Аналогна електроника > Високонапонска техника

Марксов Генератор

(1/7) > >>

Atanas:
Марксовиот Генератор е всушност множач на напон но наместо диоди за да да го контролираат патот на струјата, во овој генератор се користи искричар. Кога сите кондензатори ќе се наполнат до влезниот напон, искричарот ги поврзува првиот и вториот кондензатор да се поврзат сериски со што се дуплира напонот. потоа вториот искричар се пали што овозможува трите кондензатори да се поврзат сериски и.т.н. додека не се добие дебела, гласна и ултра возбудлива искра на крајот.

Да преминам на главното, кондензатори лесно ќе направам, но незнам што да искористам како отпорници. Барам ваш предлог за тоа како да направам или како да најдам отпорници за 6 кило волти.
Напојувањето е трансформатор што сам го намотав, од 30 на 1500 волти, после тоа следува каскада од тв што ќе го зголеми напонот Х4 пати. Значи 6000 волти еднонасочна струја.

MetallicA:
подобро земи направи оние stun gun што се со не555 отколку ова  :) или пак земи нешто напрај друго што користи понизок напон.... ова може доста добро да те "пецне" а може и да те убие....

LordZi:
Баш си одбрал што да правиш, ова е еден од најопасните високонапонски уреди, ако те потфати некоја од искрите толку ќе биде од тебе, истото ќе ти се случи и ако го пипнеш додека е исклучен бидејќи кондензаторите уште долго време може да се наполнети, да не зборам за тоа што искрите создаваат голема количина UV-зраци, па дури и X-зраци...
Затоа јас најдобронамерно би ти препорачал да го баталиш со време, мислам дека го немаш потребното искуство за правење и работа со ваков уред...

MetallicA:
да и јас се сложувам со LordZi подобро ке е да направиш некое појачало кај коешто нема толку опасни напони, и + ке добиеш нешто што навистина ке ти користи....

batka:
Kevin,абе батка, ти се нешто од фантазии сакаш да направиш,де подморница де генератор со варничари.... Ова е пред се експериментален лаболаториски генератор ,кој во пракса треба мнооогу да се модифицира.За тоа ниту си дораснат,ниту имаш можности.Впрочен,убаво ти кажаа- 555 + неколку делчиња,една намотка или бомбина и имаш генератор на висок напон кој навистина можеш да го направиш и да работи.Другото се е во домен на фантазија.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version