Author Topic: KT Приемници  (Read 3213 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
KT Приемници
« Opened on 11.12.2013, Wednesday, 18:35:53 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 18:38:57) »
Во денешно време познати ни се популарните ФМ приемници кои имаат и АМ подрачје. Тоа што многу од вас не го знаеле се комуникациските приемници, односно приемници со сите модови, а тоа значи дека тие приемници освен АМ музични станици имаат можност да слушаат и радиоаматерски подрачја  SSB (single side band) i CW (telegrafija), како и СВ (citizen band), marine, aircraft....и така натаму. Добро е да се има еден ваков приемник и може да се каже дека тие се така нарачени World receivers.
Вакви приемници се сон на секој радио ентуизијаст. Во блиска иднина ќе вментам едно видео од еден мој приемник.

Еве неколку видови приемници од многуте....









Споено мислење: 11.12.2013, Wednesday, 18:38:57
Секако за најдобар прием потребна ви е добра антена која што може да се изработи
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: KT Приемници
« Reply #1 on 11.12.2013, Wednesday, 19:51:43 »
Многу прецизна работа е ова.Стварно многу убаво а и корисно е.Инаку знам дека овие уреди се доста скапи.Само за информација колку го земавте вие вашиот.Секој профеционалецмора да има вакво нешто. ;).Првата слика е легендарна јас мислам дека од овие постирани слики Сонито е најдобро и секако првото јапонското Језу.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: KT Приемници
« Reply #2 on 11.12.2013, Wednesday, 20:08:54 »
Има некаде да се купи ваков приемник или веќе не се произведуваат и само на старо може да се начека некој?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: KT Приемници
« Reply #3 on 11.12.2013, Wednesday, 20:20:27 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 20:30:08) »
има да се најде само на старо ако начекаш, мојот е вториот примерок, сакав денес да направам видео и да го постирам ама некако сметњи има многу, ќе се обидам денес пак.
Јас го имам одамна, произведен е 1975, точно не знам колку одат. Го користев едно време на работа и бидејќи сум сам во работилницата и нема никој на кој да му сметам јас а ни друг не ми смета. Слушав радио Скопје, Радио Романија, германски станици, кинески станици, афрички станици, блиски и далечен исток....значи музички станици, а од време на време слушав и радиоаматерски бандови, телеграфија и говорна комуникација. Го вратив дома откако во фирмата провалија ноќе да крадат старо железо и влегле во некои простории. Навистина би било штета да го снема

@Gigawatt

има да се купат ама сега се дигитални, многу поскапи, изгор се, а не се подобри од овие аналогните кои на жалост не се произведуваат повеќе

@nsu]

Сонито е добро дека има и ФМ, ама не верувам баш дека го има цел КТ опсег
Hams do it! With Frequency

