Останато > Алат

Кинески лемни станици

<< < (3/35) > >>

GigaWatt:
Што знам... можеби добро е за одлемување, ама за прецизна работа, особено ако правиш BGA reflow често... што знам... не мислам дека е добар избор :S.

DimitarMK:
Идејата ми е да користам рачка со вграден вентилатор како што посочи. Нема да ми е проблем чистењето, впрочем нема ни нешто којзнае колку да ја користам, но ќе ми се најде во ситуации каде што треба да променам некој конектор, чип каде што лемилица не ми врши работа или ми одзема премногу време.
Не се занимавам професионално со електроника, само како хоби и гледам да си завршам работа за помалку пари. За машински алати не се штедам воопшто бидејќи многу почесто се занимавам со механика наместо со електроника.

Моја пресметка е околу 2000 денари, со оглед на тоа што веќе имам микроконтролери (3 ATMEGA328P и неколку PICови), трансформатори, прекинувачи итн. Компонентите кои се користат се ефтини дури да се набават од скапа продавница како Логинг. :)

Сакам овој проект да ми биде вовед во дизајнирање на печатени плочки. Имам неколку направено но никогаш ги немам довршено и испечатено. Од микроконтролери и нивно програмирање имам познавање и не мора да користам готов код, туку може да си направам сопствен.

Дали некој ја разгледа шемата што ја прикачив и дали некој има да даде некоја препорака за промена на некој компонент и сл. ?

GigaWatt:
За тие рачките со кулери (вентилатори) имаш готови проекти, не знам зошто се замараш да преправаш и доправуваш шеми, dr-mr ти има ставено линк до готов проект ;).

GigaWatt:

--- Quote from: stiffy on 27.02.2017, Monday, 14:33:14 ---на муабетот, шо мислење имате за Hakko? и за овие на ибеј/алиекспрес шо се продаваат :D
--- End quote ---

Ако мислиш на копиите, супер се ;), само рачките им се катастрофа... многу лоша изработка. До сега два пати ми се случи да ми се стопи пластичниот држаш за греачот. Која глупост ја имаат направено со рачките... Кинеска работа... рачката цела е бакелитна (или некоја друга пластика која е многу издржлива на топлина), ама делот на кој се навртува металниот држач за греачот е од некоја пластика со релативно ниска точка на топење ::). Нема логика ::).

Се друго, освен рачката, е супер. Греачите им се одлични (на првиот кој го имав, маста му ја извадив, 8 години го гњавев со лемење на секакви работи, дури и бакарни, месингани и железни цевки имам лемено со него ;D), а и да не беа, рачка со греач е џабелеску (1.5 долари ги имам начекано на ebay, купив 4 ;D). Само греач не нарачувај бидејќи се керамички и при транспорт може да се скршат. А и не се исплати. Само греач е околу 1 долар. Во споредба со цената на цела рачка... не гледам поента да купувам само греач. Вака ќе имаш и делови ако евентуално нешто ти се зезне од рачката ;).

Имам намера да ја преправам мојата рачка со рачка од било која друга лемна станица која користи шрафови за зацврстување на грејното тело со пластичниот држач. Ако го направам тоа, ќе пишам и како треба да се направи и се останато ;).

Atanas:
Препорачајте некоја лемна станица како за мене, па макар и кинеска.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version