Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: GigaWatt on 24.11.2010, Wednesday, 21:40:10

Title: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 24.11.2010, Wednesday, 21:40:10
Малер сум за некои работи, па и за ова се покажа дека сум, ми прегоре грејната жица за „фенот“ :S. Ја преспоив, ама голем дел од неа беше стопен, па сега е премногу кратка жицата и влече премногу струја, па ми е страв да не го расипам леткумот и решив да барам нова грејна жица, само што не знам каде да барам :S. Грејната жица е нисконапонска (за низок напон, значи би требало да има помала отпорност во однос на високонапонската грејна жица, како за фен на пример), мислам дека и се испорачува напон од 24V (барем според стабилизаторите кои ги видов во внатрешноста на уредот, мада не ме земајте за збор треба да измерам). Дебелината искрено не и ја знам, мада изггледа како да е 0.5mm, или 0.3mm, не ме земајте за збор, ако е потребна и таа информација, ќе измерам, не е проблем ;).

Значи проблемот е, каде да најдам ваква грејна жица ???. И ако може да се најде во Македонија, по која цена може да се најде. Побарав низ неколку продавници за електронски компоненти (вклучувајќи и Loging), ама никаде не најдов, побарав и во Iskra, но и таму немаа.

Еве и две слики, за да имате претстава колку е дебела грејната жица и за споредба ставив и еден друг редмет со претходно позната големина (за да имате подобра орентација колку е дебела грејната жица ;)).

(http://img522.imageshack.us/img522/301/sdc10673h.th.jpg) (http://img522.imageshack.us/img522/301/sdc10673h.jpg)   (http://img220.imageshack.us/img220/8752/sdc10674m.th.jpg) (http://img220.imageshack.us/img220/8752/sdc10674m.jpg)

Било каква информација е добредојдена ;). Благодарам однапред ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 24.11.2010, Wednesday, 21:45:52
Ти треба кантал жица?Кажи ми пресек ;) :)
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 24.11.2010, Wednesday, 21:51:33
Ти треба кантал жица?Кажи ми пресек ;) :)

Изгледа како да е 0.3 или 0.5mm, мада од ова сега што измерив повеќе ми иде накај 0.3mm, или евентуално 0.4mm. Абе кај и да има, јас ќе си носам примерок, па таму ќе видам дали ми одговара или не ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Devil on 24.11.2010, Wednesday, 21:51:42
а не може од друг греач да се пренамота ?
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 24.11.2010, Wednesday, 21:54:06
а не може од друг греач да се пренамота ?

Па да де, поентата е да ја премотам, ама ова нисконапонска, не знам каде можам да најдам така, инаку баш како за фен (мсиалм за коса ;D), има да се најде, во Iskra има, 1mm жица, ама таа високонапонска, со голема отпорност, мене ми треба нисконапонска, со мала отпорност ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Devil on 24.11.2010, Wednesday, 21:56:43
има она греачи за лемила ама тоа се за на 230V
незнам, да ја скратиш па така да пробаш
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 24.11.2010, Wednesday, 21:57:22
Ти треба кантал жица?Кажи ми пресек ;) :)

Изгледа како да е 0.3 или 0.5mm, мада од ова сега што измерив повеќе ми иде накај 0.3mm, или евентуално 0.4mm. Абе кај и да има, јас ќе си носам примерок, па таму ќе видам дали ми одговара или не ;).
Тоа имаш на зелен пазар,незнам баш точно каде но има ;D.Него,да не ја шиткаат онака како федер,а не баш како обична жица.А тебе колку сантиметри/метри ти треба,да видам ако имам дома да ти дадам ;D.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 24.11.2010, Wednesday, 22:01:26
има она греачи за лемила ама тоа се за на 230V
незнам, да ја скратиш па така да пробаш

Поентата е да е долга, не ради друго, треба да има доста намотки од неа за да може воздухот постепено да се загрева :S. Вака ако ептен ја скратам (а ќе треба некаде 10 или 15 пати пократка да ја направам), па нема да има воздухот доволно време да се загрее и PWM сигналите ќе доаѓаат до грејната жица со поголема фреквенција, што автоматски значи дека ќе треба MOSFET--от кој го врши прекинувањето да биде појак, а не планирам да ја репарирам цела лемна станица (освен ако ен морам, ако не можам да најдам грејна жица, тогаш да, ќе морам да ја преправам, ама сега за сега, сеуште сум во потрага по адекватна грејна жица).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: LordZi on 24.11.2010, Wednesday, 23:12:29
Едно време имаше жичани отпорници мотани на стаклено цевче, жицата беше од надвор и лесно се вадеше, можда да пробаш да најдеш некој таков, ако не најдеш мислам дека уште ми се мота понекој таков низ дома... ;) :)
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 24.11.2010, Wednesday, 23:18:12
Едно време имаше жичани отпорници мотани на стаклено цевче, жицата беше од надвор и лесно се вадеше, можда да пробаш да најдеш некој таков, ако не најдеш мислам дека уште ми се мота понекој таков низ дома... ;) :)

Искрено да ти кажам, немам, но ако функционира, зошто да не ;). Само да не прегори, бидејќи ова е грејна жица, не отпорник, намената му е да грее и да може да остане загреан без да изгори :S. А колку е долга таа жица ???, дека на мене ми треба доста долга, некаде околу 2 метра, или така нешто :S.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: batka on 24.11.2010, Wednesday, 23:50:38
Гига,еве погледај нешто овде..Барај некој греач на *бувљак* и пресметај!
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Bojan on 25.11.2010, Thursday, 01:01:24
батка ова од емитер ти е??? ај ако можеш кажи кој емитер е...
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 25.11.2010, Thursday, 01:07:49
батка ова од емитер ти е??? ај ако можеш кажи кој емитер е...
Види го емитер 11/2004 ;) :)
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: LordZi on 25.11.2010, Thursday, 08:57:29
Едно време имаше жичани отпорници мотани на стаклено цевче, жицата беше од надвор и лесно се вадеше, можда да пробаш да најдеш некој таков, ако не најдеш мислам дека уште ми се мота понекој таков низ дома... ;) :)

Искрено да ти кажам, немам, но ако функционира, зошто да не ;). Само да не прегори, бидејќи ова е грејна жица, не отпорник, намената му е да грее и да може да остане загреан без да изгори :S. А колку е долга таа жица ???, дека на мене ми треба доста долга, некаде околу 2 метра, или така нешто :S.

Би требало да има  2 метра :), ај ќе ја најдам па ќе видиш дали ти одговара.

Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 25.11.2010, Thursday, 09:36:57
Гига,еве погледај нешто овде..Барај некој греач на *бувљак* и пресметај!

Хммммм, ова може да биде корисно, а каде може да најдам ваква кантал жица, глеам на бувљак имаш пишано, а освен таму нема да се купи во продавница, на пример Електрометал, или така нешто?

батка ова од емитер ти е??? ај ако можеш кажи кој емитер е...
Види го емитер 11/2004 ;) :)

Тој број би требалода го имам дома, баш ќе разгледам што точно има во него и ќе го прочитам цел напис ;).

Би требало да има  2 метра :), ај ќе ја најдам па ќе видиш дали ти одговара.

Нема проблем, кога ќе можеш, тогаш ;). Не се брзам екстремно многу ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Bojan on 25.11.2010, Thursday, 20:51:43
кантал  жица можеш да најдеш во фен, греалка некоја или кај било што треба да грее кај што би имало греач, ама пази дека жицата била многу пати загревана-ладена и може да пукне при работа...
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 25.11.2010, Thursday, 20:58:54
Значи нема да се купи кантал жица вака од продавница ???.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Devil on 25.11.2010, Thursday, 21:03:20
на метро нема :)
има греачи и да одмоташ некој греач :)
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 25.11.2010, Thursday, 21:34:04
ОК, барем да си знам што да барам, благодарам на сите за помошта ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: SKOLS_OLD on 25.11.2010, Thursday, 22:00:39
а што не купиш грејач од БТ електроникс!?300 денари е мислам!
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 26.11.2010, Friday, 00:28:18
Значи нема да се купи кантал жица вака од продавница ???.
Moжеби нема во продавница,ама има на пазар и тоа нова кантал жица...јас со таткоми одевме на зелен пазар и таму зимавме,ама не ми текнува цена иначе одеше на метро... ;) :)

П.С. Сигурно има во хубо,ако ти е некогаш успат ѕирни. ;D ;)
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 26.11.2010, Friday, 04:02:25
а што не купиш грејач од БТ електроникс!?300 денари е мислам!

Не ми треба греач, ми треба баш грејна жица, на посебен начин се мота грејната жица околу термо-сензорот (не е термопар) и треба да биде доволно тенка и да има доволно навивки за да не гори, но не и премногу да биде дебела или премногу навивки да има за да не може воздухот убаво да струи низ жицата, инаку ќе се дебалансира температурата на воздухот во цевката и на тој што се издувува, бидејќи ќе има мал застој на воздухот во цевката, тој што е во цевката ќе биде потопол (а да не спомнувам дека тој воздух само додатно ќе го загрева гречот, односно гејната жица), а тој што ќе излегува од „фенот“ ќе биде малку поладен, па автоматски леткумот нема да ја прикажува реалната температура на воздухот што се издувува :S.

Значи нема да се купи кантал жица вака од продавница ???.
Moжеби нема во продавница,ама има на пазар и тоа нова кантал жица...јас со таткоми одевме на зелен пазар и таму зимавме,ама не ми текнува цена иначе одеше на метро... ;) :)

П.С. Сигурно има во хубо,ако ти е некогаш успат ѕирни. ;D ;)

Баш ќе проверам и на пазар и во хубо, ќе му дадам и на еден другар да види што може да најде, баш го прашав и ми рече дека можеби имал некој негов пријател баш таква нисконапонска гејна жица како за SMD леткум, дека и на неговиот пријател SMD леткумот му се зезнал и морал да купи нова грејна жица, па сам да ја мота, па ако му останала, рече дека ќе се направи нешто... ама под услов да му останала :S... ај ќе видиме, има време, не се брзам ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 29.12.2010, Wednesday, 02:22:37
Вака сега, дознав некои работи за лемната станица.

Овие лемни станици се продваат под разни имиња, а инаку најверојатно ги произведува една фабрика (претпоставувам дека се копии од некоја друга лемна станица на топол воздух, па мораат да ги менуваат имињата на производителот секогаш кога ќе ги фатат дека се копии). Се произведуваат под brand-овите Lucky, Joho, Golden Lion и некои други, а имињата на моделите се доста слични. Мојот модел е 852D, а ианку на една слична лемна станица произведена од Joho, моделот е 850 (слика и спецификации, ако може така да се наречат, многу се оскудни, има подолу, овие спецификации се разбира важат само за леткумот на топол воздух).

(http://www.mediafire.com/convkey/2b2f/yz9sztaap0i81czzg.jpg)

Quote
Rework station

Input voltage: AC 220V

Power consumption: 270W

Pump type: Diaphragm pump

Air flow rate: 0.3-24L/min(Max), stepless speed regulation

Heater: Metal, 250W

Hot air temperature range: 100-420 degrees

Според зададените спецификации, ја пресметав потребната должина на кантал жицата (користејќи пропорции и табелата за кантал жица дадена во Емитер, бидејќи за зададената моќност немаше вредност во табелата, имаше за 750W, но не и за 270W, па мора да импровизирам, иако мислам дека не е баш најдобар метод тоа, но немав избор) и пробав да ја премотам самата грејна жица со малку подебела кантал жица (оригиналната грејна жица беше дебела околу 0.3mm, а јас ја премотав со кантал жица со дебелина од 0.45mm). Должината на жицата (со оскудните пресметки) излезе околу 3.2m, па исеков 3.2m и ги намотав на сличен начин како и оригиналната грејна жица (не направив слики како изгледаше тоа, но начинот на мотање беше дури подобар и од оргиналот, барем според мене). Е сега, жицата беше премногу долга (малку поголема излезе намотката одколку што се надевав), се препокриваа намотките од кантал жицата една преку друга, но и на оригиналната истото се случуваше, и мислев дека нема да има проблем. Но, кога ја пуштив во работа лемната станица, изгоре осигурувачот на лемната станица (сеуште не сум проверил дали има изгорено уште нешто, иако мислам дека нема, вака барем „од око“ изгледаше дека нема). Одкако ја отворива рачката на лемната станица, се гледаше дека се завариле жиците една за друга (од што биле преблиску :S), па предизвикале краток спој во колото и „запалил“ на време осигурувачот. Како и да е, поентата е дека жицата била предебела, па пореди тоа и дебелината на целото грејно тело се зголемила, а расположливиот простор е мал, па морав малку да ја натиснам намотаната грејна жица околу керамичкиот држач на грејното тело (да го „сплескам“ гејното тело).

Инаку, чисто колку за информација, на грејната жица и се носи напон од 230V (мрежен). Претпоставувам дека ова е ситуацијата со сите Кинески лемни станици (и онака сите си личат како „јајце на јајце“, само се разликуваат производителите, ако воопшто се разликуваат ::)).

Инаку, реално гледано, лемната станица е изведена доста солидно, предимензионирани компоненти, компоненти од познати брендови (Intersil, Fairchild, иако морам да признаам дека не знам дали се оргинал, можно е и да се копии), што е навистина чудно да се начека во некој Кинески производ. Како единствена мана можам да ја наведам грејната жица и најзината издржливост (уште кога ја отворив рачката за лемење, се гледаше дека грејната жица не е баш нешто „нај нај“). Како прекинувачки елемент се користи триакот BTA08-600C (8A, 600-800V, остеливост на гејт од 25mA, производтсво на ST, останатите спецификации во datasheet-от можете да ги најдете тука (http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/22043/STMICROELECTRONICS/BTA08.html)).

Е сега имам три прашања (поточно две прашања и една молба):

1) Каде можам да најдам тенка кантал жица (0.3mm или евентуално потенка, 0.25mm, 0.2mm, или така нешто)? Дали може да се најде по пазарчињава (зелен пазар, бит-пазар, итн.)?

2) Каде можат да се најдат равенки (формули, не табели) за пресметка на должина на кантал жица? Само да не се теоретски (да се базираат врз база на теоретски пресметки на тој и тој метал, туку да бидат емпириски, испробани во пракса). На пример, задавам работен напон, задавам определена моќност, задавам дебелина на жица и како резултат да добијам должина на жицата.

3) Ако може некој кој се разбира повеќе во високонапонски прекинувачки елементи да ми објасни нешто повеќе околу триакот (јас повеќе теоретски се разбирам околу овие компоненти, послабо практично :S), пред се колкава моќност може да издржи (не знам до која максимална моќност на грејно тело можам да експериментирам, односно со колкава должина на грејната жица можам да експериментирам).

Балгодарам однапред ;).

Споено мислење: 29.12.2010, Wednesday, 04:10:07
а што не купиш грејач од БТ електроникс!?300 денари е мислам!

Ова дури сега го прочитав, не знаев дека има, ако се навистина околу 300 денари, би земал еден, во Алфа беа могу поскапи, па затоа се решив сам да си ја мотам.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 29.12.2010, Wednesday, 13:07:23
1) Каде можам да најдам тенка кантал жица (0.3mm или евентуално потенка, 0.25mm, 0.2mm, или така нешто)? Дали може да се најде по пазарчињава (зелен пазар, бит-пазар, итн.)?

2) Каде можат да се најдат равенки (формули, не табели) за пресметка на должина на кантал жица? Само да не се теоретски (да се базираат врз база на теоретски пресметки на тој и тој метал, туку да бидат емпириски, испробани во пракса). На пример, задавам работен напон, задавам определена моќност, задавам дебелина на жица и како резултат да добијам должина на жицата.

3) Ако може некој кој се разбира повеќе во високонапонски прекинувачки елементи да ми објасни нешто повеќе околу триакот (јас повеќе теоретски се разбирам околу овие компоненти, послабо практично :S), пред се колкава моќност може да издржи (не знам до која максимална моќност на грејно тело можам да експериментирам, односно со колкава должина на грејната жица можам да експериментирам).
1) По пазариве има 100% таква жица,е сега за пресек на жицата незнам,можеби имаат таква тенка како што бараш.Татко ми има зимано од зелен пазар(мислам) за грејачи што му треба,цената е ниска,не ми се верува да е поскапа од 30ден по метро.Е сега проблемот е дали ќе најдеш толку тенка жица како што ти треба,бидејќи тие обично имаат од подебелите,тие за грејачи што работат на 230V ;D

2) Тука мислам дека ќе најдеш тоа што ти треба за да пресметаш
Code: [Select]
http://www.heatersplus.com/nichrome.htm
3)Околу ова,нека каже некој по искусен :D
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 29.12.2010, Wednesday, 13:43:00
2) Тука мислам дека ќе најдеш тоа што ти треба за да пресметаш
Code: [Select]
http://www.heatersplus.com/nichrome.htm

Аха, значи всушност станува збор за никел-хром жица, епа јас не знаев ни од каков метал е изработена таа кантал жица (кај нас кантал ја викаат нели и никој не знаеше да ми каже од каков метал е изработена за да побарам пресметки на net, дека сигурно на Aнглиски не ја викаат кантал жица ;D).

Како и да е, ќе отидам прво до BT, ако навистина само грејното тело (држач, жица, се заедно) е околу 300 денари, не ми се исплати да премотувам, едноставно ќе си купам нова. Доколку пак ми изгори, дефинитивно ќе барам друго чаре, не ми се исплати на неколку месеци да купувам ново грејно тело :S. Но ако оваа новата излезе поквалитетна од старата, зошто да не, 300 денари не е прескапа сума на пари само за грејното тело ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 29.12.2010, Wednesday, 13:57:05

На инглиш ќе ја сретнеш и како „nichrome wire“ и како „kanthal wire“ ee ти што мислиш од каде се пола имиња на нашиве „производи“ се се некои странски :D
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 29.12.2010, Wednesday, 14:01:51
На инглиш ќе ја сретнеш и како „nichrome wire“ и како „kanthal wire“ ee ти што мислиш од каде се пола имиња на нашиве „производи“ се се некои странски :D

Па не знаев, мислев дека некое Гермнаско име е (барем така ми личеше), зашто и онака пола од техничката терминологија ни е од Германскиот позајмена ;D.

Споено мислење: [time]29 Декември 2010, 21:55:26[/time]
Бев денеска до BT, греачот е 500 денари, но без термо сензор е, а мојата лемна станица има и термо сензор :S, а нема доволно место да се премести термо сензорот од мојот на новиот греач.

Споено мислење: [time]30 Декември 2010, 00:00:25[/time]
Не можам, изгубив нерви >:(. Мотав 3 пати и 3 пати жицата гори, ако ја ставам таа од 0.1mm, гори кантал жицата, ако ја ставам таа од 0.45mm (според пресметките), гори осигурувачот пак :S. Не можеш средина да најдеш, од такт се извадив.

Немам нерви >:(, многу „пипава“ работа е :S, можеби во иднина ако најдам некаде 0.2mm или 0.3mm кантал жица да пробам, ама сега не можам да барам, пребарав секаде и никаде не можев да најдам, од 0.5mm па нагоре имаат секаде по пазариве :S. Таа 0.1mm од пријател ја најдов.

Се одлучив, ќе си купам нова рачка од Алфа.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 04.01.2011, Tuesday, 15:33:47

А да пробаш,ако имаш уште останато од таа од 0,1мм да намоташ дупло,значи да смоташ две жици од по 0,1мм и да пробаш така да намоташ?
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 04.01.2011, Tuesday, 15:37:38
А да пробаш,ако имаш уште останато од таа од 0,1мм да намоташ дупло,значи да смоташ две жици од по 0,1мм и да пробаш така да намоташ?

Готово, веќе купив нова рачка од Алфа, само ќе ја имзерам отпорноста на жицата да знам за нареден пат ако ми изгори и овој греач кога ќе мотам колкава отпорност треба да добијам, само тоа ;).

