Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: vmakre on 07.01.2010, Thursday, 20:58:03
-
Me interesira kakva oprema koristite za lemenje.
Jas sum zainteresiran da kupam stanica za
topol vozduh ama ne bi daval mnogu pari
zosto se bavam so elektronika od hobi.
Dali kaj nas ima nekoj sto nosi od onie Kineski
stanici za lemenje ???.Vo prodavnicive kaj nas nema mnogu izbor
i ako e profi opremata e mnogu skapa.
Dali se isplati da se poraca takva stanica direkno od Kina zasto postarinata
moze da bide okolu ~80 dolari i plus carina ke bide mnogu.
Pisete nesto na ovaa tema da spodelime iskustvo okolu ovaa
rabota
Vlatko
-
Прво треба да пишуваш на македонски со кирилична подршка
( провери тука --> http://elektronika-mk.net/index.php?board=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?board=4.0) )
ако се бавиш само како хоби со електроника не ти требаат такви лемила со топол воздух или пак со регулација едно нај обично лемило од 25W доволно е
За лемила со регулација има и кинески има и фирми кинеските беа околу 2000 денари, а оригиналните се многу скапи. Ersa со топол воздух е околу 9000 денари,
За да порачаш од кина нема да ти се исплати пошто како што кажа поштарината е многу прво, второ ќе ти наплатат некоја чудна сум царина, па ко ќе дојде некоја цена ....
Значи според мене нај добро е да си купиш обично лемило некое до 25-30W ( ги има од 200 денари па нагоре ) ќе замеш една диода ќе ја поврзиш сериски на греачот и нема многу да грее таман ќе биде
Поздрав и имај убав престој на форумот :D
-
За скапата опрема и заради стандардов што го имаме мислам дека што е многу многу е.
Затоа за нас поготово ако е за хоби треба да има поевтина
варијанта.Понекогаш затребува да направиш некое уредче
да биде барем со СМД или со БГА чипче зошто да не, не сме толку
заостанати а и технологијава иде напред не стои.
Ако погледнете странски форуми ќе видите дека и таму бараат кинески
леткуми немаат сите пари.Кога ќе видиш дека една поевтина
лемна станица за топол воздух или инфрацрвена не е под 1500 евра
од тие поквалитетните, тоа не значи дека треба да се откажеме од таква опрема.
Има доста чипови и смд елктроника која е поевтина и е доста интересна
за проучување.
-
Зар во МК може да се купи СМД делови?
-
не треба да се откажеме но ако не се занимаваме по сериозно со тао не ни треба таква скапа опрема, може да се помине за многу поевтино а да се постигне ист резултат
може ако сакаш ;D
-
Јас веќе една деценија користам најобичен искрин леткум од 25W, со домашно направена регулација и немам намера да го менувам пошто ми брка работа ;). Имам и уште еден 30W леткум во резерва, еден од 100W за груби работи и пиштол од 80W кога треба да се залеми нешто набрзина и ова ми е сосем доволно. SMD чипови можеш да лемиш и со обичен леткум, наместен на пониска температура, ќе ставиш флукс на плочката, ќе ставиш калај на леткумот и ќе ги поминеш сите изводи и после со плетеница ќе го собереш вишокот калај ако има, останува перфектно залемен чип (проверено)!
-
Секогаш SMD се леми со леткум потешко е да го залемиш со станица со топол воздух јас станицата ја користам само за одлемување само добро да е галвански одвоен од мрежа леткумот за да не ствара електрицитет на деловите а SMD има кај нас нешто јас најчесто нарачувам од словенија Farnell
-
Јас сум заинтересиран да купам лемило. Инаку електрониката и мене ми е хоби, така да неке докај 400 денари би ми завршило работа. Инаку добро би ми дошол туторијал за како да си направиш регулатор за лемило и упатство за користење на регулаторот.
На времето имав пиштол од 100W и некако ми беше многу тешко да лемам со него, но од кога го прегорев, немам земено лемило. И на крај немам појма каде да најдам толку евтино лемило.