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2783
  • Gender: Male
Одг: KT Приемници
« Reply #4 on 11.12.2013, Wednesday, 20:59:54 »
а антена,колку долга,колкава треба да се приклучи?Дека слушав требала долга 100 метри,во Народна Техника пред 10 години слушавме разговор од Русија.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: KT Приемници
« Reply #5 on 11.12.2013, Wednesday, 21:04:15 »
Некако многу е 100 метри антена, таа да не била за долги бранови ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: KT Приемници
« Reply #6 on 11.12.2013, Wednesday, 21:07:33 »
не бе какви 100 метра, јас го има приклучено на мојата КТ антена, а можеш и со парче жица. Како за проба го имам приклучено со жица за олукот и имав одлични резултати
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: KT Приемници
« Reply #7 on 11.12.2013, Wednesday, 21:10:47 »
Може да е 100m, ако некој сака да слуша квалитетен сигнал на 77,5 KHz  :D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: KT Приемници
« Reply #8 on 11.12.2013, Wednesday, 21:18:01 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 21:31:24) »
Така е Dx-er.Мора да е 100 метри.Сигурно била за долги бранови пошто за долги бранови треба појаки антени.Фреквенцијата е ниска.Инаку ако сакаш да ги слушнеш станицине кои се на кратки бранови на подрачје од 560 килохерци па се до 1600 килохерци ти треба антена која е солидна не треба да е екстра голема како оваа 100 метри но сепак треба добра.А долгите бранови се користеле пред кратките бранови и тие биле првите бранови со уште пониски фреквенции и затоа треба толкава антена.Зарем уште има луѓе кои емитуваат на овие бранови.Првите радио станици биле на долги бранови.Ако не се лажам опсегот беше од 150 до 270 килохерци.Инаку многу интересно во секој случај и јас имав прилика да видам еден ваков модел на Сони како тој на сликата еден радио аматер донесе кај РТВ сервисот во моето мало таков приемник да му се поправи.И малскиот мајстор кој сега не работи више му го поправи.Ми кажуваше дека го поправал две недели 8).Се разбираше доста во електроника тој и стварно ми кажуваше дека огромен број станици се слушале па дури и од Шпанија ;).И тоа не со сто метарска антена а ако имаш голема и добра антена ќе ги слушнеш и долгите бранови и тоа убав прием ќе имаш.Може некој друг ги користи сега овие опсези ;D ;D.Пошто колку што знам нема више радио станици што емитираат на долги бранови.Ете празен опсег но треба јака антена :D.Сигурно некои други служби ги чешлаат овие опсези.Но тоа е тоа.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: KT Приемници
« Reply #9 on 11.12.2013, Wednesday, 21:55:59 »
Каде бре 100 м!? ;D За прием понекогаш е доволно и 10-тина метри лицнеста бакарна жица.Друга работа е предавателот,антената мора да биде точно подесена.За кратки бранови постојат повеќе методи за скратување ( прилагодни кутии,*трапови* итн),како и посебни решенија за антени ,кои претежно се насочени ( делта луп, квад итн.).Се користат и цели ротирачки системи со мотори ,систем за позиционирање итн. Приемникот секогаш треба да биде подобар од предавателот,пред се селективност,шумен број, осетливост,кристални филтри за прием на CW,SSB,RTTY..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: KT Приемници
« Reply #10 on 11.12.2013, Wednesday, 22:24:44 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 22:26:59) »
Е ова не го знаев батка јас по аналогија си викам ниски фреквенции голема антена подобро е.Значи тие познати ротирачки системи со мотори се употребувале кај кратките бранови.Е ова не го знаев батка благодарам за информацијата :D.Знаев и дека CW телеграфијата работи на овие бранови и да па за кај нив напротив ич не се користат големио антени ;).Нели не се големи.Не треба.Стварно незнаев еј дека тие познати ротирачки антени со мотори се користат при долгите бранови.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: KT Приемници
« Reply #11 on 11.12.2013, Wednesday, 22:30:18 »
Не на долги бранови - на кратки ! Долгите бранови се користат претежно за фарови,посебни комуникации,а не и за комерција.На кратките  имаш комерција,бродови,фарови,аматери,комерцијални радија итд.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: KT Приемници
« Reply #12 on 11.12.2013, Wednesday, 22:32:43 »
Значи фаровите и бродовите биле во кратки види а јас се си мислев дека се во долги ете ти сега сум бил во заблуда цело време проверив и стварно така е како што кажа батка.Батка секоја чест ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Одг: KT Приемници
« Reply #13 on 11.12.2013, Wednesday, 22:50:53 »
Мене ме интересира освен за слушање на радио станици од далечни земји и разговори, на провесионален план за што служат овие станици? Т.е. на еден професионалец за што го користел овој приемник?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: KT Приемници
« Reply #14 on 11.12.2013, Wednesday, 23:02:50 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 23:08:32) »
Па и за преслушкување по некогаш контролата на летање е малце над ФМ подрачјето таа може да се преслушкува секако ако подржуватакво нешто приемникот.И за да чуеш некои други разговори може да ги користиш.За CB бендот,бендот кој им е доделен на радио аматерите може да го искористиш да си збориш со некој радио аматер порано народна техника натпревари правела се слушале и сигнали дури од друг континент.Замисли да имаш ваква предавателна станица за сите бендови и плус приемник цела комплет радио станица е тоа е више којзнае колку скапо.Професионалци имаат.Еве во сојузот на радио аматерите на Македонија имало порано вакви,така ми кажувале јас незнам не сум бил.Комплети предаватели и приемници,цела радиостаница што ги чешла сите опсези.Имаш и Tx i Rx истовремено.Јака работа е ова ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш