Околу форумот > Побарувања

Предлог околу користењето на кириличното писмо и речникот на форумот

(1/2) > >>

Toma:
ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИКсо правопис

--- Code: ---http://www.makedonski.info/search/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8
--- End code ---

Иако има оредени зборови кои неможеме да им дадеме соодветен македонски превод, сепак треба да се ориентираме и спрема странските изрази.
Еве еден пример од Google translate од
македонски на англиски.
бомбина = bombs
бобина = bobbin (coil)
македонски на германски
бомбина = Bombs (Bombe)
бобина = Spule
Оваа само како пример
Немам претензии да сум рецензент (ги немам тие квалифукации) но форумот се чита и од луѓе кои не се од нашето говорно подрачје и кога би го употребил Google translate ќе се збуни.

Да не должам многу мислам дека треба да се отвори посебна тема во која да се реагира на неправилно напишаните зборови.
И уште нешто кирилицата е закон, но ознаките на деловите според мене треба да се пишуваат така како се напишани во оригинал од причина што на форумот му се скратува “видливоста“ кај интернет пребарувачите.
Ако администрацијата смета дека оваа се излишни полемики, воопшто нема да ми пречи да се “избришани“

GigaWatt:

--- Quote from: Toma on 19.02.2013, Tuesday, 12:22:53 ---Немам претензии да сум рецензент (ги немам тие квалифукации) но форумот се чита и од луѓе кои не се од нашето говорно подрачје и кога би го употребил Google translate ќе се збуни.
--- End quote ---

Токму од оваа причина и јас гледам да имам што е можно помалку синтаксички, граматички и правописни грешки. Немојте да мислите дека форумов не е читан од страна на странци. За определени работи, форумов го вади како прв резултат на Google.


--- Quote from: Toma on 19.02.2013, Tuesday, 12:22:53 ---Еве еден пример од Google translate од
македонски на англиски.
бомбина = bombs
бобина = bobbin (coil)
македонски на германски
бомбина = Bombs (Bombe)
бобина = Spule
--- End quote ---

Добро, барем научивме дека правилен правопис е „бобина“, а не „бомбина“ ;D.


--- Quote from: Toma on 19.02.2013, Tuesday, 12:22:53 ---Да не должам многу мислам дека треба да се отвори посебна тема во која да се реагира на неправилно напишаните зборови.
--- End quote ---

Јас се сложувам, може нешто вакво да се отвори во секцијата за општа дискусија ;).


--- Quote from: Toma on 19.02.2013, Tuesday, 12:22:53 ---И уште нешто кирилицата е закон, но ознаките на деловите според мене треба да се пишуваат така како се напишани во оригинал од причина што на форумот му се скратува “видливоста“ кај интернет пребарувачите.
--- End quote ---

Не разбирам. Околу кои ознаки станува збор? Јас најчесто корегирам ако некој пише, на пример, „ТДА2003“ и го преправам во „TDA2003“. Ако мислеше на ова, да, се сложувам ;). Но, да бидам искрен, не можам цели post-ови да преправам во кои на неколку пати е пишувана ознаката на компонентата или брендот и моделот на уредот на кирилица, корегирам само во насловот на темите. Сметам дека е тоа доволно. Е сега, ова не е наведено во правилата, но сметаме дека ова не мора да се нагласува („Филипс“ и „Philips“ не е исто, ние ќе се разбереме, ама нема да разберат Google bot-овите за што правиме муабет), во секоја продавница за техничка опрема од било каков тип, ознаките на брендовите се напишани во нивната оригинална форма, односно на латиница. На пример, јас никаде немам видено „АСУС лаптоп за само XX.XXX денари“, моделот и брендот се секогаш напишани на латиница, во нивната оригинална форма, односно „ASUS лаптоп за само XX.XXX денари“.

Toma:

--- Quote ---на пример, „ТДА2003“ и го преправам во „TDA2003“. Ако мислеше на ова, да, се сложувам
--- End quote ---
Токму тоа ми беше поентата.