-
...немам појма каде да најдам толку евтино лемило...
На пазар!
-
...немам појма каде да најдам толку евтино лемило...
На пазар!
Или во некоја продавница за електроника но никако не од логинг оти тамо цените се огин
-
за регулација за лемило имаше во еден број од Емитер, мислам дека е од ноември од 2009 ама не сум сигурен
а и не ти треба такво нешто
Едит
еве ти нешто за сам како да си направиш
http://hotfile.com/dl/23577119/11db134/Iron_control.rar.html
-
Значи, да се вратиме на темата што беше за лемилата со топол воздух за SMD. Јас имам купено
такво лемило (од кинеските) и можам да кажам дека освен за повремена употреба неможе да го користите цело време (ако лемите SMD по цел ден) бидејќи физички се распаѓа рачката, почнува да се топи одвнатре а и прегорува грејачот па мора да имаш секогаш резервна глава на лагер. За хоби и за повремена употреба ми е добар и можам да речам дека ми се нашол многу пати за лемење а посебно за одлемување бидејќи некогаш нема замена за него.
-
Лемна станица на топол воздух може да се купи по некоја си нормална цена од 100 евра во БТ електроника што се наоѓа спроти олимписки базен.
Леткумот што е во комплетот нема везе, се прегрејува и црка за многу кратко време, но станицата за топол воздух врши работа.
Лично не ја користам многу но се наоѓа. Најчесто користам обичен леткум Ersa Miltitip 15, како основно средство за работа.
Еве како изгледа чип (L4562) кој е залемен со обичен леткум (Ersa) кој што сум го залемил јас:
(http://img40.imageshack.us/img40/1635/img9727o.jpg)
-
БТ електроника, носат роба од Турција (бар така ми кажа продачот) тоа им е слаба страна.
-
Хаха, денес верувај подобро Турција отколку Кина :)
-
Хаха, денес верувај подобро Турција отколку Кина :)
I jas se slozuvam so ova 100%
-
Богами има да се намачи човек по пропис со кинескиве производи за било која работа да му се дали хоби или профи затоа отварај очи :o оти има гаранција додека да го купиш
-
Богами има да се намачи човек по пропис со кинескиве производи за било која работа да му се дали хоби или профи затоа отварај очи :o оти има гаранција додека да го купиш
како да отвараме очи? Кога идеш во продавница за делови како дознаваш дали е или не е кинеско? Дали има нешто јапанско или германско да се купи? Мислам НЕ. Врти сучи пак кинеско мора да купуваме
-
Првата станица за топол воздух што ја имав ја купив од бит пазар беше околу 3000 ден ги има уште сеа може да се и поевтини додека не ја користев многу беше супер ама после кога по
чнав почесто да ја користам сменив неколку рачки и на крај ја баталив купив соломон и сега немам проблеми со топење на рачката одлично работи.
-
И мене ми се топи рачката, пробав да ја заштитам одвнатре со силикон за висока температура но почна и силиконот да се топи :'(
-
хаха, со онај силиконот до 600 степени што е .. штом почнал да се топи и тој кузне колку е температурата
-
Незнам колку е точно температурата на греачот во рачката а сигурно е поголема од 600 степени греачот свети кога грее најверојатно е доста голема температурата.
-
Лемна станица на топол воздух може да се купи по некоја си нормална цена од 100 евра во БТ електроника што се наоѓа спроти олимписки базен.
Леткумот што е во комплетот нема везе, се прегрејува и црка за многу кратко време, но станицата за топол воздух врши работа.
Лично не ја користам многу но се наоѓа. Најчесто користам обичен леткум Ersa Miltitip 15, како основно средство за работа.
Еве како изгледа чип (L4562) кој е залемен со обичен леткум (Ersa) кој што сум го залемил јас:
(http://img40.imageshack.us/img40/1635/img9727o.jpg)
сале...од гојдо звучната ова???
