Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 17.02.2012, Friday, 02:36:54

Title: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 17.02.2012, Friday, 02:36:54
Ако имате постар мобилен со излез за слушалки,еве начин како да го искористите за далечинско управување.Ако е за подолго време може и да ја полните батеријата.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: GigaWatt on 17.02.2012, Friday, 02:43:06
Ако имате постар мобилен со излез за слушалки,еве начин лкако да го искористите за далечинско управување.Ако е за подолго време може и да ја полните батеријата.

Зошто постар ;D. Мојот е нов ;D. Го купив пред година дена, па има џек за слушалки ;) ;D.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 17.02.2012, Friday, 02:45:25
Абе ке си го заробиш дома,а ке ти треба за однадвор да си го палиш пример бојлерот пред да идеш мамурен! Замисли,и велиш на женската- чекај да го вклучам бојлерот,додека да си одам да се згрее за туширање! :D ;)
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: GigaWatt on 17.02.2012, Friday, 02:48:37
А, сега сватив што е поентата, релето се активира само ако џекот е во слушалката и ако некој ѕвони ;).

ПС: На сликата не се гледа баш убаво шемата :S. Ја немаш со поголема резолуција?
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 17.02.2012, Friday, 02:51:44
Слаба е копијата што ми ја пратија - воглавном еден џек е за слушалки а друг е за полнење на батеријата,ако мобилниот стои подолго време на некое подалечно место ( викендица пример !).Па си правиш * пали-гаси* со светлото за апашите да мислат дека некој има таму :D :D ;)

Споено мислење: [time]17 Февруари 2012, 03:04:40[/time]
Еве ова ако е подобро ,сега го добив од Хрвативе  8)Добро е да се предвиди по релето некој шмит-тригер па да биде се како треба

Споено мислење: 17.02.2012, Friday, 03:31:04
Еве уште поедноставна шема,која ја добив сега во размена.Флип флоп со 4017,а на влезот преку отпорник и лед се зема сигнал од звучник (или слушалки)Едно звонење вклучува,другото исклучува...
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: Cobe on 17.02.2012, Friday, 10:06:17
како работи ова ??
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 17.02.2012, Friday, 11:07:44
Го врзуваш влезот на слушалката на мобилниот и кога ке заѕвони се активира релејот.Секое наредно звонење ја менува состојбата на 4о17 кој работи како флип-флоп.Значи -едно звонење -вклучување ,второто - исклучува
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: ace-bitola on 17.02.2012, Friday, 11:20:40
Ова би било уште поубаво ако можи да се напрај на пример само на сигнал на 1kHz да се активита и таја мелодија да ја наместиш само кога ќе ѕвониш од твојот број да ја свири нејзе и да го активира уредот пошто вака ако ти стигни некоја порака од операторот или ти заѕвони некој ќе се активира и ти послем ѕвониш за да го уклучиш болјеро, а всусност ќе го исклучиш.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 17.02.2012, Friday, 11:27:09
Ке си купиш картичка со број кој никој не ти го знае  :D Уште подобро е ако можеш да ограничиш од кого да добиваш позиви... Може со додавање на едно 556 да се направи и тоа,само да реагира на една фрекфенција,на должина на ѕвонење,ама треба поголема работа за тоа.Сепак можно е и тоа.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: Bojan on 17.02.2012, Friday, 12:41:14
јас имав некоја слична ваква идеја, само наместо сигнал од слушалките да се зема, се земаше сигнал од моторчето од вибрациите, арно ама наидов на проблемот што го спомна аце, ми стигаа пораки од операторот. ми беше поврзан со 555ка за да даде сигнал од 1 секунда за палење на компјутерот (знаеш накај дома додека одиш па да го пуштиш па кога ке стигнеш дома се да си е подигнато ;D ) и насреде работа ке ми стигне порака од операторот и бааам...компјутерот се гасеше и ја баталив таа плочка...
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: GigaWatt on 17.02.2012, Friday, 14:38:20
Во право се и Бојан и Аце, стигаат пораки од операторот, не често, ама стигаат :S.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: Pance24 on 17.02.2012, Friday, 14:50:13
Е па ке си земете ериксон од старите модели коишто имаат за да му забранеш на сите да ти звонаат освен на тебе тоа важе и за пораките. Порака нема да ти стигне кај мене тоа е докажано 1месец нон-стоп работе без да стигне порака или повик освен од мене.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: Bojan on 17.02.2012, Friday, 14:57:35
јас сакав да го правам (ама малце посложено) например ѕвонам еднаш и се уклучува уредот (компјутер или што и да е), кога е уклучен компјутерот кога ке ѕвонам да ми спушти автоматски мобилниот, и ако во наредна 1мин пак ѕвонам да се исклучи уредот, ако не ѕвонам пак (по грешка сум заѕвонел или порака ми стигнало) да си се ресетира и пак ако ѕвонам (после таа 1мин) пак да ми спушти  (ако ви текнува што зборам :) ) и цело време така да се повторува
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: GigaWatt on 17.02.2012, Friday, 15:13:58
Е па ке си земете ериксон од старите модели коишто имаат за да му забранеш на сите да ти звонаат освен на тебе тоа важе и за пораките. Порака нема да ти стигне кај мене тоа е докажано 1месец нон-стоп работе без да стигне порака или повик освен од мене.

