Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: batka on 25.01.2011, Tuesday, 00:35:45

Title: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: batka on 25.01.2011, Tuesday, 00:35:45
Добар е за почетници,ама гледам дека е тренд во цела Европа да се слушаат радио-станици на средни таласи. Иако не е воодушевувачки тоа сепак е  начин на стекнување знаење. Направено е од еден Горан,кој мисли дека со ова може да се настапува на натпревар на НТ.Дефинитивно работи.

Споено мислење: 25.01.2011, Tuesday, 00:39:03
Пардон - калемот е на феритна антена со дијаметар 1 см.Намотани 80 намотки лак жица 0,3 мм една до друга
Title: Одг: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: Malecko on 25.01.2011, Tuesday, 00:39:25
Што е бре тоа таласи,сегде го зборите а врска неам што е?Таласи е бранови или што? ;D
Title: Одг: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: batka on 25.01.2011, Tuesday, 00:44:10
Талас е српски,точно, ама тоа ми е некако превземено од стручната литература,па го користам.Се извинувам,нишка школа! ;D ;)
Title: Одг: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: GigaWatt on 25.01.2011, Tuesday, 01:08:00
Талас е српски,точно, ама тоа ми е некако превземено од стручната литература,па го користам.Се извинувам,ничка чкола! ;D ;)

Знам, сум забележал дека повеќето кои живееле и рабоетел/твореле во времето на СФРЈ, а им било хоби или професионално се бавеле со електроника, адио-техника, што и да е, дека често коистат „таласи“ наместо „бранови“, и петпоставував дека е поради стручната литература, која тогаш само на Српско-Хрватски била ;).
Title: Одг: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: DX-er on 25.01.2011, Tuesday, 01:10:27
точно и јас имам приметено, зборат чисто македонски ама ако треба да кажат радио бран ке речат радио талас... а ао треба да речат водени бранови си викаат бранови :)
Еј на некој му текнува што означува тоа "таласање" бранување е или нешто друго?
Title: Одг: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: batka on 25.01.2011, Tuesday, 01:11:14
И до ден денес е ! Да бидеме реални - ние сме по стручна литература многу назад зад нив! За тоа јас стално се лутам на нашиве * стручњаци*! Не се наоѓаат 2-3 луѓе да напишат нешто,иако имаме луге со широки познавања,ама немаат интерес и воља да пишуваат.Меѓу нив и себе си се наоѓам.... >:( :(

Споено мислење: 25.01.2011, Tuesday, 01:13:14
Тука спаѓа и класниот на Даниел! :o
Title: Одг: Едноставен приемник за средни таласи
Post by: GigaWatt on 25.01.2011, Tuesday, 03:27:04
Еј на некој му текнува што означува тоа "таласање" бранување е или нешто друго?

Точно, да, „таласање“ значи „бранување“ ;).

И до ден денес е ! Да бидеме реални - ние сме по стручна литература многу назад зад нив! За тоа јас стално се лутам на нашиве * стручњаци*! Не се наоѓаат 2-3 луѓе да напишат нешто,иако имаме луге со широки познавања,ама немаат интерес и воља да пишуваат.Меѓу нив и себе си се наоѓам.... >:( :(

Споено мислење: [time]25 Јануари 2011, 01:13:14[/time]
Тука спаѓа и класниот на Даниел! :o

Тоа е тоа, ретко се наоѓаат луѓе кои сакаат нешто да напишат, но сепак, ги има, не е дека ги нема, а Србите си имаат традиција за пишување и преведување на книги и секаков тип на литература, тоа е уште одамна познато ;).

Да се вратиме назад на темата, сепак, не е темата за ова ;).