Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 21.02.2011, Monday, 20:54:58

Title: Електронски осигурувач од 500mA до 4.3A
Post by: batka on 21.02.2011, Monday, 20:54:58
Шемава е дадена за напојувања до 30В и струјно осигурување од 0,5 до 4,3 А.Ова е наједноставна изведба,само внимателно прочитајте го пропратниот текст.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/electronic_fuse_filter.jpg)
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: mkfe on 22.08.2012, Wednesday, 01:09:21
Дали некој ја има пробано шемата? Некако не ми штима.

Калемот LX според текстот како да се користи само за снажен отпорник.

LX – Coil Values:
0.1 Ohm – 4.3A
0.2 Ohm – 3.3A
0.47 Ohm – 1.9A
1 Ohm – 500mA

Ако е само како отпорник, во шемата мислам дека треба тој PNP да биде NPN.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 22.08.2012, Wednesday, 02:15:28
Ако е само како отпорник, во шемата мислам дека треба тој PNP да биде NPN.

Тука можно е да си во право, бидејќи падот на напонот на Lx го тригерува транзисторот BC212, а за да го тригерува, треба позитивниот пол од падот на напонот на Lx да биде на емитерот од BC212, а не на базата (како што е поставен сега). Така да, и јас мислам дека BC212 всушност треба да биде некој NPN транзистор.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 22.08.2012, Wednesday, 17:28:46
Не сте во право за транзисторот. Отпорникот /калем всушност е само поевтина варијанта за отпорник од 5W јачина.Значи целта е само полесно да дојдете до отпорник,ако го немате веќе готов.Иначе ,шемата функционира,а ако е некој скептик- само пет делчиња се па пробајте.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 22.08.2012, Wednesday, 17:49:05
Само чудно ми падна, бидејќи навистина падот на напонот на Lx треба да биде „обратен“ за да го тригерува BC212. Можно е и да работи, не викам не, ама некако чуден ми е и на мене малку дизајнот. Ако работи, па ќе ме интересира како и зошто работи ;D.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 22.08.2012, Wednesday, 17:54:12
А не ти падна ли чудно што Е на NPN транзистор би го врзал на чист + дс беше грешка?? ;D Долу се само два кондензатори.Во тоа е и * штосот*,како поинаку би се блокирал 2N3055 ?
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 22.08.2012, Wednesday, 17:58:24
А не ти падна ли чудно што Е на NPN транзистор би го врзал на чист + дс беше грешка?? ;D Долу се само два кондензатори.Во тоа е и * штосот*,како поинаку би се блокирал 2N3055 ?

Кондензаторите се поставени за филтрација, за да нема брзи промени на излезниот напон поради високофреквентни пречки или нешто слично. Само ја стабилизираат работата на колото, ништо повеќе.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 22.08.2012, Wednesday, 18:00:31
Ако добро прочитате овој склоп се користи и како филтар,па калемот со дадена отпорност има значи и друго значење - филтрација.Склопот реагира при зголемување на јачината на струјата и преку т2 се блокира појакиот транзистор, се додека не се намали побудата во гранката.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 22.08.2012, Wednesday, 18:02:40
Ако добро прочитате овој склоп се користи и како филтар,па калемот со дадена отпорност има значи и друго значење - филтрација.Склопот реагира при зголемување на јачината на струјата и преку т2 се блокира појакиот транзистор, се додека не се намали побудата во гранката.

Добро, принципот на работа е прилично јасен ;). Тоа не е проблематично ;). Ме интересира само зошто е искористен PNP транзистор, кога на тоа место всушност би требало да има NPN.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 22.08.2012, Wednesday, 18:09:16
Да не анализирам подолго ама транзисторите се поврзани нешто како тиристор ( не можам моментално конкретно да ти посочам некој пример или теоретски извор!),ама склопот добро функционира.И мене ме заинтересира,па седнав и го врзав мислам прво * во воздух*,па кога видов дека функционира,ја ставив шемата.Ова мислам дека е од некој германски извор добиено.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: mkfe on 23.08.2012, Thursday, 00:57:10
Почитувани,

Во attach Ви ја испраќам шемата како мислам дека треба да изгледа ова.

Се разбира, ако не е некоја финта со калемот ....

