Аналогна електроника > Напојувања

Ми треба помош околу кабел за струја

<< < (6/6)

GigaWatt:
Да, барем во урбаните подрачја, да, оптика е веќе се. По села и рурални подрачја, најверојатно уште се активни бакарните парици.

bicikle:
Онда пола држава е рурална средина. Чекав 5 год за оптика и на крај се преселив хехе. Инаку кичево на пример уште не е ни до пола, па затоа ми дојде чудно дека рече беа,  мислев се однесува за секаде :)

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 08.05.2020, Friday, 14:18:28 ---Онда пола држава е рурална средина.
--- End quote ---

Да, тоа е веќе друг муабет. Не инвестираат во места во кои не им се исплати, со, на пример, 1000 или помалку претплатници. Истите ќе ги опслужат со 3/4G модем и плус ќе им речат дека може кај сакаат да го носат и секаде ќе им работи, а за обичен корисник, тоа е повеќе од доволно, така да... не се замраат. На обичен корисник не му треба upload со брзина повеќе од 2, 3Mbps, а тоа се над 90% од корисниците. 3/4G модем им е „пали вози“ решение, не е потребно менување на претплатничката инфраструктура.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version