Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Acki2009 on 26.04.2012, Thursday, 15:07:33
-
Лаптопот има проблем со екранот кога ќе го вклучам се појавува сива мрежеста слика по неколку секунди се слуша подигањето на виндоусот и сивата слика се менува во светло сина боја, потоа мојот црт мониотр го поврзав на VGA од лаптопот си има нормална слика како што треба да има. Барам совет дали е екранот најверојатно е до него или нешто друго се случува во лаптопот, не верувам дека е графиката затоа што на црт мониторот ми дава нормална слика.
Доколку е екранот дајте совет каде би можел да го набавам.
-
Доколку е дисплејот како што викаш тешко дека ќе ти се исплати да го поправаш. Тешко дека некој во Македонија има оригинален дисплеј за лап топ а некои од сервисите да ти го нарачаат ќе те фати многу. Јас за хп 510 или 550 барав дисплеј беше скршен прашав низ сите сервиси и ми викат ако сакаш ќе ти нарачаме ама под 10к нема да биди сигурно. Пробај мени драјвер за графика случајно да не прај тој нешто проблем :\
-
Не е ни драјвер за графички чип ниту Мониторот. Едноставно е графичкиот чип има ладен лем. Екстерен монитор е посебна приказна а интерниот монитор друг.
-
Пробај нарачај од кинески сајтови, би требало да има ;). Отвори го дисплејот и види ги ознаките на него ;).
-
По мое мислење ако графичкиот чип има ладен лем не верувам дека и екстерниот монитор би работел, пошто чипот е еден дали би бил екстерен или интерен монитор би требало да работи само не на ист принцип.
-
Дефинитивно е проблемот во LCD дисплејот. Побарај по кинески сајтови врз база на ознаките на задниот дел од дисплејот ;).
-
И јас би рекол дека е дисплејот, инаку го расклопив и ги најдов следните податоци B156XW02 V.2 ова е дисплејот.
-
истиот проблем го имам јас кај мене вади бела слика подига оперативниот кога ке го уклуцам на VGA монитор работи ама на LCD то нема никаква слика.. преги го зедов од амц ми бараа 150 евра минимум за поправка.. така да останува да си го порачам од некаде за поевтино да си го направам :) :) :)
-
вакви монитори наводно користат и LG i Acer, цената на дисплејот на интернет е околу 60$ (~2800 денари)
доколку лаптопот вреди да се поправа поправајте, доколку не вреди јас би му го извадил дисплејот, би го затворил со пластика од горанта страна (кај што е тастатура и се останато) ќе набавам монитор некој помал и ќе го продавам како компјутер за кола :)
чита се и сешто може филмчиња да гледате, да работите на него, да сурфате на интернет (ако сте блиску хот спот некој и слично)
-
Екранот ти е отиден доколку некој сака екрани за лаптопи имам јас нека ми пише приватна порака ќе се договориме што како има попуст за сите колеги :) Поздрав и пријатен ден.
-
Лаптопот ти е оштетен од потрес. Има прекин или лош контакт на флет кабелот што допира на екранот. Пробај со притисок со прстите по рабовите на екранот и види дали ке има промена, или отвори го дисплејот и пробај со благо нишање да ги поместиш флет каблината кои се залепени на екран. Доколку ја откриеш клучната точка стави гума или стиропор да го притиска флетот на стаклото за да не губи веќе контакт.
Втора опција - купи нов дисплеј :)
-
Моделот на дисплејот B156XW02 што го пиша е ЛЕД дисплеј значи неонка и инвертер отпаѓа останувасамо дисплејот цената да си го купиш моментално е околу 6000 ден во СК го има само да видам како се викаше фирмата и ке пишам бтв мењав и јас ист таков само скршен ;)