иначе јас гага си добив Weller ама па врвот му е малце подебел за SMD лемење...ама па не сум се расправал со SMD до сега, сакам да си земам некој леткум со тенок врв зa SMD...а и имам гледано по интернетов демек домашно направени воздушни станици од обичен леткум и нешто што ке дува воздух....ама па немам пробано тоа, ако сакате линк....кажете...
-
Прати линк да видиме што чудо е тоа самоделско :)
-
http://www.instructables.com/id/DIY-Hot-Air-Soldering-Iron-using-12-18volts-DC-at-/
http://www.instructables.com/id/DIY-Hot-Air-Soldering-Iron_1/
ја две што ги имам најдено...иначе и јас се мислам да си направам 100% мое...па кога ке го направам ке ви пратам туторијал како сум го направил...
-
Чекаме успешна идеа и туторијал тогаш.
-
А наместо правосмукалка може да се искорист,моторце од фризидер компесорот фреонот со ог турка,инаце незнам тоцно како се вика само знам некои како мало компресорче го користат јас си го викам компресор за турканје на фреонот.
-
Gestak, сега ме збуни...за што спомна па тоа компресорот???
-
како пумпа која ќе праќа воздух до греачот, да не се става вентилатор
-
Наместо вентилатор и како пумпа може ,има јачина да пумпа гума од кола само поспоро,дува воздух сега ама не ептен колку вентилатор ама како оние купечките и повеќе ке дува,иначе јас си го викам компресор зошто дува воздух така како компресор,фреоно го движи само има мал притискок не е голем.
-
еееј, полека...ти ке правиш леткум, не па цел апарат за заварување...глеј тоа компресорот колкав е...ке се стави помала пумпа за аквариум и ке си шибаш...
-
Ама то не е пумпа ке кажеш пумпе ;D ова јас што ти викам има притиско од 0,5 бари а то што е од аквариум незнам би требало 0,1 да дава ама малце дава то и незнам дали ке врши работа + ова можеш да го направиш како оние кинеските во кутивче толкаво и дури поубо ;). Јас планирам нешто вакво да прам ама не сега малце потака.
-
со пумпа од аквариум ништо не правиш
хаха
тие се наменети за под вода да работаат, ако ја извадиш прегрејва и гори
а и да не е пумпа тоа, има еден вентилатор со кој се влечи од воздухот низ цевче кое пак го турка воздухот во вода
така да не е многу моќно за ова и плус споро е нема да има јачина за да може така да се работи ќе треба да се држи долго време на едно место, а со тоа може да се оштети компонентата која се леми
-
не, грешка си, има пумпи кој не се за во вода, и не се до толку слаби, ја имав таква една пумпа и планирав со нејзе да си правам леткум ама....којзнае кај сум ја запикал... >:(
-
Тогаш акваримот до тебе и терај ;D хаха мајтап малце мора без лутенје ама.
-
јас имам еден тон пумпи
и тие што ги имав беа сите за во вода потопување :S
-
Zdravo
Jas rabotam vo prodavnica za elektronika i da kazam pravo deka dosta od poeftinite lemila se imaat pokazano,onie od kina letkumi ima nekolku marki so se dobri ase dvizat od 200 do 400 den
A za lemilna stanica mislam deka tolku pari da frlas za hobi mnogo e,zboruvam za poubajte marki.
Kupi si edno od 500 den solomon da ti trae so godini:)
Pozdrav
-
Ако не е тајна од во која продавница за електроника продаваш.Оти едно дете од сколија си купи сломон и 1 ден не му истаја 2-ра кајшто ја менваше.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=865.msg5259 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=865.msg5259)
-
Не е тајна работам во алфа електроник битола.
-
еј мацо дали може преку тебе да нарачам некои делови зошто не емаил не ми одговара никој
еве веке цел месец
-
јас користам соломон и сум многу задоволен а е користам мос повеке од година дена
-
ја weller 8) користам и супер е
(постов го пишав само да се пофалм ;D)
-
;D а јас пак користам енхел и одлична е 300ден ;D
еве веке три год
-
;D а јас пак користам енхел и одлична е 300ден ;D
еве веке три год
Aj линкај ако може :)
-
ја користам соломон и сум презадоволен
-
И јас имам Solomon SL-20, немам на што да се пожалам, барем сега за сега, не ја користам предолго време, едно 4, 5 месеци, ама супер е ;).
