Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: Toma on 18.08.2012, Saturday, 17:28:37

Title: BY228
Post by: Toma on 18.08.2012, Saturday, 17:28:37
Ми требаше BY228 добив по порачка и сакав да ја ставам ама се предомислив па најдов една од шасија и завршив работа.
Прашањето ми е дали некој има употребено таква диода и дали се во ред ?
Слика на диодата.

(http://i278.photobucket.com/albums/kk120/tomazot/BY228.jpg)



ПП : Бидејќи нема коментари на оваа тема, сакам да дообјаснам дека поводот беше од искуство во практиката.

Еден од многуте примери. Се работи за диода потполно нова UF5407, која беше ставена на место за В+ напон . Истиот телевизор се враќаше за рекламација со пробиени UF5407 двапати во рок од десетина дена. Проблемот го решив со поставување на BY399 и тоа извадена од шасија.
Навистина ми е жал ако добро се сеќавам дека во избришаните постови некој беше напишал дека прашањето е глупаво поставено !
Овој коментар го допишав со намера некој да не се чуди ако случајно наиде на неквалитетни делови и има проблеми при сервисирањето.
А диодата како на сликата не така лесно би се решил да ја ставам на место каде е пропишана -
SI - DAMPER DIODА 1000...1500V / 3A
Title: Одг: BY228
Post by: batka on 18.08.2012, Saturday, 20:57:26
Можеше веднаш да дадеш конкретен опис на проблемот,како што сега го опиша.И насловот повеке би личел на темата ако би бил нпр.
*Која би била вистинската замена за BY228 ?*
Title: Одг: BY228
Post by: Toma on 18.08.2012, Saturday, 21:16:00
@batka .Според мене, сметам дека со текстот во постот јасно ставив до знаење што сакам да прашам а тоа е:

дали некој има употребено таква диода и дали се во ред ?
Title: Одг: BY228
Post by: batka on 18.08.2012, Saturday, 21:52:22
Мене на пример не ми беше најпрво воопшто јасно што сакаш со тоа.И самиот наслов *BY228* не ми значеше ништо.Гига Ват даде коментар дека има исти диоди сво различито пакување,зависи од производителот.Ама,ако пишеше каде си ја употребил ( во почетниот пост) и дека си имал таков проблем ке се разберевме.И не мораш ништо да болдираш- се е јасно.Ова не е никаква критика ,ами мислење.Веројатно и други ке го прочитаат.
Title: Одг: BY228
Post by: Trolko on 18.08.2012, Saturday, 23:52:14
Ми требаше BY228 добив по порачка и сакав да ја ставам ама се предомислив па најдов една од шасија и завршив работа.
Прашањето ми е дали некој има употребено таква диода и дали се во ред ?

Како мислеш, *дали сѐ е во ред* ? Не те разбирам со прашањава, извини, можеби е до мене :)

Дали мислеш дали диодава е диода или што ? :)

Поздрав и секое добро
Title: Одг: BY228
Post by: Toma on 19.08.2012, Sunday, 00:13:02
*дали сѐ е во ред* - моето “е“ е без апостроф !
*дали се во ред* = дали се квалитетни, дали работат на тоа место,дали ги имаат карактеристиките на оригиналните, дали не се „фуфло“ како велат русите, да не се “шкарт“ и тн.
Секако за толку од практика можам да утврдам дали е диода или не (има начини како) !