Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: macstr1k3r on 10.06.2011, Friday, 00:08:17
-
Здраво дечки, ми треба една шема за малечок ФМ предавател кој што би се сместил во кацига, за да можат да комунираат двајца или тројца додека возат мотор. Поголем домет од 100 метри не верувам дека ќе ми треба но и нема да биде лошо. За напојување очигледно мора со батерија(по можност 9v заради начинот на кој што се монтира те со „капаче“). Единствено нешто што би ми требало е да ми кажете што да сменам на некоја шема за да се смени фрекфенцијата на која ќе зрачи, за да можам да си го подесам предавателот на некоја слободна фрекфенција.
Благодарам однапред.
-
тоа е неизводливо, бар од моја гледана точка.
Работата е во тоа што ако направиш прост предавател ке ти "шета" фрекфенцијата и не имаш нервози и се ке заврши под чекан. Вистинско решение е посериозен предавател од типот вероника или предавател со ПЛЛ. Но за таков, рачунај дека ке ти треба стабилно напојување
-
ех DX-er не зафркавај, кај ке ја собере цела вероника во кацига??? ке треба цела плоча на глава да носи...за таква работа најубаво е да си купиш друже готови уреди за таква работа...дека и RF техниката е па ептен зафркната работа...
-
Па затоа му викам дека тоа е неизводливо, или ке има мал предавател на кој ке му "лудува" фрекфенцијата или ке мора да направи некој што постабилен но и посложен или со ПЛЛ.
Иначе ако ме прашаш мене најдобро е да си купат токи воки на 446MHz, за нив не треба никаква дозвола а имаат релативно голем домет.
-
Па затоа му викам дека тоа е неизводливо, или ке има мал предавател на кој ке му "лудува" фрекфенцијата или ке мора да направи некој што постабилен но и посложен или со ПЛЛ.
А нема предавателчено со кварцниот кристал што е во FM опсег да им врши работа? Има кристал за осцилатор, така да, би требало да има прилично стабилна фреквенција. Грешка сум или?
-
е така може. само мислам дека треба да најде кристал од пр. 100MHz за да емитува на 100MHz
-
е така може. само мислам дека треба да најде кристал од пр. 100MHz за да емитува на 100MHz
Не, не мора, мислам дека има множител на фреквенција, користи кристал од 30MHz, или така нешто беше, треба да се види во проектот ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1627.0
-
е така може. само мислам дека треба да најде кристал од пр. 100MHz за да емитува на 100MHz
Не треба 100 Мхз кристал,тешко таков да најдеш.Има попрост начин со утростручување на основната фреквенција.Проблемот е друг : на што ке се прима уредот,дали сите уреди ке работат симплекс или дуплекс....
Значи работата не е едноставна кога се работи за три и повеке предаватели .Очигледно е и дека членот е многу млад и неискусен и не препорачувам заплеткани градби.Јас би препорачал да се проба на ЦБ 27 Мхз каде може полесно да се оствари ова замисла.Еве две шеми на едноставни уреди со неколку транзистори или ИК,па доколку има потреба ке објасниме некои работи.
-
Ова можеби да ти заврши работа ;D
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=976.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=976.0)
-
Нема да заврши работа со тоа.Тоа е експериментален модул.Подобро покушај проблемот да го решиш со ЦБ