Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: BorceBT on 15.03.2010, Monday, 11:48:11
-
Ова е шема на ФМ применик кој содржи само еден фет транзистор од типот BF245. На излезот може да приклучите слушалки доколку станицата која ја примате е моќна или да го поврзете на некој засилувач доколку сакате да ги слушате и послабите ФМ радио станици.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=760.0;attach=219)
ВФ пригушницата (L2) е од малите пригушници што се во форма на отпорник и може да биде од 22uH (микро-хенри), 33uH или 100uH. Со тример кондензаторот C3 се бираат станиците. Антена (жица 70цм) може да се стави на горниот крај на тример кондензаторот преку кондензаторче од 2.7pF но во населено место со силни радио станици нема ни потреба.
-
Колку е големината на плочата за ова :-\
-
не верувам дека плочката би била поголема од 4Х4 см... аааа...L1 како се мота???
-
L1 како на сликата: 2 намотки па извод па пак уште 2 намотки со жица 0.8 до 1мм тело 0.8 до 1цм :)
-
A трензисторот лесно се наоѓа,на пример во алфа електроник Битола.
-
Да, го има скоро во секоја продавница за електроника, а пригушницата (L2) само во подобро снабдените продавници за електроника.
-
Она кондезаторчето што е од 2,7pF,може да се замени со 10pF или 3.3pF.
-
кај гледаш таков бе ??
јас не мом да најдам
-
Онај кондезатор што е за антената од кај тримерот треба да оди преку кондезатор 2.7pF за него, прочитај го текстот после шемата таму пишува.И ако може малку повеќе од кај калемите за Л1 колку навивки треба и за Л2 дали може да се изведи со навивки.
-
Па ако ставаш до кај 3,3 ама немој многу да се оддалечуваш со pF ;D
-
Дали ќе може калемите да се изведат со обична жица,само ако може некој да ми поможи колку навивки за L1, 2 навивки кондезаторот 2 навивки,само колкава дебелина на жица ке е потребна, а за L2 колку ќе треба навивки и дебелина на жица затоа што не најдов да купам.Ако можи некој побргу да ми каже оти се ми е направено уште калемите останаа да ги ставам на плочка.Благодарам од напред ;D
Споено мислење: 25.03.2010, Thursday, 22:33:16
Ако може што побргу да ми кажете оти за утре ми треба. :(
-
вака, најчесто се користи 0,5-0,8cm доколку не е наведено поинаку
И чекаме слики и опис, како функционира радиото ;)
-
Gestak не ни кажа, што бидна со радиото ?
-
Го напрев арно ама не проработи изгоре фетот :(,сега затоа прашував како му е редоследот на нозете на шемата,ако се ко на сликава најпрвен така беше.
(http://www.pic.mk/thumbs/fmpriemnik.gif) (http://www.pic.mk/?v=fmpriemnik.gif)
Ако не се ко на сликата оти можи дрејнот да биде долу сорсот горе на шемата не е кажано горе,и + не најдов калем за L2 и го прешаф професорот на сколија од прилика за 22 33 100uH,и ми кажа да става од прилика 5 навивки,е сега ке купам др транзистор и ке пробам како што е на сликата само со 8 навивки.
-
Тоа L2 - 22, 33 или 100uH, 100uH има готова пригушница во форма на отпорник во алфа електроник не се мачи да моташ и купи таква. Транзисторот: дрејнот е горе (на плус) а сорсот долу (на минус). На тој транзистор (BF245) нозете му се вака:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=760.0;attach=12629)
-
Така беше наместен ама изгоре е сега ако беше до L2 бидејки беше со 0,8 жица на 5мм тело и 5 навивки,а спој нигде нема.
-
Чудно. да не изгоре од статички електрицитет додека го монтираше или лемеше? Некој друг го има направено ова и дали работи?
-
Сега ке пробам со 47uH калем L2 и ке го поставам транзисторот исто па ќе видиме ќе пишам што ке направам.
-
Го направив се убо електрониката си функционираше само не можеше да се фати некоја станица,ја виде шемата и професорот,ми реце пробај со антена поглолема,колексиален кабел и жешкиот крај едан жица 70см и ладниот карај една жица 70цм поврзана со приемникот,топлиот крај кај кондезаторот променливиот а ладниот на маса,и не да де никаков звук,приемникот беше поврзан преку појачало.И професорот рече дека со еден фет транзистор неможело да се направи приемник.
-
Нека проба да го направи друг пред да кажеме дека не работи?
-
Еве една испробана шема- ја работеа за Регионалите смотри на КМТ во Велес годинава. Работеше солидно.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=760.0;attach=635)
-
Диодата и транзисторот најверојатно неможе да се најдат денес по продавниците бидејќи се многу стари. Што користевте вие за замена за нив кога го правевте ова радио?