Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: MarkoMK on 08.03.2011, Tuesday, 01:29:35

Title: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: MarkoMK on 08.03.2011, Tuesday, 01:29:35
Еве еден туторијал од мене. Значи како што кажува насловот, од радио-будилник како да направите тајмер што ќе пали некој уред во одреден час од денот (ќе уклучи некое реле). Јас лично го користев додека се греев на струја, за палење на греалка (радијатор) насабајле пред да одам на работа да стопли малце :), а секако има многу други примени. Зборуваме за ваков радио-будилник:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0207.jpg)

И ова е отворен:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0208.jpg)

Во конкретново радио за саатот се користи интегралното коло TMS3450 кое е потполно пинкомпатибилно со LM8560 (беше спомнато на форумов претходно), истите кола (или идентични) се користат ако не во 100 % тогаш во 90 % од радио будилниците сигурно.
Еве го колото:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0209.jpg)

Прво треба да го лоцираме интегралното коло доколку има повеќе. Тоа е најголемо и е во близина на дисплејот. Колото дава на пинот ALARM OUT (16) високо ниво кога ќе се активира алармот.Ние ќе го искористиме тој излез за активирање на релето. Тој излез се води на транзистор кој го засилува сигналот и релето ќе го врземе на неговиот емитер. Може да ставиме и посебен транзистор, ама не е тоа поентата, поентата е што повеќе делови од постоечките да искористиме. Транзисторот лесно ќе го препознаеме, само еден е во близина на интегралното коло.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0210.jpg)

Еве го релето залемено:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0211.jpg)

Исто така, потребно е да ја прекинеме врската на транзисторот со постоечкиот аларм - таа врска ќе ја најдеме како оди од емитерот на транзисторот кон делот на плочката каде што е радиото. Тој дел го гребеме со скалпер:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0212.jpg)

Минусот на релето го врзуваме на маса. Паралелно со намотката на релето ставаме диода за заштита.

Релето е за 5 В, и го сместуваме каде што ќе најдеме место во кутијата, кај моето радио идеално се вклопи во средината:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0213.jpg)

На работните контакти на релето приклучив клеми и ги сместив на местото каде што се става батерија - јас не ја користам, а ако користите батерија, тогаш ќе си го поврзете на ваш начин.
На задниот дел е избушена дупка за да помине излезниот кабел.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Radio_IMAG0213.jpg)

И тоа е тоа. Се надевам овој туторијал ќе ви биде од помош.
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: batka on 08.03.2011, Tuesday, 01:58:41
ОК е Марко!! Добро сработено. Поставувајте вакви теми на Форумов и другите!
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: LordZi on 08.03.2011, Tuesday, 10:39:07
Добар и корисен тутотијал :)
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: GigaWatt on 08.03.2011, Tuesday, 14:42:47
И од мене имаш виртуелен +rep ;).
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: ShAdOw on 08.03.2011, Tuesday, 17:12:33
Супер туторијал MarkoMK ;) и од мене имаш виртуелна реп+ :).
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: MarkoMK on 09.03.2011, Wednesday, 21:11:58
Фала за поддршката  :). Сакав да дополнам нешто во врска со оваа модификација... Значи покрај за вклучување на потрошувач во одредено време, вака модифицираниот радио-будилник може да се користи и да исклучи потрошувач по истек на одредено време - (sleep). Тоа време може да биде до 2 часа и се подесува на копчето sleep.
Исто така, во воведниот дел споменав дека со овој уред може да се пали/гаси греалка, но ако го користите за тоа мора да се додаде појако реле или контактор после ова постоечково, бидејќи ова е премногу слабо и може да изгори.
За повеќето можеби ова е очигледно, но сепак да си кажам јас...
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: BOBAN on 22.02.2014, Saturday, 02:25:23
Би те замолил ако сакаш да ги обновиш сликите доколку ги имаш уште, бидејќи не се гледаат.
Title: Одг: Туторијал: Како да направите тајмер од радио-будилник
Post by: MarkoMK on 23.02.2014, Sunday, 14:24:43
Поправено ! :)