Оваа шема се користи на многу стари исправувачи, и во излезни степени на засилувачи. Има улога на ограничување на струјата.

Ќе опишам ептен скратено: Кога ќе порасти напонот на снажниот отпорник над прагот на проведување на B-E на NPN транзисторот, тој проведува, и преку C ја одзема побудната струја што влегува на базата на 2N3055.

Пак ќе речам, ако калемот има и некоја друга улога/изработка, може да е некоја финта....

Инаку, онака како што беше нацртано дополнително нема смисла, бидејќи падот на напонот на B-Е на 2N3055 , е паралелно на "диодата" C-B на BC212; односно побудната струја што треба да помине низ B-Е на 2N3055, ќе биде преспоена со шунт од "диодата" C-B на BC212.

Поздрав,
mkfe.




Споено мислење: 23.08.2012, Thursday, 01:01:18
А зошто е наречен осигурувач? А не ограничувач?

Откако ќе се надмине струјата, ќе исклучи, па треба рестарт на доводот на напојувањето?
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 23.08.2012, Thursday, 01:08:37
Како ке го објасниш тоа кога и базата и емитерот на НПН транзисторот ти се на + ,а отпорникот е  0,1 ом ?Практично во краток спој.Како ке се понаша НПН транзистор со емитерот на + ?
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 23.08.2012, Thursday, 01:11:55
Откако ќе се надмине струјата, ќе исклучи, па треба рестарт на доводот на напојувањето?

Не, не би требало така да реагира. Со намалување на струјата, ќе паде напонот на Lx, па автоматски BC212 треба да отиде во OFF, со што правилно се поларизира базата на TIP3055 (претпоставувам Texas Instruments верзија на 2N3055) и си проведува.

Како ке го објасниш тоа кога и базата и емитерот на НПН транзисторот ти се на + ,а отпорникот е  0,1 ом ?Практично во краток спој.Како ке се понаша НПН транзистор со емитерот на + ?

NPN транзисторот само го „отчитува“ падот на напонот на калемот Lx. Ништо повеќе од тоа ;).
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 23.08.2012, Thursday, 01:22:05
Мене повеке на ова ми личи

Code: [Select]
http://encyclobeamia.solarbotics.net/articles/put.html
види го и ова

Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: mkfe on 23.08.2012, Thursday, 01:27:58
Како ке го објасниш тоа кога и базата и емитерот на НПН транзисторот ти се на + ,а отпорникот е  0,1 ом ?Практично во краток спој.Како ке се понаша НПН транзистор со емитерот на + ?

Не го гледај така одвоено E на NPN како е на "+".

Нека Q1 ни е 2N3055, a Q2 e NPN.

Ево тој "+" нека е на потенцијал Uout со поврзан потрошувач на излез.

Значи E на NPN е на потенцијал Uout. Понатаму, струјата низ снажниот отпорник знаеме во која насока тече (од E на Q1 кон потрошувачот), на снажниот отпорник ќе се јави пад на напон Ulx. Односно, E на Q1 ќе биде на потенцијал Uout+Ulx.

Ако одиме понатаму, бидејќи на B на Q1 му се прави pull-up, тој е правилно поларизиран, и кај него ќе се појави напон Ube1. Значи неговата B ќе биде на повисок потенцијал од E за Ube1, односно потенцијалот на B на Q1 вкупно ќе биде:
   Uout+Ulx+Ube1

Потенцијалот на B на Q1 e еднаков на C на Q2; B на Q2  e еднаков на E на Q1; а пак E на Q2 е на Uout.

Бидејќи,

Uout+Ulx+Ube1 > Uout+Ulx > Uout

следи напоните на Q2 се:

C на Q2 > B на Q2  > E на Q2

што е правилна поларизација за NPN транзистор.

Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 23.08.2012, Thursday, 01:31:31
Како НПН транзистор би го очитувал напонот на отпорникот кога тој се наоѓа помеѓу В и Е со позитивен потенцијал ? Ако е замислата да биде НПН тогаш би го врзал обратно,со отпорник према - пол.а отпорникот би дошол помеѓу В и С.И објасни зошто со НПН транзистор спојот не работи?
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: mkfe on 23.08.2012, Thursday, 01:32:18
Мене повеке на ова ми личи

Code: [Select]
http://encyclobeamia.solarbotics.net/articles/put.html
види го и ова



Овие шеми што ги постуваше се за друга намена.....

