така што крпче, газа или пак памук ги натопуваме во разредувачот, и местото кое што сме го лемеле го пребришуваме. Ефектот може да го видите од сликите, поточно од последната слика на која се гледа како изгледа залемениот контакт :) :







Оваа постапка треба да ја повториме во овој случај 16 пати, бидејќи како што кажав на почетокот беа подуени 16 кондензатори. Од како ке го направиме сето тоа, на крајот ке ви остане ова:



Значи еден куп подуени и истечени кондензатори, кои секако не треба да ги чувате бидејки можат да бидат опасни по вашето здравје.
Конечниот исход на матичната плоча би изгледал овака:





Се надевам дека успеавте да го сватите принципот на работа и дека успеав да ви доловам дел од тајните во практичната работа со леткум, калај и пумпа на малку поспецифична површина, во случајов матична плоча.
Верувам дека ова упатство не ви беше досадно и верувам дека некој од вас ке има позитивни резултати и ке ги сподели со нас. Но искрено се надевам дека ке има негативни резултати :) Затоа уште еднаш би ве замолил за максимално внимавање при работа од ваков карактер. Доколку нешто не ви е јасно, прашајте пред да почнете со работата. Прочитајте го упатството неколку пати и нема да имате проблем. Обрнете најголемо внимание на четирите точки на почетокот на постот.
Сликите се лично мои, упатството е исто така лично мое и си го задржувам правото за измени, надополнувања и поставување на други места. хихихихи :)

Поздрав.

GigaWatt:
Враво :D, одличен tutorial, сакав нешто вакво да направам, ама за вадење било каков вид на компоненти/конектори од матичната плоча, не само за кондензатори, како на пример конектори за on-board AGP картици, или сериски или паралелни портови. Како и да е, принципот е горе долу ист, само што ќе треба многу да се пази  на водовите и лемните места бидејчи се многу блиску ;).

Уште едно прашање, може ова се да го спакуваш во едно PDF и да upload-ираш на некој upload engine? ;D

BorceBT:
Феноменален туторијал!!! Браво. Значи уште да додадам дека доколку не можете успешно да го испумпате калајот и да го извадите кондензаторот на тој начин направете вака:

1. Грејте го едниот вод на кондензаторот и полека навалувајте го кондензаторот за да подизлезе пинот малку. Потоа истото направете го со другиот пин. Со неколку обиди успешно ќе го одлемите кондензаторот и без пумпа.

2. Сечете ги изводите на новиот кондензатор околу 5 мм од телото на кондензаторот.

3. Држете го кондензаторот наместен директно таму каде што треба да се залеми (ги погодувате лемните места со пиновите на кондензаторите) и го држите притиснат за плочата.

4. Загревате одоздола на плочата на едната лемна точка каде што треба да се наоѓа кондензаторот. Со ова ќе се стопи калајот на местото и ќе подвлезе едниот пин од кондензаторот. Направете го ова и со другиот пин, па повторно со првиот и пак со вториот додека кондензаторот не е убаво залемен на местото.

SaleSk:
Благодарам Борче за надопонувањето...Инаку тоа го наведов како солуција некаде во текстот но не така детално објаснето.
А за пдф-от мислам дека може, само што ке треба да го ставам во ворд, па да го конвертирам во пдф...а мислам дека вака е попрактично  ;D

Goce:
Супер турториал многу убаво објаснето јас би се надоврзал на некој безбедносни мерки од случајни искрења од електрицитет да се користи антистатик вакумска пумпа за шмукање на калајот и најбитно е леткумот да е галвански одвоен од мрежа бидејки многу често со леткум кој не е галвански одвоен од мрежа се случуваат електросатички искрења кој можат да ги оштета другите електронски компоненти на плочата

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version