Author Topic: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати  (Read 2327 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милион вати
« Reply #15 on 23.01.2014, Thursday, 22:50:19 (Edited 24.01.2014, Friday, 18:34:49) »
Просто не ми се верува. 1000 000 вати на ФМ, ќе го испржи и претвори во чипс и водителот и камерманот таму пред столбот од антената. Прв пат слушам вакво нешто, ама тешко да ме убеди некој дека е направен толкав линеарец за фм
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Многу е 1000000 вати.Сум чул дека некој аматер од брод емитувал со поламилион а не волку. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да не имал џебна трафостаница?Или камион со акумулатори??  8) Ова новинариве се неписмени за техника и во се веруваат.Пример во ЈНА имавме 400и 1000W станици.Овие вториве,ако не носи  операторот заштита  гиспржуваа тестисите за половина час- така барем велеа ( мислам дека е теоретски исправно).Со тие 1 милион вати  пример пола Битола  ке  биде  вечно * осакатена* ;D ;D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
« Reply #18 on 23.01.2014, Thursday, 23:35:55 (Edited 23.01.2014, Thursday, 23:47:14) »
Quote
Овие вториве,ако не носи  операторот заштита  гиспржуваа тестисите за половина час- така барем велеа ( мислам дека е теоретски исправно)
Алал да тие батка ме осакати од смеење :D :D ;D ;D ;D.A инаку ова со 1 милион може и да е можно имале генератори снажни.Инаку опасно е. ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Очигчедно е лага, нема шанса!
Прво тој е пират, второ пират нема шанса да направи или купи таков засилувач, трето антенскиот систем е играчка за таа снага, петто за таа снага треба да има голем далековод како за фабрика :D до самиот предавател.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјо
« Reply #20 on 24.01.2014, Friday, 00:12:57 (Edited 24.01.2014, Friday, 00:15:46) »
Радио аматер со 5.000 вати линеарец кој мислам дека не е легално толкава снага да зрачи, една тетка од комшиите на пломбата од забот го слушала како чука телеграфија додека кај другите комшии ѓезвето со кафе потскокнувало на ринглата во ритамот на телеграфијата. Е сега замислете што би било со 1000 000 вати плус ФМ на неколку пати повисока фреквенција. Тоа би отворило огромно магнетно поле и како што вели батка, тестисите ќе се збогуваат од нас :). И не само тестисите, таа снага на таа фреквенција има да те растури и испечи како салама
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
« Reply #21 on 24.01.2014, Friday, 00:23:03 (Edited 24.01.2014, Friday, 00:26:23) »
ама тоа било не-модулирана телеграфија (пали/гаси) штом се слушало како индукција на пломбата од забот.... а ако било АМ модулација со говор ке се слушал говорот  :D ама ако било ФМ нема ништо да се примети  :)

П.С. Тек ако некоја млада теткица имала пирс "тамо доле"... ке било ептен возбудливо....
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
« Reply #22 on 24.01.2014, Friday, 01:51:11 (Edited 24.01.2014, Friday, 18:37:04) »
Најголемите предаватели за УКТ не надминуваат јачина од 500W,бидејќи дометот кај  нив  е ограничен на оптичка  видливост.Прво така големи предаватели ниту индустрија не прави,а не аматер (пират). За да израчиш 1 милион вати треба да имаш антенски систем составен од 5 цолни дуралуминиумински цевки ,подигнати 100 метри од земја и напојуван со коакс во вид на уплетени сајли со пресек 30-ина сантиметри.Само на преминот при вклучување ке испукаат сите моментално вклучени сијалици во град поголем од Скопје.Треба да си обезбедиш два блока од ТЕЦ Битола .Екологистите ке се бунат сигурно,бидејќи сите можни инсекти и ситни животинки во радиус од 10 км ке бидат спржени,а металните тела во околината од 2-3 км трајно ке се намагнетизираат.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
« Reply #23 on 24.01.2014, Friday, 13:21:14 (Edited 24.01.2014, Friday, 13:29:29) »
Малку е претерано ова инаку е можно таа снага да биде ERP (Effective Radiated Power) значи антената да биде насочена само во една насока.

На пример ако имате антена кој емитува само на 36 степени од круг од 360 ERP ви е 10 пати поголемо значи предавател од 100 вати се претвора во 1000 вати ама нормално на сметка на тоа што нема да зрачи антената во сите насоки подеднакво, значи се концентрира зрачењето во една насока на сметка на другите насоки.  

Со ептен добро насочен антенски систем можно е тие 1 MW ERP да се достигнат со предавател кој реално има 50 KW или дури и помалку што е во доменот на возможното.  :)