Останато > Кутии

Кутии за компоненти од кутии за цигари

(1/2) > >>

GigaWatt:
Слично на една друга тема која ја имам отворено во оваа секција (таа со кибритчињата ;D), еве и еден друг предлог како да ги искористите празните кутии од цигари ;). Пушењето е лоша (и скапа) навика, ама па има предности ;D.







gochcommk:
бравос
добро изведено и корисно !!

да барем за нешто да се искористтат овие кутиите !!!!!

LordZi:
Хаха, ова мислам дека ти е единствената придобивка од цигарите... ;) ;D

MURO:
Хаха ...а бе добра ти е кутијава само малку е скапа за квалитетот што го има. Кога би ја правел си кутии од моите цигари би ме чинела околу 3000 ден. ..Добро... не те фаќа мука кога гледаш колку си испушил?  :)

GigaWatt:

--- Quote from: MURO on 10.01.2013, Thursday, 13:31:07 ---Хаха ...а бе добра ти е кутијава само малку е скапа за квалитетот што го има. Кога би ја правел си кутии од моите цигари би ме чинела околу 3000 ден.
--- End quote ---

Е да, во право си ;D. Малку скапо за квалитетот кој го нудат кутиите ;D. Плус, овие кутииве од YORK и не се баш најцврсти, оние од Rodeo се подобри ;D. Ама тогаш пушев YORK, дур не сватив дека мноооогу смрдат ;D. Сите цигари смрдат, ама овие беа... убиство ;D.

А сега да собирам празни кутии, па да ги менувам :S... не знам, некако не ми се прави целата работа јово наново ;D. Освен тоа, сега секакви сликички има по кутииве ;D, некако не ми се допаѓаат ;D. Овие се собирани на времето, кога само текст имаше ;D. А инаку, уште неколку цели полни кутии од чевли имам со вакви кутии од цигари, така да, не ми е проблем и да ги менувам ако се оштетат ;D.

А зошто толку скапо да те чини ;D? Па и онака се фрлаат кутиите кога ќе се испушат ;). Јас само почнав да ги чувам место да ги фрлам и за една година, имав еден куп кутии ;D.


--- Quote from: MURO on 10.01.2013, Thursday, 13:31:07 ---Добро... не те фаќа мука кога гледаш колку си испушил?  :)

--- End quote ---

Само за парите ;D. Инаку, се знае, како и секој пушач, пушењето е пред се задоволство ;D. Така да, не ми е криво за задоволството, криво ми е за парите... и за здравјето, се разбира, тоа е башка приказна ;D.


--- Quote from: LordZi on 10.01.2013, Thursday, 09:40:38 ---Хаха, ова мислам дека ти е единствената придобивка од цигарите... ;) ;D

--- End quote ---

Дефинитивно ;D. Па барем некаков е... односно јас така си се тешам ;D.



За оние кои не пушат, може да замолите некој кој пуши да ви ги чува кутиите, па потоа да си направите вакво нешто ;). За оние кои не може да поднесат цигари, да знаете дека самите кутии не мирисаат... можеби малку, ама само ако ептен „упикате нос“ во кутијата ;D.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version