Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: Syrus on 01.07.2011, Friday, 12:01:05
-
Едно другарче ме замоли да дознаам што е дефектот на фискалната, цело време му пишува полна меморија, марката на фискалната е Synergy SY50..зошто не работи и како може да се поправи..??позз...
-
Едно другарче ме замоли да дознаам што е дефектот на фискалната, цело време му пишува полна меморија, марката на фискалната е Synergy SY50..зошто не работи и како може да се поправи..??позз...
Опција 1: Ќе ја отвориш и ќе видиш во неа кои чипови (контролери) ги има, потоа ќе побараш на net datasheet-отви за нив и ќе вдидиш дали контролерите имаат reset пин. Ако имаат, ќе видиш на кое ниво е активен reset пинот (дали на ниско или на високо, на 0V или на 5V најчесто, некогаш може и 3.3V да биде високо, зависи од контролер до контролер и произвдител). Одкако ќе го ресетираш, ќе провериш дали го јавува истиот проблем, ако не го јавува, се е ОК ;).
Опција 2: Ќе провериш во service manual-от (ако има таков за касата) дали има reset опција на касата, односно, дали треба да се преспојат некои два пина на плочата за да може касата да се ресетира. Ако постојат такви пинови, ќе оги преспоиш и ќе провериш дали ти го јавува истиот проблем (преспојувањето и во првиот и во вториот случај се врши кога е пуштена касата во работа, поради тоа пази да не доведеш некој сигнал со високо напонско ниво на некој пин од контролерите кој е наменет за ниски напонски ниво бидејќи можно е да го изгориш контролерот).
-
А зошто го пишува тоа полна меморија, тоа значи дека навистина меморијата е полна??
-
тоа значи дека навистина меморијата е полна??
што не провери?
-
Како да проверам??
-
Батали тоа со меморијата, најверојатно е само bug, кога ќе се ресетира EPROM-от на фискалната каса, би требало се да биде во ред, затоа ти реков дека треба да бараш datasheet од контролерите во касата.
-
Апаратот не смеам да го отворам пошто е пломбиран...чаре??
-
снајди се за пломбата...
-
си има овластени серивисери за фискални кој смеат да ги отвараат ќе си го однесите и ќе го поправат, ќе ги викните од ујп или кој се задолжени и ќе ви стават нови пломби
или ќе најдете начин преку компјутер да ја ресетирате
2. исечете околу пломба, пломбата нема да ја сечите и ќе ја отворите касата после само залепете
-
Тој начин преку компјутер да се ресетира веќе е нешто друго, тоа ме заинтересира, дали некој знае за такво нешто??
-
Тој начин преку компјутер да се ресетира веќе е нешто друго, тоа ме заинтересира, дали некој знае за такво нешто??
Ако не знаеме што има внатре, потешко дека ќе најдеме начин :S.
Побарај на Google, според модел и производител на касата, можеби имаат направено некое програмче за ресетирање.
-
Ништо од тоа...не најдов ништо по нетот, на сервис бараат 6000 денари а 10000 е нова :D :P
-
Ништо од тоа...не најдов ништо по нетот, на сервис бараат 6000 денари а 10000 е нова :D :P
Подобро нова да си купи...
Значи навистина не се исплати да си приватник во Македонија :S.
-
па нз колку е изплатливо да ја поправаш.. купувајќи нова ќе имаш година гаранција(би требало), а на расипанава ќе се вежбаш да ја попрајш... и како може поправка да е фиксно 6к? хммм кој знае што прават...

Ресетираат EEPROM, инсталираат нов firmware, на такви работи можеш да ставиш фиксна цена, особено ако работиш само со определени каси и модели ;).
-
да ама може да е и само осигурач прегорен или некое кондензаторче кај 220 ,... што би било 5 денари поправка...
-
да ама може да е и само осигурач прегорен или некое кондензаторче кај 220 ,... што би било 5 денари поправка...
Не верувам, ова се најчесто софтверски проблеми, ретко се случува да има некоја изгорена компонента, едноставно софтверот се „зезнал“ поради некоја непозната или позната причина.