Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 26.01.2011, Wednesday, 18:37:35
-
Неколкумина од вас ,кои добија некои шеми од мене, се јавија да прашаат што е на шемата за свртници она L-pad ? Одговорот е едноставен - тоа е жичен потенциометар со јачина од 5-7 вати и отпорност од 8 -16 ома.Се користи во колото на високотонецот за регулирање на атенуацијата .Еве како изгледа и како се поврзува во шема.
-
Принцип на градба сличен на автотрансформатор ;). Ги знам овие потенциометри, имам дома неколку вакви, со отпорност од 100 оми, или тука некаде ќе да беше ;).
-
Целата работа е во тоа да се направи баланс меѓу сериски и паралелен отпор кон звучникот како се намалува серискиот,така се зголемува паралелниот отпор.Со тоа се врши атенуација - намалување на осетливоста на високотонецот .