Други технологии > Автоматика

Проблем со инкубатор за ведење пилиња

(1/4) > >>

vrukiot:
Најнапред здраво до сите.
Имам проблем со инкубатор за пилиња во самиот инкубатор има поставено механизам кој за одредено време (2-часа) го врти механизмот за 180-степени (Значи внатрешно би изгледало ги врти јајцата да не изгорат.)Кога го земав инкубаторот си работеше најнормално се но после една година употреба механизамот ми се расипа т.е несака да застане постојано врти и треба рачно да го гасам од прекидач што не е баш добро.
Во самата плоча која што ми изгледа како тајмер да е има PIC12F508, реле, и L7805CV.
-Мислев дека ми е проблемот со релето го заменив со ново ги заменив електорлитите од 100mf и пофторно несака да застане.Дали би имал некој на ум што е можно да е или да работи со ваков тип на пикови па да му го однесам да го прегледа.
еве слики од плочката каде што е тајмерот.



Слика како е поврзано со сменето реле и електролити.



Слика од механизамот со прекинувачот.

GigaWatt:
Со PIC е изведен тајмерот? Јас никаде на сликите не видов осцилатор ???.

На крајот на краиштата, ова може многу едноставно да се изведе и со еден обичен 555, ако единствената работа која треба да ја прави склопот е да врти на секои 2 часа.

didy:
Ако напојувањето е добро 5V тогаш ќе мора да се смени микроконтролерот, но со програма што ја има постоечкиот. Ќе се обратиш до производителот, или да го смениш целиот склоп со нешто поедноставно а ќе ја врши истата функција.

vrukiot:
Вака најпрво незнам дали е воопшто pic на него пишува 12F508 инаку се наоѓа на првата слика под сината жица и според гледање на интернет мислам дека е pic.

GigaWatt:

--- Quote from: vrukiot on 29.04.2013, Monday, 22:13:15 ---Вака најпрво незнам дали е воопшто pic на него пишува 12F508 инаку се наоѓа на првата слика под сината жица и според гледање на интернет мислам дека е pic.

--- End quote ---

Го гледам каде е, ама дај извади ја плочката и сликај ја на поголема резолуција, стави ја на маса, подеси macro shot... вака ништо не се гледа, се гледа дека станува збор за некое 4 пинско интегрирано коло, ама кое е, не знам. Можно е и PIC да е (не видов никаде осцилатор на плочката, но, од друга страна, можеби го користи интерниот осцилатор, кој знае), ама не можеме да знаеме пред да видиме лого или ознака на него (ако е PIC, мора да го има логото на Microchip на него... освен ако не е некоја копија).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version