Сега имам друг проблем, изгледа сум го изгорил оптокаплерот и триакот за напојување на рачката на топол вопздух :S. Треба да одам нови да земам :S.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: SKOLS_OLD on 04.01.2011, Tuesday, 15:58:25
а не побара од БТ електроника?
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: batka on 04.01.2011, Tuesday, 16:01:50
Гига,за тебе и другите еве шема за фен,ако некој сака да си направи! ;) :D ;D
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 04.01.2011, Tuesday, 16:02:33
Сега имам друг проблем, изгледа сум го изгорил оптокаплерот и триакот за напојување на рачката на топол вопздух :S. Треба да одам нови да земам :S.
Кажи што делови се па да ти прашам за цена во гац,кој тријак и кој оптокаплер?
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 04.01.2011, Tuesday, 16:47:56
Гига,за тебе и другите еве шема за фен,ако некој сака да си направи! ;) :D ;D

Многу е комплицирана шемата, на лемнава станица дома што ја имам далеку поедноставна е, со ICL7107 е изведена, и околни компоненти за контрола, но нема ни оддалеку толку многу операциски засилувачи ;).

Сега имам друг проблем, изгледа сум го изгорил оптокаплерот и триакот за напојување на рачката на топол вопздух :S. Треба да одам нови да земам :S.
Кажи што делови се па да ти прашам за цена во гац,кој тријак и кој оптокаплер?

MOC3023 е оптокаплерот, а триакот е BTA08-600C ;).
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 04.01.2011, Tuesday, 16:52:00
Во гац,тријакот ВТА 08 600 е 50ден,а оптокаплерот МОС 3023 е 40 ден,значи се на се не би требало да те фати повеќе од 100ден :D ;)
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 04.01.2011, Tuesday, 20:08:01
Во гац,тријакот ВТА 08 600 е 50ден,а оптокаплерот МОС 3023 е 40 ден,значи се на се не би требало да те фати повеќе од 100ден :D ;)

Бев, ги купив, ама изгледа и некој друг проблем има, треба да видам што уште е проблемот, може и воопшто да не бил оптокаплерот и триакот :S.
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: Malecko on 04.01.2011, Tuesday, 20:10:09
Во гац,тријакот ВТА 08 600 е 50ден,а оптокаплерот МОС 3023 е 40 ден,значи се на се не би требало да те фати повеќе од 100ден :D ;)

Бев, ги купив, ама изгледа и некој друг проблем има, треба да видам што уште е проблемот, може и воопшто да не бил оптокаплерот и триакот :S.
Ajjj,eпа мери ваму таму,осцилоскопот во рака и ќе најдеш што е.Случајно да не не одговара рачката,или скроз се исти по тип мислам?
Title: Одг: Грејна жица за SMD лемна станица?
Post by: GigaWatt on 04.01.2011, Tuesday, 20:14:50
Ajjj,eпа мери ваму таму,осцилоскопот во рака и ќе најдеш што е.Случајно да не не одговара рачката,или скроз се исти по тип мислам?

Па тоа сега правам, гледам каде може да биде на друго место проблемот, прекинувачките сигнали стигаат до оптокаплерот, ама не излегуват од него :S. А го сменив, ставив и нов триак (случајно да не изгорел), па сега уште го прегледувам уредот, симнувам datasheets и гледам распореди на пинови, дека во ГАЦ не ми го даде оригиналниот MOC3023, туку ми даде негова замена K3023P, па сега гледам дали имаат ист распоред на пинови ;).

Споено мислење: [time]04 Јануари 2011, 21:49:05[/time]
Го средив проблемот, некој ладен лем изгледа бил, прелемив се и немаше проблеми ;).

Како и да е, ја измерив отпорноста на кантал жицата од греачот, имаше вредност од 92 оми кога е ладна, дебелината на кантал жицата е 0.2mm (ја измерив со микрометар). Ова се информации доколку некој реши да ја премотува кантал жицата и доколку може да најде кантал жица од 0.2mm (релативно тешко се наоѓа :S).