-
СОРРИ за офф топик но каде може да се набави weller лемелица во мк ???
-
СОРРИ за офф топик но каде може да се набави weller лемелица во мк ???
Ако сакаш можам да ти дадам електрична шема, ППК и монтажна шема за Weller EC-2002 лемната станица, ама ќе треба лемилото посебно да си го земеш. Не си пробал во Login да видиш дали има? Би требало таму да има, малку скапичка може да биде, ама сеа тоа е тоа :S.
-
GIGAWATТ
ај те молам прати ми ја шемата на меил, или па отвори нова тема па таму пиши ја...
-
ОК, нема проблем... ;)
Само морам да напоменам дека ППК-то е двослојно, така да, може да биде малку проблем изработката :S.
-
не не не мислев да ја правам сакам да знам каде во мк се продава ај ке побарам во логинг ... секако фала
-
не не не мислев да ја правам сакам да знам каде во мк се продава ај ке побарам во логинг ... секако фала
во БТ електроника има, и во тоа бугарското што е исто во беверли хилс, не ми текнува како се вика...
-
не не не мислев да ја правам сакам да знам каде во мк се продава ај ке побарам во логинг ... секако фала
во БТ електроника има, и во тоа бугарското што е исто во беверли хилс, не ми текнува како се вика...
Електроинвест ;).
-
не не не мислев да ја правам сакам да знам каде во мк се продава ај ке побарам во логинг ... секако фала
во БТ електроника има, и во тоа бугарското што е исто во беверли хилс, не ми текнува како се вика...
Електроинвест ;).
да беее...а бе како и да е, пак бугари се...
-
да де, ама битно се разбравме ;).
-
Електронинвест :D
-
Чекај, не сватив, не се вика Електроинвест? Oд каде сега Електронивест ;D.
EDIT: Ауууууу, сеа сватив, со „н“ било, Електрон, не Електро, хахахахаха ;D ;D ;D.
-
електронинвест иначе дали се бугари не знам но таа е бугарска фирма која има продавница и кај нас. Претпазливо кај нив бидејки може да не знаат точна цена или да ви дадат друг дел. Мене и едното и другото :)
-
за цени се за никаде, и од логин се поскапи...
-
за цени се за никаде, и од логин се поскапи...
Не баш за се, зависи за што. На пример мерните инструменти им се релативно евтини, сеа не се некоја класа, ама поевтини се одколку во Login ;).
-
Евего мојот последен проект,домашно направена дигитална лемилна станица
http://www.youtube.com/watch?v=WtTA5Uv3X54
Во наредните денови ке го објавам целиот проект ;)
Поздрав
-
Браво, одлично изработено, баш профи изгледа ;).
-
Браво. Очекуваме нова тема со опис на целиот проект со шеми и слики.
-
@macobt многу добро , со години чекам вакво :)
што рачка користиш?
-
Мислам дека е од Solomon SL-20 лемната станица, а можеби и грешам, мада (вака по градба) ми личи на Solomon леткум ;).
-
Доколку си почетник како мене земи си Ersa Miltitip 15 и немај гајле :) супер си ја врши работата
-
Разгледував по интернет и се мислам да ја правам оваа станица мислам дека ја има и еден член изработено ако е таа. Дали се деловиве достапни кај нас и што мислите колку би чинела ориентационо. Еве линк од неа:
http://translate.googleusercontent.com/translate_c?hl=en&ie=UTF-8&sl=auto&tl=en&u=http://www.radiokot.ru/lab/controller/10/&prev=_t&rurl=translate.google.com&usg=ALkJrhjEEvD-y6f_HKG7LsZNTSO-cxjIag
-
микроконтролерот ти е негде 150-200 денари другото е ефтино
без рачка не би требало повеќе од 500 денари се да те фати (без напојување)
плус ти треба некој да го програмира микроконтролерот
-
имам кој да го програмира, незнам дали со трафо од 24в ќе работи?