Не сум знаел дека воопшто некој телефон има таква опција ;D. Можеби и некои други модели имаат ???.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: Gestak on 17.02.2012, Friday, 15:46:07
А батка она што го објави го има некој изработено? Дали е испробано  :D .
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 17.02.2012, Friday, 23:40:14
Да,јас го пробав и работи.Ако ве буни Л1 калемот ,да знаете дека не е многу критичен.На 3 мм ферит намотав метро 0,3 мм лак жица и тоа е  тоа.

Споено мислење: 18.02.2012, Saturday, 10:27:59
Пробано е,пробано батки ;D ;D Има стари модели на Ериксон ( оние како крепи,не им држи батеријата,не им работат сите копчиња и сл.),па мислам и НОКИА има,каде можеш да ограничиш дојдовни позиви.Купи припејд картичка која важи година дена и не го кажувај бројот никому! :D :D :D
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: MartinSk on 18.02.2012, Saturday, 19:46:34
јас само што го направив тоа со 4017 и го пробав на телефон нокиа али понов модел, но за жал нејкеше да проработи >:(
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: GigaWatt on 18.02.2012, Saturday, 20:33:21
Можеби нивото на излезен сигнал е преслабо, кој знае :S.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: warningteam on 18.02.2012, Saturday, 21:01:43
:D интересен проект.. само што гледав многу многу по упростен од ова што си го направил.. и не земаше струја од слушалиците него од вибраторчето и тоа служеше место реле.. кога ке заѕвониш на мобилниот (Претходно ставен на вибрации) вибраторчето само се префрла и прави контакт со соседни жици и во тој случај овозможува течење на струја ама беше наменет за мали напони..
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 18.02.2012, Saturday, 23:14:28
јас само што го направив тоа со 4017 и го пробав на телефон нокиа али понов модел, но за жал нејкеше да проработи >:(

Прво пробај дали реагира само апаратурата.Значи на влез врзи наизменичен напон ( некаде 5-6V)и види дали 4017 ke *префрли*,односно дали ке ја смени состојбата. Склопот е многу едноставен и ако се исправни деловите и правилно поврзани ке работи.
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: MartinSk on 19.02.2012, Sunday, 01:24:36
купив нови делови од логинг и не беа повеќе од 50 денари, пробав на различни телефони и нејкеше, наместо реле му врзав диода бидејки немав такво реле и на мометни кога ке го допрев џекот светнуваше диодата....додека пак кога ке го уклучев во телефон само се појавуваше дека има укличено слушалки а телефонот нормално си звонеше, се однесува на тоа дека свиреше гласна песна :)
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: Zdravkovski on 19.02.2012, Sunday, 08:33:52
 да не звучам како скептик добар е проектов ама има една голема мана ако може така да се рече, проблемот е во следново што не се добива повратна информација што се случило со уредот кој сакаме да го контролираме .
Title: Одг: Вклучување на уред преку мобилен
Post by: batka on 19.02.2012, Sunday, 13:00:04
Точно е дека не се добива повратна информација,ама спак ова е многу проста,едноставна конструкција и јас спомнав дека е искористена за едноставна намена - палење на светло во викендица.Е,сега ,ако промашиш или за да бидеш сигурен додај уште еден склоп кој реагира на светлина и преку ден сигурно ламбата ке биде изгасена  ;D ;D