Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Озвучување => Topic started by: antonio@arsenal on 15.03.2010, Monday, 11:13:36

Title: Мобилен на миксета
Post by: antonio@arsenal on 15.03.2010, Monday, 11:13:36
Дали можам жицата од слушалките од мобилниот да ја сечам и на неа на + и - да врзам кабел кој ке завршува со џекче за на миксета и дали ке можам да слушам музика на разгласот (миксетата и звучниците) со тоа што ке репродуцирам музика од мобилниот незнам дали ме разбравте прашајте ако не разбравте.
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: BorceBT on 15.03.2010, Monday, 11:44:32
Да, може но како што рековме во други делови од форумот некои мобилни гледаат дали е присутна слушалката (дали има отпор) така да немора да ја сечиш слушалката (да ја отстраниш) туку „земи“ сигнал за џекчето од неа, ќе свири и слушалката ама нема врска важно ќе бидеш сигурен дека работи.
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: antonio@arsenal on 15.03.2010, Monday, 15:01:37
Не те разбирам каде ке врзиш + и - за на миксета ако не ги сечиш каблињата???
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: BorceBT on 15.03.2010, Monday, 19:14:06
Нема да ги сечиш, само ќе ги одголош и ке „земиш“ сигнал од жиците што одат на слушалката и со жички од таму на аудио џек па во миксета.
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: antonio@arsenal on 15.03.2010, Monday, 20:44:40
Ааааа сега разбирам само нема ништо да рикни во моб.?
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: Bojan on 15.03.2010, Monday, 21:10:13
^^^nope.... ;D
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: GigaWatt on 15.04.2010, Thursday, 11:59:14
На мобилниот најверојатно ништо нема да му биде, но на миксетата можеш да го изгориш влезот, слушалките (кои во таквата конфигурација ќе бидат врзани паралелно на влезот на миксетата) имаат ниска импеданса (отпорност), некаде меѓу 40, 50, до максимум 100 оми. Оваа вредност (некои) предзасилувачки степени од миксети и појачала може да ја гледаат како кратка врска (најчесто бараат импедансата на влез на миксетата да биде 20K па нагоре) и ако немаат заштита, може да се случи да се изгори влезот на миксетата.

Има и уште еднен проблем, ако вредноста на имедансата на слушалките е мала (40, 50 оми) најверојатно скоро целиот сигнал ќе оди према маса, така да ќе треба бааги да се засили сигналот на миксетата, со gain-от.

EDIT: Дури сега видов колку е стара темава хахахаха :D. Ако профункционирало, терај си така, нема ништо да му биде на телефонот и на миксетата ;).
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: antonio@arsenal on 15.04.2010, Thursday, 12:41:46
Немам Пробано уште а ке пробам за брзо :D
Title: Одг: Мобилен на миксета
Post by: GigaWatt on 15.04.2010, Thursday, 14:23:17
Епа ако пробуваш, прво исечи го кабелот за слушалките (секогаш можеш пак да ги поврзеш) и стави соодветни конектори кои ќе одговараат на влезовите на миксетата. Ако случајно телефонот не сака да ги пушти слушалките во работа (не ја „препознава“ миксетата како слушалки), тогаш оди на опција два, односно тоа што го има пишано BorceBT ;).