-
имам кој да го програмира, незнам дали со трафо од 24в ќе работи?
Најверојтано, потребна е рачка која работи на 48V, а дури и да работи на 24V, дупло поголема струја ќе влезе рачката за да ја постигне истата моќност :S.
-
како тоа гига...кога греачот си има одредена отпорност, ако напонот се намали, и струјата ке се намали, моќноста ке се намали и на крај температурата ке биде помала...
-
имам кој да го програмира, незнам дали со трафо од 24в ќе работи?
Најверојтано, потребна е рачка која работи на 48V, а дури и да работи на 24V, дупло поголема струја ќе влезе рачката за да ја постигне истата моќност :S.
каде виде 48в? јас гледам 24в дека му е рачката на овој што го изработил ова
-
како тоа гига...кога греачот си има одредена отпорност, ако напонот се намали, и струјата ке се намали, моќноста ке се намали и на крај температурата ке биде помала...
Загреан проводник има поголема отпорност од ладен проводни.Исто е и со греачот
-
тоа знам, ама според мене струјата ке биде помала на 12V одколку на 24V (или колкав и да беше напонот....) а гига викаше дека на 12V струјата ке биде поголема, што за мене нема смисла, па ако може гига да каже што мислеше :D
-
Па да ако греачот е 48 вати за да постигне толкава мокност при дупло помал напон ке се зголеми струјата
P=U*I....48=24*I....I=2 А при напон од 24 волти
а при напон од 12 волти ке е:
48=12*I...I=4A
-
а отпорот на жицата???
-
Всушност во право си. ;) Со помал напон ке добиеш помала мокност.Така да ке добиеш на 12 волти 24 вати што нема да грее убаво греачот.
-
Ај сеа назад на проектот некој ако може нека ја види и плочката не ми е јасно на неа зашто има 2 места за напојување?
-
Никола и јас сакав да го правам овој проект но никаде не можам да најдам таква рачка соломон сл 10
-
Дај сподели некое инфо за прокетов за рачка ке ти кажам како да се снајдеш. Зошто на проектов гледам напојување од 7-10в и уште 2 точки на напојување обележани со с1-с2?
-
Ај сеа назад на проектот некој ако може нека ја види и плочката не ми е јасно на неа зашто има 2 места за напојување?
тоа друго напојување е ако напојувањето ти е ако напојувањето за леткумот ти е многу големо и за да не ти грее стабилизаторот (LM7805) на тој влез се носи помал напон (од друга секундарна намотка од истото трафо или од друго трафо) и стабилизаторот нема да грее...а и кај е тоа с1-с2, дека јас неможам да го видам на плочката...
-
Никола проектот се напојува со 24 волти наизменичен напон.Потоа на плочките се исправа со диода па после со напонски стабилизатори се добива 5 и 9 волти.
-
Ај сеа назад на проектот некој ако може нека ја види и плочката не ми е јасно на неа зашто има 2 места за напојување?
тоа друго напојување е ако напојувањето ти е ако напојувањето за леткумот ти е многу големо и за да не ти грее стабилизаторот (LM7805) на тој влез се носи помал напон (од друга секундарна намотка од истото трафо или од друго трафо) и стабилизаторот нема да грее...а и кај е тоа с1-с2, дека јас неможам да го видам на плочката...
с1 и с2 се одма над У23
Никола проектот се напојува со 24 волти наизменичен напон.Потоа на плочките се исправа со диода па после со напонски стабилизатори се добива 5 и 9 волти.
Гледам каде се добива 5в ама 9в не гледам?