--- Quote ---И уште нешто кирилицата е закон, но ознаките на деловите според мене треба да се пишуваат така како се напишани во оригинал од причина што на форумот му се скратува “видливоста“ кај интернет пребарувачите.
--- End quote ---
Ако стане правило ознаките да се пишуваат со оригиналните (скоро 100% латински букви) тогаш и пребарувачот на форумот ќе си ја “олесни работата“ !

Корисни Engineering Symbols

µ  Ω  ±  ÷  Π  φ  ×  Δ  Θ  Λ  «  »   ≦   ≧   Σ    Φ    Ψ    α   β   χ   τ   γ   δ   ε   ζ   η   ψ   •   θ   λ   ξ   ρ   σ   ω   κ   ²   ³   ½    ¼

¾   π      §   ©   ®   °   ™   Γ   ∑   √   ∞   ∫   ≈   ≠   ≡   Ξ    ą  ć  ę  ł  ń  ó  ś  ź  ż  Ć  Ł  Ś  Ź  Ż

Devil:
зошто некои изрази кои имаат македонски превод да ги пишуваме на англиски/германски
македонскиот превод бил смешен(?!), како да не, македонскиот превод е толку смешен колку што е и англискиот/германскиот превод смешен.

Гугл не е најверодостоен извор за правописот, за да би дознале што е што ни треба речник со стручна терминологија
Ова сеуште е македонски форум, не е англиски, не е србски/хрватски/босански/бугарски
Членовите од други јазични поддрачја се добредојдени, нема да имаат никаков проблем и нема ни да бида омаловажувани или потценувани од страна на македонските членови.
Овај форум не е стриктно поврзан со македонски преводи, правопис и слично, значи јас не барам сите да се држат до бонтон и да ми се обраќаат со Вие, не барам да пишуваат се правописно точно, пошто и мене и на скоро сите членови ни се случува од брзање да погрешиме нешто па да напишиме нешто сосема 3-то. Бараме само да се пишува на кирилица (и пак со исклучоци), да ги користат сите копчиња од тастатурата, а не да штедат, за да речениците кој ги пишуваат изгледаат малку подобро и пред се поразбирливи да се.

Нигде не бараме да не ги користат дијалектите, но пожелно е тоа да се сведи на минимум, од општа форумска култура, пошо не секој разбира се, пр. кумановците јас прилично тешко ги разбирам, па се случува по неколку пати да ги препрашам истото, поради тоа гледајте да сведите на минимум тоа дијалектите, не за мене, него за вас, пошто кога ќе ви треба нешто помош никој нема да ви помогне, нема да можите да се разберите.

Ова онака чисто информативно, без навреда без да наведам некој или слично, општо за сите.
Секој кој има своја идеа нека си пише, колку повеќе идеи толку повеќе можности.

batka:
Бидејќи се работи за членови од понов датум ке нагласам дека веке сме дискутирале за овие проблеми и ке ви кажам дека иако не ми е драго,ама сепак мислам дека е подобро оригиналните ознаки или  изрази да ги пишуваме во оригинални форми,со можност за дообјаснување во загради.Ова е уште од осамостојувањето кога правевме напори да направиме Македонски електронски изразен фонд,дури и книги се пишуваа,ама се виде дека не е толку лесно тоа.И Хрватите пробаа да воведат нов хрватски јазик,дури и транслатор направија и го промовираа ,ама гледам дека сепак се враќаат на некои стари работи. Странцизмите отсекогаш се проблем,но сепак ова треба да биде отворен Форум и треба да имаме разбирање и да дозволиме да учествуваат и странци ,кои можат да пишуваат на свој мајчин јазик,со свое писмо! Затоа,мислам дека оригиналните ознаки нека си останат,а само да внимаваме да пишуваме и меѓусебно се обаќаме на литературен Македонски јазик со веке формулиран правопис и со употреба на сите букви од кирилицата.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version