Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: nikola_bb on 17.12.2011, Saturday, 12:11:47
-
На телевизорот од насловов сликата ми е многу широка во хоризонтала ми се крати од лево и десно по малце ама доволно да ме нервира :). Дали и како би можел да го средам ова?
-
да не ти е наместен на 16x9 или како се води тоа ?
пробај најди код за во сервисно мени, од таму можеш да ги местиш тие параметри како сакаш ти
-
Хмм ова е ЦРТ телевизор и на нив ли има сервисни мениа?
Иначе во неговото мени нема подесување за тоа... затоа и прашав?
-
скоро на сите понови телевизори има, или отвори го види дали на плочите има негде потенциометри, доколку има со полека вртење види што ќе се случи
-
Има 2 потенциометри на едниот пишува Screen на другиот Focus
-
nikola_bb темата ке ја преместам ама следен пат ке идеш на привремен одмор, бидејки си стар член, гледаш секојдневно како опоменуваме други за овие работи и покрај сето тоа, правиш исти грешки
-
Фала дечки успеав да влезам во сервис мени и да го средам :)
-
Ај уште малце помош. За подесувањата гледав од
http://www.go-gddq.com/upload/2009_10/09100614306779.pdf
И успеав сликава да ја донесам да нема изобличувања арно ама целата слика како да ми е заротирана за некој степен спротивно од стрелките на часовникот, а тоа никако неможам да го најдам како се мести. Претпоставувам неможе од сервисно мени тоа да се намести?
-
Претпоставувам неможе од сервисно мени тоа да се намести?
H PARALLEL, таа опција би требало да биде ;).
-
Пробав не е тоа
-
тоа што си ги видел тие се на каскадата, фокус и скрин
-
Пробав не е тоа
H PARALLEL
Adjust vertical inclination of screen.
Според описот, тоа би требало да биде, не знам која друга опција би можела да биде :S.
-
А што менува тоа скрин што е на каскадата?
-
А што менува тоа скрин што е на каскадата?
Високиот напон кој доаѓа до екранот, односно осветлувањето. Не го поместувај, ако е ОК осветлувањето на екранот, не го корегирај.
-
Зборев со мајстор за тв-а тука во зградава што имам и у старт телевизоров бил малце грешно склопен ми објасни тамо на екранот позади намотките се малце заротирани, може да се мрднат ама не ги чепкам
-
Зборев со мајстор за тв-а тука во зградава што имам и у старт телевизоров бил малце грешно склопен ми објасни тамо на екранот позади намотките се малце заротирани, може да се мрднат ама не ги чепкам
Ако ги мрднеш, можеш се да пореметиш, не ги мрдај, потоа може да се изгуби и фокус и се, така да, подобро не ги чепкај ;).