Едната, каде е обратно поларизиран E-B, тоа така се прави за да се произведе шум од понеквалитетни транзистори, и гледаш тука и на влез и излез имаш кондензатори за decouple-инг, се поврзува audio.

Другата, транзисторите се поврзина како тиристор.

Споено мислење: 23.08.2012, Thursday, 01:35:31
Како НПН транзистор би го очитувал напонот на отпорникот кога тој се наоѓа помеѓу В и Е со позитивен потенцијал ? Ако е замислата да биде НПН тогаш би го врзал обратно,со отпорник према - пол.а отпорникот би дошол помеѓу В и С.И објасни зошто со НПН транзистор спојот не работи?

Во шемата од темата, сите точки се позитивни.

Важно е која е по-позитивна од другата. Разликата во потенцијалите, напонот помеѓу точките диктира дали нешто е правилно или неправилно поларизирано.

Јас сум користел ваква шема со NPN и знам дека работи. Со PNP прв пат гледам.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 23.08.2012, Thursday, 01:42:18
Добро, да, тоа што е претставено на линкот е слично, но шемите се далеку од исти. Колку што разбрав од текстот, функцијата на таа компонента (искрено, прв пат се сретнувам со неа) би требало да биде слична на онаа од шемата од првиот post, но не идентична.

Не знам дали забележуваш каде е проблемот, зошто јас и mkfe се буниме. На Lx ќе се јави пад на напон, чиј позитивен пол ќе биде на базата на BC212, а негативен пол на емитерот на BC212. За да биде правилно побуден (да влезе во ON) BC212, треба напонот да има обратен поларитет од оној кој пред малку го опишав (негативниот пол на напонот на краевите на Lx да биде на базата на BC212, а позитивниот пол да биде на емитерот на BC212), но ова никогаш нема да се случи, бидејќи струјата тече во насока од колекторот на TIP3055, низ неговиот емитер, преку Lx до излезот, што значи дека потенцијалот на „левиот“ (барем на шемата е така нацртано) крај на Lx секогаш ќе биде повисок од потенцијалот на „десниот“ крај на Lx. Со овој начин на врзување, само NPN транзистор може да биде правилно тригеруван, а не и PNP, како што е во овој случај. Во овој случај, PNP транзисторот не би требал да изреагира во нитуедна ситуација. Баш напротив, со растењето на струјата низ Lx, се зголемува и падот на напонот на неговите краеви, па со тоа BC212 уште „подлабоко“ навлегува во OFF, со што TIP3055 никогаш нема да се изгаси, односно, нема да изреагира „осигурувачот“.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: mkfe on 23.08.2012, Thursday, 01:44:53
Склопот и го имам учено, и го имам анализирано, и користено.

Знам дека не ја сакаш Wikipedia, но тоа најдов најпрво..... вистина е:

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Current_limiting
Споено мислење: 23.08.2012, Thursday, 01:48:08
Така работи и она најстарото IC за стабилизирани исправувачи, мислам се викаше LM723.

Toj NPN транзисторот го има како интегриран, и најчесто така се поврзува.
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: batka on 23.08.2012, Thursday, 01:58:27
OK! Значи,вие мислите дека е спој како на сл.1,класичен спој каде НПН транзисторот е споен навистина да мери пад на отпорник.Во овој случај јас  мислам дека не е  така,па земав и го склопив со ПНП (оригинал) и НПН  транзистор.Со НПН не работи,веројатно има зошто.Иначе,шемата е одамна превземена од

Code: [Select]
http://electronics-diy.com
Title: Одг: Електронски осигурувач од 500 мА до 4,3А
Post by: GigaWatt on 23.08.2012, Thursday, 02:13:05
Пробај место калемот стави отпорник ;). Би требало да работи ;).

ПС: Еве ја истата шема како во првиот post ;). Само што место PNP има NPN, нема што да измислувам ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/current_limiting_using_bjt1.gif)

Code: [Select]
http://www.vidisonic.com/2008/07/10/current-limiting-circuit/