Аналогна електроника > Напојувања

Ми треба помош околу кабел за струја

<< < (2/6) > >>

nsu:
Јас би ти препорачал и 5mm^2 може и и со четворкава ама не ти препорачувам оваа може да издржи повеќе струја пошто у гараша може ќе си уклучиш и швајц апарат и други појаки потрошувачи. ;D ;D ;D

didy:

--- Quote from: Bojan on 09.11.2013, Saturday, 21:05:11 ---1.5mm^2 може да носи струја за 3,5KW потрошувач, а 2.5mm^2 до 5KW може да тера...

--- End quote ---
По кој стандард е ова ???
Што си по професија ? слаткар  ;D
Максималното оптеретување на спроводници зависи од нивната околина, ако се слободни висечки од столв до столв можеби и влегле во таа табела на оптеретување, но за кабле каде се двата еден до друг ПГП, потешко, па зависи дали ќе е воздушно или во малтер на ѕид. подобро земи 5х2,5мм и поврзи два по два паралелно, па да нема толку пад на напонот и да земеш нешто да заваруваш.
поскапо ќе биде или земи СКС 2х16мм алумински па терај работа без грижа дека же има проблем, и секако направи добро заземјување, или во најлош случај изедначување на потенцијал, па опшиј ја гаражата со трака поцинкувана и поврзи ја на заземјувањето. Ти ќе си во тој круг на потенцијал на заземјено и нема да има разлика на “дефектен“ уред кој ќе е приклучен и твоето присуство се изедначени па нема да биде така опасно. Ова е случај кога не е можно да се изведе добро зазејување, а исто така и ако немаш во гаражата осигурач, туку само оние на спратното табличе може и нема да исклучи при дефектен уред поради должината и слабо заземјување. затоа мора да имаш и во гаражата осигурачи за секој струен круг, и разбира се ФИД склопка и да не те боли глава !
поздрав

Bojan:

--- Quote from: didy on 09.11.2013, Saturday, 23:40:37 ---По кој стандард е ова ???
Што си по професија ? слаткар  ;D
--- End quote ---

по професија сум студент (ако тоа е професија) а за тоа од кај сум го разбрал тоа, чичко ми е електричар и он ми го има кажано тоа, и спомна дека и должината на кабелот влијае ама кога го пишував тоа не ми текна на тоа :S

Jovicar:
Земи кабел 5мм*3(2) Стави и немај гајле, со 5мм*3(2) кабли надодавани еден на друг на 250метри далечина сум варел, многу се осеќаше дека е послаб апаратот ама вареше, така да на 50метра ништо не би се осеќало.

nsu:

--- Quote ---По кој стандард е ова Молам?
Што си по професија ? слаткар  Зеленко
Максималното оптеретување на спроводници зависи од нивната околина, ако се слободни висечки од столв до столв можеби и влегле во таа табела на оптеретување, но за кабле каде се двата еден до друг ПГП, потешко, па зависи дали ќе е воздушно или во малтер на ѕид. подобро земи 5х2,5мм и поврзи два по два паралелно, па да нема толку пад на напонот и да земеш нешто да заваруваш.
поскапо ќе биде или земи СКС 2х16мм алумински па терај работа без грижа дека же има проблем, и секако направи добро заземјување, или во најлош случај изедначување на потенцијал, па опшиј ја гаражата со трака поцинкувана и поврзи ја на заземјувањето. Ти ќе си во тој круг на потенцијал на заземјено и нема да има разлика на “дефектен“ уред кој ќе е приклучен и твоето присуство се изедначени па нема да биде така опасно. Ова е случај кога не е можно да се изведе добро зазејување, а исто така и ако немаш во гаражата осигурач, туку само оние на спратното табличе може и нема да исклучи при дефектен уред поради должината и слабо заземјување. затоа мора да имаш и во гаражата осигурачи за секој струен круг, и разбира се ФИД склопка и да не те боли глава !
поздрав
--- End quote ---
Многу убаво ви објасни диди како што спомнав и претходно и јас тој и го даде примерот со швајц апаратот.И најубаво ќе биде и фит склопка да си монтираш да не те боли глава со изведување на заземјувањето. ;D ;D ;D.Што си е сигурно сигурно.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version