Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: LordZi on 03.08.2011, Wednesday, 09:41:26

Title: Испитувач на осцилации кај аудио засилувачи
Post by: LordZi on 03.08.2011, Wednesday, 09:41:26
Осцилациите кај аудио засилувачите се многу подмолна работа, може воопшто да не сте свесни дека ги има, а да прават разни проблеми. Некои од симптомите може да бидат шуштење од високотонците (дури и звук како да не е подесена станица на радио), прегревање на излезните транзистори или ИК дури и при мала гласност, прегорување на високотонците при мала гласност, неможност да се подеси мирната струја (биасот) доволно ниско, појавување еднонасочен напон на излезот, итн. Овие несакани осцилации најлесно се откриваат со осцилоскоп, а за сите оние кои немаат осцилоскоп еве еден едноставен испитувач на осцилации, се приклучува на излезот од засилувачот и ако тој е исправен и не осцилира не треба да свети ниту една LED.