Само во никој случај не го допирај металниот дел од потенциометарот
. Само пластиката
.
А тоа што ти покажувал наизменичен напон од 200 или 210V волтметарот, тоа е грешка на волтметарот. Најчесто обичните волтметри не може да мерат ефективна вредност на напон кој нема синусоидална форма, а триакот всушност ги отсекува синусоидите и така ја намалува ефективната вредност на напонот, така да, тоа е грешка
. За да ја пресметаш вредноста, ти треба некоја додатна опрема, како осцилоскоп кој може да мери ефективна вредност.
Еве како всушност би изгледала формата на напонот за греење на лемилицата со димер во колото
.