Ќе си купиш дебел оклопен кабел со 4 жили (GND, D+, D-, Vcc, што подебел, тоа подобро) со должина од 15 метри, ако USB камерата има свој кабел, ќе ја отвориш и ќе го одлемиш кабелот, на негово место ќе го замениш дебелиов кабел, по потреба, ќе ја здебелиш дупката на кабелот на USB камерата, на другата страна ќе монтираш машки USB конектор и пак ќе пробаш. Ако пак не работи, мери напон на +5V линијата од напојувањето за PC-то, но мери го кога компјутерот работи. Ако е под 5V (4.9, 4.8V), провери си го напојувањето, ако имаш подуени кондензатори смени ги, и пак мери. Ако напонот пак е под 5V, зголеми ја вредноста на излезните кондензатори од филтерската излезна секција на напојувањето за 5V-ниот rail. Со ова би требало да се подигне излезниот напон за нијанса. Тогаш би требало да работи како што треба
.