Аналогна електроника > Озвучување

Поврзување на појачало со компјутерско напојување

(1/4) > >>

Kiko9595:
Здраво дечки, како сте? Имам едно прашање до вас. Само што го поврзав 2 канално појачало 200+200 вати со напојување од компијутер, работи се перфектно но има јак звук на зуење, можно ли е да има слаба филтрација (да му додадам кондензатори на + - )?? за да го снема зуењето и шумот?? Поздрав фала однапред :)

daniel spasovski:
Види масата (-) од оклопниот кабел што ти за пуштање аудио сигнал на влез да не ти е лошо залемен (слаб контакт) Исто пробај да додадеш 1 кондензатор минмум од 8600uF/25V и види дали нешто ке се смени  :)

Ако не се смени ништо , види во секцијата кај плочата од појачалото на влез кај компонентите што иде сигналот , да не има откачено некое кондензаторче или ладен лем :)

batka:
Стално повторувам да давате повеќе и попрецизни податоци кога нешто барате.Стави шема од појачувачот,некој податок,да видиме дали навистина може да се напојува со 12 V!!???? И зошто кондензатори на +/- ?? Напојувањето од РС дава едноструко 12 V напојување.Значи мнооогу непознаници!! Дај повеќе податоци.

Z31GH:
мислам дека појачувалата имаат големи електролити со голем капацитет, тие се користат за филтрирање на напонот како и ЕМИ филтри...нешто што компјутерските напојувањња го немаат. А што стана со оригиналното напојување од појачалото?

GigaWatt:

--- Quote from: Z31GH on 11.12.2013, Wednesday, 18:53:59 ---мислам дека појачувалата имаат големи електролити со голем капацитет, тие се користат за филтрирање на напонот како и ЕМИ филтри...нешто што компјутерските напојувањња го немаат.
--- End quote ---

Компјутерските напојувања немаат потреба од такви големи кондензатори, тоа се SMPS напојувања, работат на многу повисока фреквенција од мрежниот напон, па затоа нема потреба од преголеми излезни филтерски кондензатори, дури и при големи јачини на струи (10, 15A).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version