Значи кога би го правел со 24в трафо каде би го довел напонот од трафото на У23?(зошто на плочката за у23 пишува 7-10в)
-
А за кој проект зборуваш ти?Оној од емитер што е 10/11 2005
-
хехе не за тој туку за тој што го постирав во оваа тема. ти за сосема друг хехе
-
никола имаш ли прочитано што пишува на таа страната??? прочитај го цел текст, па потоа прашај нешто ако не ти е јасно...се си пишува таму убаво :D
-
иам прочитано неколку пати и пак не ми е јасно за напојувањето. ако ти си сватил те молам објасни ми
-
Ај да не quote-ирам и на сите да им одговарам, се извинувам, напонот на кој се грее рачката е најверојатно 24V, а моќноста му е најверојатно 48W, сум се збунил кога сум пишал, не знам што ми се вртело низ памет ;D.
Споено мислење: [time]14 Февруари 2011, 14:41:10[/time]
а отпорот на жицата???
Кај овие лемила нема грејна жица, има керамички греачи (дека напонот е низок, па нема потреба да се става кантал жица, доволно е еден керамички греач). Ако е напонот дупло помал, керамичкиот греач ќе повлече дупло поголема струја за да може да ја постигне истата моќност. Ова го имам некаде прочитано (мислам дека беше во некое списание, или така нешто), но тоа се случува со керамичките греачи ;) (или, барем така пишуваше).
-
иам прочитано неколку пати и пак не ми е јасно за напојувањето. ако ти си сватил те молам објасни ми
значи човекот што го правел тоа напојување леткумот му работел на 24V. и сега ако твојот леткум треба да работи на поголем напон (пример 48V) стабилизаторот 7805 ке цркне и од преголем напон, а и многу ке се загрева. и има дадено предлог ако користиш многу голем напон за напојување на леткумот ке можеш да поврзеш и друго, посебно напојување (дали од друго трафо или друга секундарна намотка) со помал напон (од 7V па нагоре можеш да ставиш, само па немој многу голем напон дека ке ти грее многу стабилизаторот) и за тоа е другиот грец (тој што е долниот) а тој што е грецот горе нетреба таков да биде (како што имам приметено таквите грецови се до 1,5А максимална струја, а можеби и грешам) треба друг грец да ставиш што ке издржи поголема струја од струјата потребна за леткумот (барем дупло поголема струја треба да ја земеш во предвид дека греачот има мал отпор кога се уклучува на почетокот)...ок е сега, јасно е се?? ако не е јасно кажи што не ти е...
-
Фала Бојан сега е бајаги појасно...
Имам уште едно прашање дали некој знае дали рачката за соломон сл20 и за HQ 20 е иста, на слика изгледа иста спецификации има исти но дали термопарот е исти за да може да функционира едната рачка на другата станица и обратно...Ако некој ја има рачката од соломон дали може да измери и да каже отпорност на термопарот при собна температура и да споредиме со отпорноста на HQ?
-
Ако некој ја има рачката од соломон дали може да измери и да каже отпорност на термопарот при собна температура и да споредиме со отпорноста на HQ?
Отпорноста на термопарот на собна температура е 11.3 ohm-и ;).
-
уффф овој HQ 2,2оми има
-
уффф овој HQ 2,2оми има
Епа изгледа не си оговараат рачките :S.
-
термопаровите немаат отпорност, тие генерираат напон што зависи од разликата на температурата на краевите, така да џабе ви е отпорноста што ја мерите...
-
термопаровите немаат отпорност, тие генерираат напон што зависи од разликата на температурата на краевите, така да џабе ви е отпорноста што ја мерите...
Можеби во право си, не знам, искрено не се разбирам во термопарови, но мисалм дека само различен пад на напон прават на многу мала струја што тече низ нив, што значи дека ја менуваат отпорноста (ова се разбира е точно ако сум во право).
-
Термопаровите на леткумите се обично од К-тип термопар.К-тип термопар е спој на два различни метала кој кога се загреваат на нивните краеви се појавува напон.Така да Никола уклчи го леткумот на 24 волти и мери на сензорот дали расте напонот.
-
Колку пари е ваква една да се купи ?
http://www.rlocman.ru/op/tovar.html?di=53597&/SL-20
-
Колку пари е ваква една да се купи ?
http://www.rlocman.ru/op/tovar.html?di=53597&/SL-20
Oколу 2000-3000ден ;D
-
Фала ;D