Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:33:57

Title: FM приемник со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:33:57
Не очекувајте голема осетливост од ова ама бидејќи денес FM предавателите се јаки и се во градот можете да фатите понекоја станица :). Со тримерот ја подесувате јачината на супер-реакцијата а со тоа осетливоста и плус правите кога нема станица радиото да шуми. Пригушниците може да ги намотате сами ама за полесно може да купите од оние 100uH што личат на отпорник од 1W.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=37.0;attach=12635)
Title: Одг: FM приемник со 1 транзистор
Post by: DX-er on 19.02.2010, Friday, 14:45:16
a каква е стабилноста на приемникот, дали со мрдање на кабелот од слушалките и антената се менува фрекфенцијата?
Каква е гласноста и живоста на звукот?
Овој периемник посебно ме заинтересира оти нема интегрално коло  :)
Title: Одг: FM приемник со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 19.02.2010, Friday, 16:04:02
Овој применик е од супер-регенеративен тип и нема многу елементи но задоволува во поглед на тоа што има релативно добра осетливост и селективност за коло со 1 транзистор. Со мрдање на антената и аудио кабелот се менува малку фрекфенцијата но не премногу и најчесто останува на станицата ;)