Други технологии > Автоматика

Проблем со терморегулатор за лактофризер INOX CENTER C10

(1/2) > >>

007:
 Терморегулаторот има ознака INOX CENTER C10. Изваден е од лактофризер( најверојатно поради неисправност), нема напојување и сонда. Го разгледав и утврдив дека работи на 12V ac , го приклучив и на дисплејот трепкаат 4 деветки. КОга ке притиснам на SET , можам да ја подесувам саканата температура. пробав со неколку типови на NTC сонди , но неќе. побарав на интернет упатство но не можев да најдам. Се сомневам во исправноста на влезниот степен на сигналот од сондата, но прво треба да дознаам каков тип на сонда користи регулаторот. Дали некој има искуство со овој проблем или упатство со што би се решил проблемот.
 Еве и некои слики од терморегулаторот:

 


Интегралецот е LM2902

GigaWatt:
Линковите за сликите не се добро поставени, edit-ирај си го post-от и среди го за да ги прикажува како што треба.

А што е лактофризер?

LordZi:
Лактофризер е уред што го држи млекото ладно се додека не се предаде на млекарата каде што се преработува, значи во принцип е како и секој разладен уред, со тоа што личи на поголем казан и внатре на капакот има мешалка која цело време врти за да се олади млекото рамномерно...

GigaWatt:
Друже, дај некои подобри слики направи, да ги видиме сите интегрирани кола, можеби е некој стандарден дизајн од кој може да се најде шема.

trtkolo:
Пробај со PT100 или имаше едни како беа FeCo така некако.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version