Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: nikola_bb on 07.06.2011, Tuesday, 18:18:17
-
Пред некое време го изработив овој проект и малце заглавив имаше некаде во темите. Во тоа време неможев да најдам Соломон рачка и купив HQ но се испостави дека во неа има друг термопар и не функционира како што треба лемилото. ЗАТОА СТРОГО ЗЕМАЈТЕ СОЛОМОН РАЧКА ако планирате да го изработувате проектов. Еве слика како го спакував во кутија од напојување, од едната страна има 12цм вентилатор кој доколку се стави блиску до плочката на која лемите го извлекува димот да не ви оди во очи(мене тоа често ми се случување и затоа се решив на ваков чекор).
(http://pic.mk/thumbs/img2011307463614.jpg) (http://pic.mk/?v=img2011307463614.jpg)
-
супер си го средил...и викаш само до рачката било???
-
Да таа рачка има друг термопар во неа, други вредности во мВ дава
-
ај прати ми ги шемите за овој проект
-
еве го и моето лемило ;)
(http://www.pic.mk/images/dsc05844.jpg)
-
ихааа...колку профи си го направил :D како купено од продавница изгледа :)
-
Ај едно прашање:
Дали може некако да се изведе со истиов термопар на дисплеј да се покаже постигнатата температура?
-
Ај едно прашање:
Дали може некако да се изведе со истиов термопар на дисплеј да се покаже постигнатата температура?
Таа лемната станица од емитер,дигиталната што е,таа ти е со дисплеи ама пак е со тој соломон леткумот...И јас сакав да ја правам,ама не ја најдов рачката и се откажав...
-
Мене не ми е јасно ова за што служи ?
за регулирање на температурата на ајвата или што ?
-
Мене не ми е јасно ова за што служи ?
за регулирање на температурата на ајвата или што ?
Да,за да ја регулираш температурата на лемилото,пример сакаш 300,350,400степени...
-
Значи не прашувам за комплетно нова станица туку дали на оваа може да се додаде дисплеј со температура
-
Мене не ми е јасно ова за што служи ?
за регулирање на температурата на ајвата или што ?
Да,за да ја регулираш температурата на лемилото,пример сакаш 300,350,400степени...
aaa епа јас да ви кажам имав еден проблем со ова и ми прегореа 2 ајви и сега имам ставено прекинуваче (мрзливче) и во него ставив знам диода само не знам што ознака беше и сега за да биде кец-двојка (послабо-појако) за да не ми прегорува ;D
Извинете ме за офф топик
-
хахаха ептен добро си се снашол, алал да ти е како ти текнало за таква работа :D тоа со диодата го имаше негде на форумов, ама па неверувам дека на некој би му текнало тоа како тебе да го направи :D
-
Ај едно прашање:
Дали може некако да се изведе со истиов термопар на дисплеј да се покаже постигнатата температура?
Значи не прашувам за комплетно нова станица туку дали на оваа може да се додаде дисплеј со температура
Мислам не, но ја немам видено шемата, така да, не можам да оценам ;).
-
Да ги обновите сликите? Не може да се гледаат. И ако не е проблем да ми кажете за која шема од емитер станува збор. Се мислам и јас да склопам едно уредче
-
Еве вака со термопар
-
Има некој готови плочки да му земам(купам)? Со шемата да ги земам?